Економски факултет (reloaded)

  • Креатор на темата Креатор на темата The Mummy
  • Време на започнување Време на започнување
Колеги да не знаете како се запишуваат предметите и семестарот електронски, бидејки нели од денес почнува пријавувањето...??? Кај мене делот кај што пишува Запишување на семестри е неактивен, а во делот кај што пишува Запишување предмети ги нема предметите од летен, туку ми ги дава за запишување предметите од следната година зимски семестар. Дали и кај вас е така??? П.С. Дали е дозволено од студентски да си ја смениме лозинката на електронскиот индекс?
 
Колеги ке може ли повеке информации за предметиве:
1.Ревизија
2.Управувачко сметководство
3. Сметководствени контролни системи
Дали се лесни/тешки,на кои е задолжително да се иде на предавања,за кои требаат оригинал книги да се купат и сл??

Ревизија е интересен, но многу обемен предмет. Како главен предмет на смерот што сте го избрале, пожелно е да се оди на предавања и да се прати професорката, предава класично поддржано со слајдови, и пушта тестови од она што било предавано на час. Тестовите не носат бодови во однос на тоа дали сте решиле точно или не (одговорите ќе ги добиете на крај од предавањето), туку ги собира за да евидентира присуство. Колоквиумите се состојат од прашања Т/Н, повеќекратен избор, отворени прашања и проблем (обемна задача со вметнати недостатоци при вршење ревизија/ користење одреден стандард/ вид на ревизор кој го решава проблемот ... , која носи 20 или 30 бодови, не ме фаќајте за збор). Првиот колоквиум е релативно полесен од вториот. Вежби држи Атанаско, кои се користат за презентации од студентите за повисока оценка. Одвреме навреме се случува да се разгледа и дискутира определен проблем и да се одржат интересни вежби. (Enron Scandal, Lehman Brothers...)

Управувачко сметководство е во летен семестар, тоа е фактички продолжение на книгата management accounting или оние што во втора го учеле како сметководство на трошоци. Изминатава година г-динот Блажо Недев ни се "налути" бидејќи присуството на предавањата беше очајно (од познати причини.. :) ) па и двата колоквиума беа на пишување, 3 задачи и 3 отворени прашања/лекции. Предавањата се катастрофа, професорот нема никаква контрола над студентите и не зборува нешто посебно.. оди по учебник. Препорачувам да се посетуват вежбите, ги држи Марина и многу ќе ви бидат од помош при решавањето.

СКС е нов предмет, кој за првпат го слушаше мојата генерација минатата година. Предавањата ги држат Блажо и Атанаско комбинирано, се учи од фотокопирани материјали бидејќи книгата била во процес на изработка, незнам дали е готова за оваа година. Лесен предмет, колоквиумот е на заокружување плус проблем (пропусти на интерна контрола), но прилично очигледни недостатоци и доста поени се земаат од овој дел. Првиот колоквиум мислам дека беа 75 со 25 бода (шифрарник/проблем), а вториот 60 со 40.
 
Ревизија е интересен, но многу обемен предмет. Како главен предмет на смерот што сте го избрале, пожелно е да се оди на предавања и да се прати професорката, предава класично поддржано со слајдови, и пушта тестови од она што било предавано на час. Тестовите не носат бодови во однос на тоа дали сте решиле точно или не (одговорите ќе ги добиете на крај од предавањето), туку ги собира за да евидентира присуство. Колоквиумите се состојат од прашања Т/Н, повеќекратен избор, отворени прашања и проблем (обемна задача со вметнати недостатоци при вршење ревизија/ користење одреден стандард/ вид на ревизор кој го решава проблемот ... , која носи 20 или 30 бодови, не ме фаќајте за збор). Првиот колоквиум е релативно полесен од вториот. Вежби држи Атанаско, кои се користат за презентации од студентите за повисока оценка. Одвреме навреме се случува да се разгледа и дискутира определен проблем и да се одржат интересни вежби. (Enron Scandal, Lehman Brothers...)
.

Колега Ревизија книгата мора задолжително да се купи, или може и со копија, треба да се носи книга на предавања или вежби?
 
Колега Ревизија книгата мора задолжително да се купи, или може и со копија, треба да се носи книга на предавања или вежби?
Не мора да се купи, всушност додека ние го слушавме предметов во изработка беше новата книга и првиот колоквиум ни праќаше .pdf фајлови на зефир, а излезе комплетната книга по првиот колоквиум. Значи, може и со копија, но книгата е навистина добро и прегледно изработена и скоро сите ја купија.
 
Абе ќе ни земаат арамииве 1100 денари за книжен фонд. :D

Така е колега. Не одраа за се живо и диво. Само си измислуваат некои ставки. Легенди се. Ама ако за нас, кога нашле овци, ќе не шишаат. Кога никој не реагира, така и ќе биде.
 
Така е колега. Не одраа за се живо и диво. Само си измислуваат некои ставки. Легенди се. Ама ако за нас, кога нашле овци, ќе не шишаат. Кога никој не реагира, така и ќе биде.
6000 денари горе долу зависи од кредитите за партиципација, 1100 денари книжен фонд, 500 денари менаџмент, таксени марки.
1726009-shut_up_and_take_my_money_super.jpg
 
Шуклев кај Менаџмент на мал бизнис дава оценка плус за присуство... или само за потпис е списокот?

Англиски 2 кој ќе го предава? Полесно е или потешко од кецот? Задолжително е присуството, дава ли оценка плус ако си присутен, има ли домашни задачки и сл.?

Е фала.
 
Дали има некој материали во врска со интернет маркетинг и маркетинг комуникации,тестови,книги слајдови или било што може да сподели..Ви благодарам однапред :)
 
Линеарно Програмирање имате некои решени примери во електронска форма ?
 
Колеги некој да каже нешто повеќе за Јавни финансии , Монетарна економија и Англиски 2 околу книгите дали треба нови да се или може и фотокопии, и дали мора да се оди на предавања и како се полага на кој принцип? благодарам :D
 
организациско однесуванје и претприемништво лесни изборни предмети се ке мозе некој од поголемите да казе матријалот колкав е дали се бара многу и друго :)
 
Колеги некој да каже нешто повеќе за Јавни финансии , Монетарна економија и Англиски 2 околу книгите дали треба нови да се или може и фотокопии, и дали мора да се оди на предавања и како се полага на кој принцип? благодарам :D

Колега/колешке, книгите може да се фотокопии. Не знам за предавањата, ама сите 3 предмета се учат и од дома. Јавни финансии има и презентации на зефир и пишува кои страни од учебникот треба да се читаат.Полагањето е на заокружување и 2 отворени прашања и на колоквиуми и на цел испит. Монетарна економија од учебникот се учи и на колоквиуми е на заокружување, а на испит е на раскажување 3 лекции. Англиски 2 прашај си - лани беше од учебникот и плус на час што работеле граматика.
 
Помеѓу Менаџмент на мал бизнис и проектен менаџмент што да одберам, бидејќи сум по стара програма изборот е само тој :) ВЕ МОЛАМ ЗА ПОМОШ !
 
Колеги да не знаете како се запишуваат предметите и семестарот електронски, бидејки нели од денес почнува пријавувањето...??? Кај мене делот кај што пишува Запишување на семестри е неактивен, а во делот кај што пишува Запишување предмети ги нема предметите од летен, туку ми ги дава за запишување предметите од следната година зимски семестар. Дали и кај вас е така??? П.С. Дали е дозволено од студентски да си ја смениме лозинката на електронскиот индекс?
Kaj zapisuvanje semestri treba da se klikne na VNESI i ti izleguvaat site predmeti od leten semestar.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom