Економски факултет (reloaded)

  • Креатор на темата Креатор на темата The Mummy
  • Време на започнување Време на започнување
Ако може малку инфо од поискусните, како е на факултетот на деновите за уписи? Кога е најдобро време да се оди, да се избегне гужва во првиот ден? Треба да се дреме уште од рано сабајле, или?
 
планира некој да оди надворешна трговија или слабо ? :D
 
Ако може малку инфо од поискусните, како е на факултетот на деновите за уписи? Кога е најдобро време да се оди, да се избегне гужва во првиот ден? Треба да се дреме уште од рано сабајле, или?

Мислам дека нема да има многу гужва зашто вака ќе се поднесуваат документи.
 
Ако може малку инфо од поискусните, како е на факултетот на деновите за уписи? Кога е најдобро време да се оди, да се избегне гужва во првиот ден? Треба да се дреме уште од рано сабајле, или?

Што порано тоа подобро, нема што да дремиш, си земаш бројче и ќе бидите распоредени според департманот во различни предавални. Ќе одиш во таа на тој кај што сакаш да се запишуваш и ќе чекаш да те повикат (е сеа лани се направија доста збрки со глупите тетки таму што проверуваа електронски па и дека прва година беше со таков упис и имаше некој пад на системот па некои ги немаше а се пријавиле, ма глупости). Ќе те повикат, ќе ги предадеш документите, ќе видат дали се сите комплетни и толку.
 
Јас ќе одам на надворешна трговија. :)
Сите изјави, пријавата и се друго ќе си ги спремам ден претходно и таму само да ги предадам. Најмногу ме плаши тоа што ниту еден познат до сега не се најде што ќе се запишува на овој смер.
 
Најмногу ме плаши тоа што ниту еден познат до сега не се најде што ќе се запишува на овој смер.

Зошто да те плаши? Во прва година и онака ќе бидите измешани, ние бевме маркетинг/надворешна/е-бизнис заедно слушавме предмети.
Сметководство и економија се друга група.
Финансискси менаџмент/Менаџмент се трета група.

Од втора натаки сигурно ќе запознаеш колеги во текот на прва што се на надворешна така да немај мака, само без секиранции а и општо за факултетот бидејќи јас имав доста страв а испадна доста едноставно. :)
 
Ок а на тоа предавањата со толку луѓе се слуша/разбира нешо или слабо?
 
На Е-бизнис има многу предмети што се на англиски во прво можеби е само еден но од втора натаму ги има повеќе, за оние што се интересираа во претходните постови :)
 
Има тука некој од економски што заминал на Work and travel? И како успеал земајќи во предвид дека на лето има пракса? Кој е трикот?
 
Има тука некој од економски што заминал на Work and travel? И како успеал земајќи во предвид дека на лето има пракса? Кој е трикот?
Трикот за праксата е тоа што ќе си земеш само потпис од фирмата без да одиш на пракса и тоа е тоа.
 
Ок а на тоа предавањата со толку луѓе се слуша/разбира нешо или слабо?

Да, некои користат микрофонче некои не, а и нема на сите предавања да има толку народ. Во прва година Основи на економија и Статистика најпосетени беа.
 
Колеги има ли некој што знае што е скратено Претприемништво за на испит или како би изгледале прашањата по Оптимализација?
 
Со 74-75 поени на кој смер може да влезам со државна квота?
Имам план нешто такво да направам, па после у 2 да се префрлам на менаџмент.
И уште едно прашање. Дали би ми ги прифатиле предметите овие од менаџмент ако пред тоа на пример сум учел Економија? И така у прва година сегде се учат истите предмети така :)
 
Пробај надворешна трговија или маркетинг, мислам дека таму примаа лани со понизок просек. А за префрлањево, распрашај се прво, малку е заебано да смениш смер, може ќе биде подобро да одиш со кофинансирање на менаџмент...
 
А може некој со сигурност да ми каже дали ако отидам Економија во државна квота дали ако сменам во втора година смер ќе ме паднат на приватна квота или ќе останам државна?
--- надополнето: 14 август 2013 во 12:47 ---
И колкава е конкурентноста на маркетинг во споредба со економија?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom