ВМРО
Loved By Few, Hated By Many, Respected By All
- Член од
- 12 септември 2005
- Мислења
- 1.863
- Поени од реакции
- 26
поред одделот за анализа и истражување на лондонскиот магазин „Економист“, Македонија ќе стане членка на Европската Унија до 2020 година.
Влијателниот британски весник Македонија ја става во иста група со Турција и земјите од Западниот Балкан - Албанија, Босна и Херцеговина, и Србија и Црна Гора.
Извештајот предвидува дека Хрватска ќе стане членка на ЕУ до 2010 година, само две години откако во неа ќе влезат Бугарија и Романија. „Економист“ предвидува дека ЕУ до 2020 година ќе стане унија на 33 држави.
Причините за бавното проширување на Унијата европските експерти ги гледаат во негативните трендови во европското јавно мислење, проблемите со усвојувањето на Уставот и буџетот на Унијата, но и недоразбирањата околу прашањето за границите на Унијата.
Противниците на проширувањето тврдат дека Унијата пред да продолжи со прием на нови членки мора да се договори до каде се географски и политички се простира Европа.
Евентуална одлука според која членки на Унијата можат да станат и некои од поранешните советски републики, пред се Украина и Молдавија, според нив, дефинитивно би ја закопал основната идеја на Унијата.
Со тоа би победил британскиот концепт за заедница на економски интереси, наспроти цврста политичка творба за која се залагаат Франција и Германија.
Единствен начин Македонија да го избегне балканскиот контекст и да го одржи чекорот со Хрватска и да не направи ниту една грешка.
Тоа особено важи за парламентарните избори, затоа што тоа само ќе им даде дополнителни аргументи на противниците на проширувањето кои се се повеќе, велат извори на А1 во Европската Унија.