Сум бил сведок на таква нееднаквост во средно, кај една професорка и повеќе од очигледно беше дека повеќе сака да комуницира со машки а помалку со женски, пример, ќе прашаше нешто и сите дигаат раце, и таа најчесто прашуваше машки... Сите женски се жалеа на тоа, а поголем дел од машките не го ни забележуваа. Тоа мислам дека беше единствен случај во мојава меморија
Што се однесува до факултетот, од многумина имам слушнато дека
колешките подобро проаѓале. Сум бил на консултации и кај професори и кај професорки и за еден конкретен случај можам слободно да искоментирам дека бев
“жртва“ на таква нееднаквост

Цела недела одев кај еден професор да го прашам една тотално банална работа (зошто ме има два пати листано на список за полагање), и, доколку не беше во канцеларија, или си одеше некаде, или имаше работа... Кога и да го начекав, се немаше време! На крај, на самиот ден на полагање, ме испрати кај асистентот! Кој повторно ме прати кај професорот! Оф мори мајко.
Во приближно истиот тој период, дознав дека на една
колешка и посветил поприлично време (да не кажувам сега поради што и со која цел). И сега, како би го сфатиле ова?
После ова, уште на неколку наврати се повтори случкава со слична содржина, па на крај се решив да се обратам кај другиот професор кој го предава истиот предмет, кој многу ми помогна и кај него положив.
Наспроти ова, постои и парадоксален случај дека еден професор намерно паѓал
колешки за почесто да ги гледал (кога му одат на консултации или слично). Да не коментирам така е или не, кој ќе се најде покомпетентен, нека каже, а и има тема за ова.