- Член од
- 22 февруари 2008
- Мислења
- 1.647
- Поени од реакции
- 45
Единаесетгодишници приведени во полиција поради кршење прозорци
Родителите обвинуваат дека нивните деца биле истрауматизирани
Дванаесет петтоодделенци од Основното училиште „Владо Тасевски” вчера беа „приведени“ во полиција откако искршиле неколку прозорци на фирмата „Ладење“ во скопската населба Козле. Според полицијата, децата враќајќи се од училиште, поминале покрај објектот и со камења фрлиле кон прозорците. Настанот бил забележан од граѓаните што живеат во близина по што пријавиле во полиција. Родителите реагираат дека нивните деца биле непотребно истрауматизирани и без никој да ги извести биле одведени со полициско комбе во станица. Тие велат дека не била каменувана фирма, туку напуштен објект што се наоѓа веднаш над германската амбасада. Според Весна Беловска, чија ќерка се нашла во групата приведени, децата се враќале од училиште, кога минувајќи покрај бараката застанале да си поиграат со кученце. Но, во еден момент некое од децата со камен удрило во прозорците на бараката. Децата се' уште стоеле пред објектот, а наскоро дошло полициско возило и едно служено лице и без ништо да им објасни, ги качило во комбете. Потоа биле однесени во полициската станица во Карпош. Исплашените деца веднаш ги повикале своите родители, кои се гневни бидејќи нивните деца се приведени во полиција како криминалци, а при тоа никој од станицата не ги известил.
„Беспотребно ни ги исплашија децата, избезумени сме оти никој не ни кажа зошто се приведени децата во полиција. За случајот дознавме од едно од децата кое успеало да избега и со плачење дојде дома за да каже што се случило“, вели револтирано Беловска, додавајќи дека од полицијата биле пуштени да си одат дома со децата, но без никакво објаснување за настанот.
Од МВР, пак, тврдат дека децата без никаков повод искршиле излог на фирмата „Ладење“, што им се случувало и претходно, поради што сметале дека треба да биде направен разговор со децата и да им се уочи направениот прекршок. Во полициска станица биле повикани некои од родителите, професорите и директорката на училиштето, кои по еден час разговор беа пуштени дома. (Ј.К.)
Дали е ова начин на постапување со малолетници ? Согласно Законот, полицијата смее да повика малолетник на разговор само во присуство на родител-старател. Дали со ова ќе се зголеми довербата во полицијата ?