Ebay со банка од Македонија?

Член од
9 мај 2005
Мислења
100
Поени од реакции
13
Која банка во Македонија издава картички со кои можеме да купуваме на Ebay и каква точно картичка (електрон, дебитна, виза... не се разбирам) за да си извадам?

При регистрација на Ebay бара да внесеш и броеви од кредитна картичка од која не наплаќа туку само врши верификација во базата во случај да не платиш (а јас планирам да платам со банкарски трансфер).

Фала на сите одговори.
 

Fluffy

Hellraiser
Член од
6 мај 2007
Мислења
1.373
Поени од реакции
16
Не би требало да имаш проблем со било која картица,ама најсигурна ти е Виза или Мастер.А за тоа со банките,треба да провериш.Види на веб ако имаат информација.Само знам дека ако работиш,работодавачот ќе треба да ти потпише некои форми за да ти дадат кредитна.За дебитна не знам.
 
Член од
29 ноември 2005
Мислења
125
Поени од реакции
0
За buyer акаунт не е потребна кредитна картица. Треба само да се регистрираш со ISP е-маил.
 

Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
Друже Corpz, со Мастеркард од Комерцијална или Тутунска неможе да погрешиш. За плаќање, како опција погледни овдека
 
Член од
9 мај 2005
Мислења
100
Поени од реакции
13
Mnogu vi fala na brzite i iskreni odgovori. Kje odam vo Tutunska banka pa kje vi kazham iskustva. Iskreni pozdravi,
 
Член од
9 мај 2005
Мислења
100
Поени од реакции
13
Promina verifikacijata na kartichkata na mojot account na Ebay. Upotrebiv MasterCard of Unibanka (ama pretpostavuvam deka mozhe so sekoja druga MasterCard od bilo koja banka tuka).

Se nadevam deka ova kje bide pomosh nekomu. Stripovite koi gi narachaff (Martin Mystere i Mister No.) mi se vekje na pat :)
 
Член од
4 септември 2007
Мислења
12
Поени од реакции
0
Најбоље ти е да си извадиш интернет картичка од стопанска банка која ќе ти биде поврзана со тековната сметка (нормално исто така од стопанска) и преку е-банкинг ќе си префрлаш пари од тековна на интернет картичката. Добар им е системот на стопанска бидејќи кога купуваш било каде на нет го внесуваш бројот само на интернет картичката и пред да купуваш ќе префрлиш пари од тековната на интернет картичката за да не ти се деси да налеташ на не-secured сајт па да ти отидат парите. Добра заштитна мерка у секој случај.
 
Член од
18 јули 2006
Мислења
34
Поени од реакции
0
Ова интересно звучи... некоја новост од Стопанска Банка? Порано знам утепани беа, никаде не им ги примаа кредитните картици.

@Corpz
Ај честито! Иначе како му плати на продавачот? Преку банкарски трансфер или...?

Претходно исто праевме муабет како да се плаќа на eBay на оваа тема:
http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=15599
 

Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
Стопанска банка уште се утепотљаци... подалеку од нив ако не сакате нервози. Самиот сум незадоволен муштерија, генерација 2000-2003, а и сега слушам дека имаат исти "навики".
 

Kajgana Shop

На врв Bottom