О|ивер シ
Анти.
- Член од
- 14 октомври 2011
- Мислења
- 1.569
- Поени од реакции
- 3.018
Планетарната еколошка акција „Earth Hour” во која се вклучени над 140 земји во светот, се организира денеска по шести пат. Целта на акцијата е од 20.30 до 21.30 часот планетата Земја да потоне во потполна темница.
Единствената зелена партија во Македонија, ДОМ иницираше годинава и Македонија за прв пат да биде ставена на светската мапа на земјите учеснички во оваа акција во која учествуваат над две милијарди луѓе.
За таа цел ДОМ апелира до сите граѓани на Македонија, до институциите на централната и на локалната власт и до сите други организации да се приклучат кон светската акција.
Акцијата и во Македонија, како и во сите други земји ќе се одвива во сабота, 31 март, од 20.30 – 21.30 часот според локалното време.
„Апелираме во тоа време домаќинствата, угостителските и другите деловни објекти самоиницијативно да го исклучат осветлувањето и на тој начин да ја поддржат акцијата“, велат од ДОМ.
ДОМ воедно упати писмо до ЕВН да ја поддржи акцијата со тоа што во наведеното време во координација со локалните власти ќе го исклучи уличното осветлување во Скопје и во другите градови низ Македонија.
Е сеа, ме интересира дали и вие ќе се придружите кон оваа акција ?
Да ? Не ? Образложете зошто .
Извор : Kajgana .