E што е де турбофолкот?

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување
Смрт за Турбофолкери .. да Живеат Металците :pipi:
Со самото ова се прогласи себе си за „Металец“ ??
Металци се луѓе што работат во металургија..
Како и да е постојат луѓе што слушаат метал..
 
Со самото ова се прогласи себе си за „Металец“ ??
Металци се луѓе што работат во металургија..
Како и да е постојат луѓе што слушаат метал..

Абе мртов пијан сум не ми замеравај само цензурирано :cug:
Не сум баш металец, неам дугачка коса и ова она .. :music3:
 
Абе мртов пијан сум не ми замеравај само цензурирано :cug:
Не сум баш металец, неам дугачка коса и ова она .. :music3:

срамота бе така младо и лично дете а пијано :) хахахахахаха

иначе турбо-фолк сакс, а за пиење се знае - староградско или кафанско (турбо-фолкот не е кафанска музика).
 
Јас слушам Рок али сум приметил луѓе кои тврдат дека не поднесуваат турбо-фолк идат по кафани. Ако идат по кафани се знае каква музика се слуша.
 
Јас слушам Рок али сум приметил луѓе кои тврдат дека не поднесуваат турбо-фолк идат по кафани. Ако идат по кафани се знае каква музика се слуша.
Незнам во какви кафани идеш , ама јас во повеќето кафани што идам се слуша изворно македонско..
Македонско Девојче
Јовано Јованке ...
Или сега и тоа е Турбофолк и го пеат плавуши со деколте до колена и цицки трилитарки?
 
еве еден текст кој зборува за турбо фолкот...

Турбо-фолкот не е кич


Скоро бев учесник на неколку дискусии за турбо фолкот [TФ] (сезона на свадби е, па темата се наметна некако, и пред трпеза и овака онлајн), па некаков сумарен муабет од истите: малку е глупаво да критикувате нешто, а да се поставите игнорантски кон самата тема, т.е. да чекорите по работ на стереотипноста и затупеноста тврдејќи дека сте толку „over“ ТФ и подобри од тие што го слушаат.
fiftycentgl5.jpg

Значи неколку аргументи за разбивање на истиот стереотипен муабет против турбо-фолкот (спротивставувањето на ТФ не е спорно, зборуваме за аргументирање на своето противење):

  • турбо-фолкот е само српска варијанта на еден поширок феномен „ПОП-ФОЛКОТ“. Значи не е измислен од северните соседи, туку е како и повеќето нешта, прилагоден регионален или глобален тренд. Грците, Турците, Бугарите, Албанците, Романија и Унгарија имаат свои слични под-жанрови кои комбинираат фолк и етно елементи со модерен поп звук (ритам, денс звук и сл.). Варијантите се различни, формите варираат, концептот е тој.
  • српскиот турбо фолк е успешно извезен во републиките од поранешна СФРЈ (БиХ, Хрватска, Словенија, ЦГ и Макеоднија, а прилично и во Косово и Бугарија) користејќи ги традиционалните врски на музичката и кафеанската индустрија, како и носталгијата на публиката по „светлите Југо денови“.
  • ТФ се прошири и заради навиките на публиката, произлезени од заедничкиот медиумски пазар во времето на СФРЈ, кога беше и зачнат турбо фолкот преку тогашниот југословенски НЕО-ФОЛК или т.н. новокомпонирана музика. Сите се сеќаваме на Супер Снеки, Сузи сл. ѕвезди од „Тесна кожа“, кои не беа турбо-фолкери, но беа неспоредни претходници на турбо-фолкот.
  • ТФ се трансформираше од кафеанска разбибрига во доминантна медиумска музичка „култура“ во ерата на војните во екс-СФРЈ, кога од низа околности се здоби тешки девијации во смисла на хедонизам, вулгарност и рудиментарност. Од самиот тој контекст произлезе неговата инструментализација за тоа да биде „опиум за народот во време на војни, блокади, санкции, и криминализација на општествата од регионот. Постојат и ориентални корени на ваквата „култура“ се разбира, но во умерена мера.
  • Мојата интерпретација на кичот (бледо копирање и симулирање на уметност) не ми се согласува со ставот дека „ТФ е кич“. ТФ нема никаква интенција да биде уметност, да задоволува естетски критериуми и потреби. ТФ е надвор или подолу и од кичот, Како што порничите не претендираат некој да ги номинира за Оскар, така и ТФ не претендира кон уметност, така што формулирањето дека ТФ е кич е несоодветна фраза (се работи за типична непертинентна формулација, како да кажеш јаболкото е водоземец).
  • Автор на самиот термин ТФ, беспоговорно е Рамбо Амадеус, кој како што вели на „спрдачина“ го лансирал истиот. Неговиот прототипичен ТФ пародиран хит е „Vanzemaljac“. Прва ТФ нумера, според мене, е „“ на Џеј Рамадановски, инаку у саунд-трак на „Hajde da se volimo 1“ (па вие пресметајте која година му доаѓа тоа, средина на 80-те) сос Лепа Брена.
извор
 
секој си има своја ориентација за музика...има различни мислења то никој не можи да смени...пример јас и да некам да слушам турбо морам пошо свирам па од то ке печалам некој ден...а то шо не ми смета ТФ то е др..ама едно не ми е јасно...рапери металци сите шо се прат нешо посебно...на многу забави од нивна страна имам присуствувано ке си почнат со својата музика нормално..ама кога веке ке се испијанат бараат Миле Китич...Тома Здравкович и не знам кој други и на таа музика повеке гледам дека се развеселуваат од колку таа за која се определиле...ако веке се за нешто определени зошто не си продолжат со истото како турбо фолкерите шо го прат то....и не знам зошто така зборате за нив ко да се од марс паднати...
 
Незнам во какви кафани идеш , ама јас во повеќето кафани што идам се слуша изворно македонско..
Македонско Девојче
Јовано Јованке ...
Или сега и тоа е Турбофолк и го пеат плавуши со деколте до колена и цицки трилитарки?
Ми го зеде зборот Блајнд. И јас не слушам турбофолк, ама понекогаш одам во кафани и ги слушам македонските народни песни. Нема веројатно да частам за некој медал со певачица на маса која ми урла за никотини, ѕидови, аспирини, направи ми сина и што не.
Секој со својот вкус, мада имам забележано дека повеќето луѓе денес што велат дека мразат турбофолк а се нарекуваат металци/трансери/рапери, на нивните плејлисти ги имаат само Сека, ЈК, Цеца и обратното се случува со металците/трансерите/раперите.:smir:
 
металци сите шо се прат нешо посебно...на многу забави од нивна страна имам присуствувано ке си почнат со својата музика нормално..ама кога веке ке се испијанат бараат Миле Китич

Тие не се прави металци !
 
Тие не се прави металци !

јас мислам дека сите сме исти...дека тоа е само еден вид маска на луѓето можеби како помали тоа му се допаѓало па ко ке порастат инаку ке сватат но пусти срам од друштвото да не ги исмеваат....па ко ке се испијанат си ја ослободуваат душата..всушност исти се сите...:smir:
 
дефинитивно не е музика тоа....
 
Грција не е причината поради која не сме во НАТО и ЕУ, турбофокот е :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom