Две крави

  • Креатор на темата Креатор на темата Јован
  • Време на започнување Време на започнување

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
266
Неможев да најдам дал има тема за ова...

Еве го тоа старото шо го знаев јас...

Христијан-демократ: Имаш две крави. Ја задржуваш едната, а другата ја даваш на твојот сосед.

Социјалист: Имаш две крави. Владата ти зема една и му ја дава на твојот сосед.

Американски републиканец: Имаш две крави. Твојот сосед нема ниедна. Па што?

Американски демократ: Имаш две крави. Твојот сосед нема ниедна. Ти се чувствуваш виновен за тоа што си успешен. Гласаш за да дојдат на власт луѓе кои ќе воведат даноци за твоите крави, со што те тераат да ја продадеш едната крава за да собереш пари и да го платиш данокот. Луѓето за кои си гласал ги употребуваат парите од данокот и му купуваат крава на соседот. Ти се чувствуваш праведно.

Комунист: Имаш две крави. Владата ти ги зема двете и ти дава млеко.

Фашист: Имаш две крави. Владата ти ги зема двете и ти го продава млекото. Ти се приклучуваш кон подземјето и почнуваш да вршиш саботажи.

Демократ, американски стил: Имаш две крави. Владата те оданочува до степен додека не си принуден да ги продадеш двете, за да можеш да го издржуваш некој човек од некоја странска држава, кој има само една крава, која е подарок од твојата влада.

Капиталист, американски стил: Имаш две крави. Ја продаваш едната, купуваш бик и градиш стадо од крави.

Бирократ, американски стил: Имаш две крави. Владата ти ги зема двете, ја убива едната, ја молзе другата, ти плаќа за млекото, а потоа го истура млекото по улици.

Американска корпорација: Имаш две крави. Продаваш една, а другата ја тераш да произведува млеко за четири крави. Се изненадуваш зошто кравата ти умира.

Француска корпорација: Имаш две крави. Излегуваш на штрајк, затоа што сакаш да имаш три крави.

Јапонска корпорација: Имаш две крави. Ги редизајнираш да бидат десет пати помали од нормалните крави и да произведуваат дваесет пати повеќе млеко. Потоа креираш успешен цртан филм со крави, Кравкимон и го дистрибуираш низ цел свет.

Германска корпорација: Имаш две крави. Твоите инжинери ги преработуваат така што ќе живеат сто години, ќе јадат еднаш месечно и ќе се молзат сами.

Британска корпорација: Имаш две крави. Тие се луди. Умираат.

Италијанска корпорација: Имаш две крави. Не знаеш каде ти се. Правиш пауза за ручек.

Руска корпорација: Имаш две крави. Ги броиш и наоѓаш дека имаш пет крави. Повторно ги броиш и наоѓаш дека имаш 42 крави. Повторно ги броиш и наоѓаш дека имаш 12 крави. Прекинуваш да броиш крави и отвораш ново шише со водка.

Швајцарска корпорација: Имаш 5 илјади крави, но ниедна не ти припаѓа тебе. Им наплаќаш на другите за тоа што ги чуваат кај тебе.

Бразилска корпорација: Имаш две крави. Влегуваш во партнерство со американска корпорација. Наскоро имаш илјада крави, а американската корпорација банкротира.

Индиска корпорација: Имаш две крави. Ги обожуваш и двете.

Кинеска корпорација: Имаш две крави. Имаш 300 луѓе кои ги молзат. Тврдиш дека имаш 100% вработеност, дека имаш високо производство и го апсиш новинарот кој направил репортажа за нив.

Израелска корпорација: Си биле две еврејски крави. Си отвориле фабрика за млеко, слаткарница за сладолед и продаваат авторски права за филмови. Ги испраќаат своите телиња на Харвард за да докторираат таму. Па, на кого му се потребни луѓе?

Велшка корпорација: Имаш две крави. Таа што стои лево изгледа многу слатко.

Македонска корпорација: Имаш две крави. Ги продаваш речиси за ништо и одиш да живееш во град.

Еве нови поврзани со поновата македонска историја... :icon_lol:

Кировизам: Ти ги зема кравите и ги става во оаза на мирот на еквидистанца една од друга.


Бранковизам 1: Доаѓа и ти ги гази кравите со шлепер. Потоа го обвинува октоподот дека он ти ги изгазил.


Љубчовизам: Им дава бугарски пасоши на кравите и потоа ги продава на Грците.


Бранковизам 2: Доаѓа и ти вели дека треба да му дадеш тој да се грижи за кравите затоа што е тој Државник.


Харикостовизам: Ти ги зема кравите и му ги рента на Штерјо за да он ги молзе.


Бучковизам: Доаѓа и ти продава стари ѕвона за кравите.


Ѕинговизам: Ти ги зема кравите и ти дава бонови.


Рамковизам: Доаѓа, ти ги откупува кравите, не ти исплаќа и потоа ти продава суџук и паштети од кравите.


Грујовизам: Доаѓа ти лепи реклами на кравите („Молзете македонски крави“), ти забранува да ги молзеш надвор од штала и те оданочува ако кравите не родат по три телиња.


Тачизам: Доаѓа и им прави касапана на кравите.

Али Ахметизам: им реже букви А А на грбовите на кравите со нож, а тебе те пука без образложение.


Тито Петковизам: ти подметнува кравари со фалсификувани дипломи.


Амди Бајрамизам: ти го зголемува производството на млеко за 102.5%.


Фрчковизам: едната крава ти ја убива со автомобил бомба, а другата ти ја тепа на паркинг.


Стојан Андовизам: кравите ги прогласува за „човеци“.


===================================================

се изнасмеав посебно на овие новиве... :pos:
 
Мислам дека ги имам читано тие постарите што се, ама сепак добри се :)
Мy favorite:

Фашист:
Имаш две крави. Владата ти ги зема двете и ти го продава млекото. Ти се приклучуваш кон подземјето и почнуваш да вршиш саботажи.

Британска корпорација: Имаш две крави. Тие се луди. Умираат.

Стојан Андовизам: кравите ги прогласува за „човеци“.
 
Освен новите, другите ги знаев.Најјаки се последните 2:)
 
:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
сум се згазил од смеа.
браос.

Фрчковизам: едната крава ти ја убива со автомобил бомба, а другата ти ја тепа на паркинг.

Али Ахметизам: им реже букви А А на грбовите на кравите со нож, а тебе те пука без образложение.

најзакон.
 
:pos2::pos2::pos2:
овие за политичарите се закон
 
Мои фаворити:

Амди Бајрамизам: ти го зголемува производството на млеко за 102.5%.

Грујовизам: Доаѓа ти лепи реклами на кравите („Молзете македонски крави“), ти забранува да ги молзеш надвор од штала и те оданочува ако кравите не родат по три телиња.

Али Ахметизам: им реже букви А А на грбовите на кравите со нож, а тебе те пука без образложение.:pos:

Германска корпорација: Имаш две крави. Твоите инжинери ги преработуваат така што ќе живеат сто години, ќе јадат еднаш месечно и ќе се молзат сами.:pos:
 
Браво секоја чест :) баш поштено се изнасмејаф :vozbud:
 
Грцизам : Имаш две крави . Двете се транвеститки. Тоа што го молзеш НЕ е млеко!
 
Канибализам - Имаш две крави. Имаш два соседа. Едната ја полниш со динамит и му ја праќаш на едниот, другата ја катапултираш на другиот. Ти немаш што да јадеш...:)
 
Неможев да најдам дал има тема за ова...

Еве го тоа старото шо го знаев јас...

Христијан-демократ: Имаш две крави. Ја задржуваш едната, а другата ја даваш на твојот сосед.

Социјалист: Имаш две крави. Владата ти зема една и му ја дава на твојот сосед.

Американски републиканец: Имаш две крави. Твојот сосед нема ниедна. Па што?

Американски демократ: Имаш две крави. Твојот сосед нема ниедна. Ти се чувствуваш виновен за тоа што си успешен. Гласаш за да дојдат на власт луѓе кои ќе воведат даноци за твоите крави, со што те тераат да ја продадеш едната крава за да собереш пари и да го платиш данокот. Луѓето за кои си гласал ги употребуваат парите од данокот и му купуваат крава на соседот. Ти се чувствуваш праведно.

Комунист: Имаш две крави. Владата ти ги зема двете и ти дава млеко.

Фашист: Имаш две крави. Владата ти ги зема двете и ти го продава млекото. Ти се приклучуваш кон подземјето и почнуваш да вршиш саботажи.

Демократ, американски стил: Имаш две крави. Владата те оданочува до степен додека не си принуден да ги продадеш двете, за да можеш да го издржуваш некој човек од некоја странска држава, кој има само една крава, која е подарок од твојата влада.

Капиталист, американски стил: Имаш две крави. Ја продаваш едната, купуваш бик и градиш стадо од крави.

Бирократ, американски стил: Имаш две крави. Владата ти ги зема двете, ја убива едната, ја молзе другата, ти плаќа за млекото, а потоа го истура млекото по улици.

Американска корпорација: Имаш две крави. Продаваш една, а другата ја тераш да произведува млеко за четири крави. Се изненадуваш зошто кравата ти умира.

Француска корпорација: Имаш две крави. Излегуваш на штрајк, затоа што сакаш да имаш три крави.

Јапонска корпорација: Имаш две крави. Ги редизајнираш да бидат десет пати помали од нормалните крави и да произведуваат дваесет пати повеќе млеко. Потоа креираш успешен цртан филм со крави, Кравкимон и го дистрибуираш низ цел свет.

Германска корпорација: Имаш две крави. Твоите инжинери ги преработуваат така што ќе живеат сто години, ќе јадат еднаш месечно и ќе се молзат сами.

Британска корпорација: Имаш две крави. Тие се луди. Умираат.

Италијанска корпорација: Имаш две крави. Не знаеш каде ти се. Правиш пауза за ручек.

Руска корпорација: Имаш две крави. Ги броиш и наоѓаш дека имаш пет крави. Повторно ги броиш и наоѓаш дека имаш 42 крави. Повторно ги броиш и наоѓаш дека имаш 12 крави. Прекинуваш да броиш крави и отвораш ново шише со водка.

Швајцарска корпорација: Имаш 5 илјади крави, но ниедна не ти припаѓа тебе. Им наплаќаш на другите за тоа што ги чуваат кај тебе.

Бразилска корпорација: Имаш две крави. Влегуваш во партнерство со американска корпорација. Наскоро имаш илјада крави, а американската корпорација банкротира.

Индиска корпорација: Имаш две крави. Ги обожуваш и двете.

Кинеска корпорација: Имаш две крави. Имаш 300 луѓе кои ги молзат. Тврдиш дека имаш 100% вработеност, дека имаш високо производство и го апсиш новинарот кој направил репортажа за нив.

Израелска корпорација: Си биле две еврејски крави. Си отвориле фабрика за млеко, слаткарница за сладолед и продаваат авторски права за филмови. Ги испраќаат своите телиња на Харвард за да докторираат таму. Па, на кого му се потребни луѓе?

Велшка корпорација: Имаш две крави. Таа што стои лево изгледа многу слатко.

Македонска корпорација: Имаш две крави. Ги продаваш речиси за ништо и одиш да живееш во град.

Еве нови поврзани со поновата македонска историја... :icon_lol:

Кировизам: Ти ги зема кравите и ги става во оаза на мирот на еквидистанца една од друга.


Бранковизам 1: Доаѓа и ти ги гази кравите со шлепер. Потоа го обвинува октоподот дека он ти ги изгазил.


Љубчовизам: Им дава бугарски пасоши на кравите и потоа ги продава на Грците.


Бранковизам 2: Доаѓа и ти вели дека треба да му дадеш тој да се грижи за кравите затоа што е тој Државник.


Харикостовизам: Ти ги зема кравите и му ги рента на Штерјо за да он ги молзе.


Бучковизам: Доаѓа и ти продава стари ѕвона за кравите.


Ѕинговизам: Ти ги зема кравите и ти дава бонови.


Рамковизам: Доаѓа, ти ги откупува кравите, не ти исплаќа и потоа ти продава суџук и паштети од кравите.


Грујовизам: Доаѓа ти лепи реклами на кравите („Молзете македонски крави“), ти забранува да ги молзеш надвор од штала и те оданочува ако кравите не родат по три телиња.


Тачизам: Доаѓа и им прави касапана на кравите.

Али Ахметизам: им реже букви А А на грбовите на кравите со нож, а тебе те пука без образложение.


Тито Петковизам: ти подметнува кравари со фалсификувани дипломи.


Амди Бајрамизам: ти го зголемува производството на млеко за 102.5%.


Фрчковизам: едната крава ти ја убива со автомобил бомба, а другата ти ја тепа на паркинг.


Стојан Андовизам: кравите ги прогласува за „човеци“.


===================================================

се изнасмеав посебно на овие новиве... :pos:

Хахахахахахахахахахахахахахахахахахаха!!!!!!!Леле Јоване ти ако си нормален јас се фрлам од 6-ти спрат!!!!!!Леле неможам ваздух да земам!!!!!Да не пукнеш си ме изнасмеал до смрт!!!!Посебно со овие што ги потенцирав!!!!!!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom