Многу често се случува да се сретне "дух" на фотографија. Само тоа не е онака во матријализирана форма...
Прегледај го приврзокот 106220 Прегледај го приврзокот 106221
Овие орбови на сликите се всушност дух, душа поточно една топка свест. Душата може да се матријализира и во физички изглед или пак само да остане онака во форма на топка. Начесто орбови се фотографираат покрај гробови, покрај стари куќи итн. Побарај ја емисијата "Na rubu znanosti" епизодата каде се зборува за светлечки тела и орбови прекрасно е се објаснето. Овие работи можат да се гледаат и со голо око само треба многу вежбање или пак дарба вродена. Ако те интересира вакви разговори слободно ке се муабетиме овие тролачиве нека се прават паљачовци ич не се замарај.
Другар, кажи му на тој гостинот во "Na rubu znanosti" да си ги напика во газ теориите негови, пошто не се тоа ни духови, ни топки свест, ни божји муда.
Тоа е обична ретрорефлексија на светлината (од блицот), која се одбива од честичките (прашина и сл.), снегот, дождот, кои се наоѓаат на и блиску леќата на фотоапаратот. Овој "паранормален" ефект најлесно може да се постигне ноќно време, додека врне снег, со помош на дигитален фотоапарат со блиц.
Зарем не си видел слика сликана ноќно време, во зима, додека врне снег!?
Башка неможе да е случајност тоа што највеке ги има пограј гробишта, покрај свети места и објекти.
Тие теоретичарите на заговор што ти го перат мозокот, се луѓе кои живеат во светот на бајките. Фасцинирани се од паранормалното, и полека со тек на време почнуваат да забегуваат со паметот. Ќе направат сè за да те убедат дека тоа се духови снимени покрај гробишта.
Претпоставувам немаш повеќе од 15-16 години, знам дека и ти си фасциниран од овие работи, но издржи, не го губи разумот. Кога ќе го изгубиш разумот, не орбови... ќе почнеш духови да гледаш кај што возат точаци на едно тркало.
Не те тролам, ова ти го кажувам најискрено, бидејќи си мал и сеуште си во развој. Некогаш реагирам поостро на вакви теми, но тоа е бидејќи секојдневно среќавам тешки пациенти, и више преку колено ми се дојдени.
Пробај малку критички да се поставиш кон некои работи. Не припишувај сè на паранормалното, не е светот таков каков што си го замислуваш.