superstarpizza
Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
ВО НЕВРЕМЕТО НАЈПОГОДЕНИ РАДОВИШ, КОНЧЕ И ПРИЛЕП
Силно невреме со пороен дожд попладнево зафати поголем дел од територијата на Македонија. Најголеми штети има во Радовиш, Конче и Прилеп, но погодени се речиси сите општини.
Силниот ветер урна 20-метарска лимена покривна конструкција на зграда во центарот на Прилеп и оштети дел од покривот на основното училиште „Рампо Левката“. Повредени нема, но под урнатиот покрив останаа пет возила.
Ветерот со брзина 90 до 100 километри на час проследен со дожд, без снабдување со електрична енергија ги остави селата во прилепскиот дел на Мариово. Предизвикани се дефекти на 10-киловолтен и 35-киловолтен далновод. Во градот Прилеп не се предизвикани големи оштетувања на елетромрежата.
Невремето го урна мостот на влезот на Радовиш, кај бензинската пумпа „Макпетрол“. Поради надојдена вода се удавила 81-годишна старица во приземје на куќата каде што живеела, потврди полицијата. Противпожарната екипа на Радовиш спасила и човек кој почнал да се дави во надојдената Радовишка Река. Поради поројниот дожд, надојдени се сите реки и поплавени се повеќе улици во Радовиш. Поплавен е и конфекцискиот комбинат „Штипјанка“ во градот, каде што биле заробени, а подоцна евакуирани околу 150 работници.
Како што соопшти Центарот за управување со кризи, поради силниот ветер проследен со врнежи од град без напојување со електрична енергија се сите населени места во општина Конче. Повеќе покривни конструкции се однесени од ветрот, а во прекин се и телефонските линии. Во селото Дедино во таа општина едно лице исчезнало, но засега не е познато дали причина е невремето.
Бурното невреме предизвика краток прекин во напојувањето со електрична енергија поради искинати жици и паднати столбови и во неколку населени места во општините Струмица и Василево. Регистрирани се оштетувања и на мрежите на кабелските оператори поради што во најголем дел од подрачјето има прекин на националните и локалните телевизии. Поплавени се дел од подрумските простории на неколку десетици куќи и згради.
Портпаролот на ЦУК Мишко Талески информираше дека на теренот се екипи на територијалните противпожарни единици на Струмица и Радовиш, како и екипа на Дирекцијата за заштита и спасување од Радовиш. Материјалните штети од невремето во овие општини дополнително ќе бидат утврдени.
Сообраќајот на патниот правец Демир Капија - Неготино е нормализиран, а сообраќајот на влезот од Радовиш се одвива отежнато поради наносите од кал на коловозот, соопшти Диспечерскиот центар на јавното претпрјатие „Македонија пат“. Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ ги расчистуваат коловозите од преостанатите одрони и наноси. Оттаму предупредуваат дека поради лошите временски услови можни се одрони по клисурите.
Најмногу дожд денеска наврнало во Виница - 58 литри на метар квадратен за многу кратко време. Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи, во Демир Капија наврнале 41 литар дожд на метар квадратен, во Крива Паланка 25, во Берово 21, во Битола 20, во Прилеп 16, во Пожаране и Штип 14, Гевгелија 13, Струмица 11, во Скопје осум и во Охрид пет литри на метар квадратен. Ветерот дувал со брзина од 80 до сто километри на час.
Според УХМР, времето утре ќе се стабилизира. Ќе има намалување на облачноста и врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен јужен ветер.
ЦУК - ПРЕКИН НА СТРУЈАТА И НА ТЕЛЕФОНСКИТЕ ЛИНИИ ВО КОНЧЕ И РАДОВИШ
Сите населени места во општина Конче се без напојување со електрична енергија поради силниот ветер проследен со врнежи од град. Повеќе покривни конструкции се однесени од ветрот, а во прекин се и телефонските линии.
Портпаролот на Центарот за управување со кризи Мишко Талевски информираше дека во селото Дедино во општината Конче едно лице се води за исчезнато, но засега не се познати причините.
Покрај општина Конче и во општина Радовиш има прекини во напојувањето со струја, но екипи работат на теренот и најавуваат скорешно отстранување на проблемите.
Поради поројниот дожд, надојдени се сите реки и поплавени се повеќе улици во Радовиш. Поплавен е конфекцискиот комбинат „Штипјанка“ во градот, каде што биле заробени, а подоцна евакуирани околу 150 работници.
Талевски рече дека на теренот се екипи на територијалните противпожарни единици на Струмица и Радовиш, како и екипа на Дирекцијата за заштита и спасување од Радовиш. Материјалните штети од невремето дополнително ќе бидат утврдени.
УХМР - НАЈМНОГУ ДОЖД НАВРНА ВО ВИНИЦА, УТРЕ ВРЕМЕТО ЌЕ СЕ СТАБИЛИЗИРА
Во невремето што денеска ја зафати Македонија најмногу дожд наврнало во Виница - 58 литри на метар квадратен за многу кратко време.
Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи, во Демир Капија наврнале 41 литар дожд на метар квадратен, во Крива Паланка 25, во Берово 21, во Битола 20, во Прилеп 16, во Пожаране и Штип 14, Гевгелија 13, Струмица 11, во Скопје осум и во Охрид пет литри на метар квадратен. Ветерот дувал со брзина од 80 до сто километри на час.

НЕВРЕМЕТО УРНА МОСТ ВО РАДОВИШ, СТАРИЦА УДАВЕНА ОД НАДОЈДЕНА ВОДА ВО НЕЈЗИНИОТ ДОМ
На Радовиш вечерва му се случи елементарна непогода. Срушен е мостот на влезот на Радовиш, а во моментов механизации ги рачистуваат влезовите на мостот кај бензинската пумпа „Макпетрол“.
Полицијата потврди дека во невремето се удавила 81-годишна старица во приземје на куќата каде што живеела. Противпожарната екипа на Радовиш спасила и човек кој почнал да се дави во надојдената Радовишка Река.
СИЛНО НЕВРЕМЕ И ВО СТРУМИЧКО
Бурно невреме проследено со пороен дожд и силен ветер попладнево го зафати и струмичкиот регион. Делови од градот и неколку населени места во општините Струмица и Василево имаа краток прекин во напојувањето со електрична енергија поради искинати жици и паднати столбови, но со брза интервенција на дежурната екипа на ЕВН дефектите беа брзо отстранети.
Регистрирани се оштетувања и на мрежите на кабелските оператори поради што во најголем дел од подрачјето има прекин на националните и локалните телевизии.
Според информациите од Центарот за управување со кризи, поплавени се дел од подрумските простории на неколку десетици куќи и згради. Нема податоци за евентуални штети на пластичните фолии и површините под оранжерии во кои се одгледуваат есенски домати, краставици, пиперки и друг зеленчук.
http://www.sitel.com.mk/default.asp?ItemID=DB4AB21557DC484496982F491B6AAAEB