Државните универзитети, една голема мафија

Ама убаво рече и Леандра. Има студенти на кои тоа им одговара, не му се фаќа книга, а сака диплома. И не се малкумина тие.
Корумпиран е и тој што дава, и тој што зема. Казни и за двајцата, а не ,,професорот ми бараше,, ..

Одговорноста секогаш лежи на страна на професорот. Тој е оној кој воспитува, и кој со своето дејствување треба да влијае на студентите. Само еднаш нека каже пред цела група и пред студентот кој понудил мито дека тоа се случило, ќе нема потреба он никакви понатамошни акции.

За жал, живееме во општество кое се состои од полтрони, кои одгледуваат деца полтрони, и кои деца се воспитуваат од други полтрони. Еден магичен круг од кој никогаш нема да излеземе. Децата на оние кои гледаат Пинк телевизија, исто гледаат Пинк телевизија...
 
Јас сом професор од САД (Auburn University, Alabama), имав прилика да предавам на три факултети во Македонија. Од мое лично искуство можам да кажам дека на високото образование во Македонија не му ни доликува да се нарекува “високо“ образование. Професорите се преправаат дека предаваат, студентите се преправаат дека учат, и на крајот на семестарот и тие и другите задоволни. За сите недостатоци виновни се сите, али секој ја префрлува вината од еден на друг.

Виновни се и родителите, и професорите и студентите. На родителите најважно им е синот или ќерката после 4-5 години да донесат дома парче хартија. Не им е важно што научиле. А за работа, ќе бараме врски. Еднаш ме запре една новинарка да ме праша за мое милење за некоја тема, па ме праша каде работам, и веднаш ми побара визит карта во случај да не има потреба.

Студентот гледа само да протурка испит некако, било со мито, било со препишување. Имав група од десет постдипломци, и сите до еден ги имаа препишано семинарските работи од интерент. За тоа во Америка ги тераат од факултет и прекршокот им стои во досието за секогаш.

Најповеќе сум разочаран од професорите. Немаат ни грам почит кон нивната професија. Препишуваат трудови почесто него студентите. Односот према студентите е базиран на страв. Професорот ужива кога ќе види студент да се тресе од страв во канцеларија. Мислат дека колку повеќе сеат страв, толку повеќе ќе бидат почитувани од студентите. Не знам, можеби е така. Треба да ви е јасно дека професорите така се понашат само бидејќи и студентите, и родителите, и државата така им дозволуваат. Ако сакате да го смените нивното понашање, то можите да го направите само вие и родителите. Не очекувајте поткрепа од државата.

Начинот на оценување на знаењето на студентите е базиран на германски систем од деветнајстиот век. Најмногу им прилагодува на професорите, и затоа тие немат намера да го сменат. Ќе те падни само по своја волја, без разлика на твоето знаење на материјалот. Имав една стредовечна студентка на еден од факултетите. Првин се запишала пред 20 години. Едн од професорите се замерил со татко и за нешто. Ја паднал на испит 29 пати, и на крај и рекол дека ќе положи само одкако тој или ќе се пензионира или ќе почини. Женската си се отпишала од факултет да не губи време.

Кога читам дека некој професор бил фатен на дело како прима мито, или бара односи со женска, ме чуди зошто другиот ден нема собрано десет илјади студенти и родители да демонстрираат пред ректоратот и пред канцеларијата на професорот? Или зошто студентите продолжуваат да ги слушаат неговите предавања? Се прашувам, али одговорот веќе го знам. Тотално сум убеден дека ако има потреба да се смени системот на високото образование во Македонија, тоа можат да го сторат само студентите, затоа што на сите други им пасува онака како што си е. Али, вие уште не можите да направите промени бидејќи за жал уште немате створено вистинска свест на вистинска демократија, не само во политиката, немате створено свест дека навистина можите да успеете во она што го сакате, и немате створено свест дека навистина сте способни да правите промени. Гледате вести, гледате што се случува во арапските земји. Млади како вас соборуваат од власт претседатели, диктатоти, па и цели влади, а вие му се поклонувате но професори митаџии, силиџии, и што не друго.

Не сакам да ме сватите погрешно. Ова што го кажувам не важи за сите студенти, професори и родители. Али важи са повеќето од нив.
 
Додека студентите не застанат зад своите права ќе биде ваква ситуацијата.

Студентски протести од голем обем се најефективниот начин на замена на таквиот систем, односно на донесување на промени кои ќе го подобрат квалитетот и работата на универзитетите.

Во денешно време ваквите студентски протести се придушени од стравот дека тоа можеби некако ќе влијае врз нивниот развој и личен живот, но тоа не е така во ниеден случај. Доколку хипотетички гледано се организира масовен студентски протест и има обиди тоа се да биде заташкано и заборавено нема да успее од проста причина што протести од таков ранг привлекуваат многу медиуми и се подржувани од разни невладини организации и синдикат.

Промените се неизбежни, проблемот е тоа се да биде покренато и помогнато финансиски.
 
Имаше еден тип од Педагошки, си натепа 200.000 евра и сега е во странство неможат да го најдат. :D
Не е професор BTW.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom