Друштвото од детството

  • Креатор на темата Креатор на темата Јован
  • Време на започнување Време на започнување
Секогаш ми се погаѓале некои лејм фаци да ми бидат другарки, не вредат за ништо. Онака...буквално за ништо.
Имам уште познаници од градинка, од маало, од основно, ама поише од едно „Здраво, шо праиш, шо има ново(не дека ме интересира или ја интересира од куртоазија)“ немам. Ќе договориме кафе шо никад нема да се деси и тоа е тоа.
Дали ми фалат? Би рекла не.
Сега имам луѓе што ми го пополнуваат времето и имаат способност to keep me busy, па се занимавам со нив. Еве, 3 фаци на кои можам да им верувам и кои можат да ми веруваат. Блиска сум со нив и одржавам контакт, пошо ете, сметам дека тие три фаци вредат и не треба да се испуштат <3
Овие тројца ако ги снема, да, ќе ми фалат и да, ќе се каам ако се сретнам со нив на улица и муабетот ни се сведе на „Еееј шо праиш брат, од коа те неам видено, ај на кафе некад!“ „Ајде ајде, ќе се договориме!“ „Ај ти иам фејсбук“ „Да да, ајде...“ И кафето никад не се дешава.
 
Друштвото од детството...минато. Веќе не постои. Со кого и да се сретнам од нив само едно „Здраво, шо праиш...Ново нешто?“ (ко да толку ги интересира што има ново). Претпоставувам дека никогаш нема да пораснат. Поминавме добри моменти заедно, ама тоа помина. Сега кој е на факултет, кој уште се мафта со средно, кој на работа...
 
Друштвото од детството...засекогаш.Тоа сме ние,старата школа,неколку големи момци-прави другари.Новите познанства ми се океј,ама како старата екипа нема нигде,а и никогаш нема да најдам.Живееме во исто мало,раздалечени секој од секој на 10-20 метри.И покрај тоа што не се гледаме толку често,секој си има свој пат во животот,ама секогаш имам време за нив. Такво друштво нема да најдам никогаш!
 
Ееееееее, другарите од детсвото, кои глупости ги поминавме ... Бандата се мењаше, но горе доле основата остана иста и до ден денес ... :)
 
Секој ден сум со истото друштво од забавиште, значи веќе 11 години. Доста сум поврзан и со друштвото од средно, ама како старата екипа нема никогаш да најдам !(y) Секој си е своја прича..
 
Најблиските ги стекнав и ми останаа од основно и плус уште некоја :cool: фаца од средно. Факсот сега малце не расцепка, малце повеќе .. Но сржта и основата остана. We're hanging on .. ;)
 
Со малку изменети карактери, кој разочаран кој задоволен, некој подзатворен, некој со доза на љубомора...но сепак тие се моето второ big happy family, секогаш тука кога ќе згусне, но и кога треба заедно да се прослават среќните моменти :)
 
Друштвото од детството....:D
Пораснав (и сеуште живеам) во најмалата населба во Скопјево (бар мислам дека е најмала), па како помал и немав некој огромен избор за држба.
Пошто немаше доволно луѓе од една возраст, се дружевме сите заедно. Во друштвото од детството имаше и некои кои беа 2 години поголеми од мене, а најмалите беа дури и по 5-6 години помали...:D
Правевме една целина, огромно друштво од 15-тина деца :)
Некои од нив учеа заедно и во основно, ама мене ме имаа запишано во основно училиште во кое немаше никој од моја населба, па затоа скоро со никој од основно не сум останал во контакт.
Од основно ми беше првото друштво со кое почнавме да искачаме во град, ама после тоа секој по свои патишта. Се испозапишавме во различни средни, се дружевме уште едно полугодие, заедно славевме нова година, и после тоа се заборавивме.
Чат-пат се гледавме некаде низ градов и се останувало само на сеќавања од основно, муабети како треба да се собереме еднаш сите, ама ништо од тоа...
Двајца од моите најдобри другари од основно мислам дека сеуште се дружат.
Друштвото од маало со кое растев, и да сакам неможам никогаш да го изгубам.
Сите сме сеуште тука. Мило ми е што скоро сите сеуште се дружат, заедно искачаат а има и еден пар кои се заедно веќе 6 години:) (се фатија кога дсругаров беше осмо, а другаркава втора средно).
Со сите сеуште правам муабет, знам и да излезам со нив низ маало преку недела, се собираме и за разни прослави и така.
Дел од нив станаа и Комити па заедно идеме на утакмици:)
Е моето сегашно друштво го стекнав негде трета година средно.
Сите ми се истотака другари од населба, само што како помали не се имавме дружено (со исклучок на двајца:)).
Е сега нормално во некои периоди сум поблизок со различни луѓе од друштвово :)
Тука спаѓаат и неколку другарки од блиска населба кои ги запознав пред едно 5-6 години:)
Криво ми е само што многу се оддалечив со еден од другарите со кои се дружев од детството. Кога почнав со средно он ми беше најблизок. Што се сме поминале заедно ехееееее
Ама после тоа, средно ово-оно, женски, па он не запиша факс туку почна со работа и сега сме само на минимален контакт :(
Во средно истотака не правев некои големи дружења со тие што учеа со мене. Дали 5 пати имам искочено со другарите во средно :D
Оние од маало секогаш ми биле приоритет, можеби да учел некој со мене што бил од моја населба, друго ќе било:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom