На латински Datura stramonium fam.Solanaceae(на оваа фамилија припаѓаат  уште и тутунот, буниката, лудото билје, доматот, компирот...). Содржи  тропански алкалоиди, од типот на хиосциамин, скополамин, беладонин, кои  можат да се најдат во семето, коренот и листовите. 
 Ефектите се должат на парасимпатолитичкото дејство на овие  алкалоиди,односно се врзуваат за истите рецептори како и ацетилхолинот,  нормален  невротрансмитер во човечкото тело, но не ги исполнуваат,  односно ги блокираат неговите ефекти.
 Да се блокира парасимпатичкото дејство на ацетилхолинот,значи да се  блокира лачењето на плунка и пот, да се блокираат мускулните контракции,  значи да се предизвика релаксација, но тоа може да делува и на срцевиот  мускул, во смисла на забрзана срцева работа, па да не испадне "Оп,  отиде чоекот". Исто така, може да се јават и тн "мрзливи црева".  Пореметувања во видот се должат на ефектот на мидријаза, односно  проширување на зениците. Ацетилхолинот има и централно дејство, па  неговото блокирање предизвикува халуцинации и еуфорија. 
 Татулата содржи и други состојки,кои делуваат анти-инфламаторно,  имуностимулаторно, но во многу мали количини.