Дресура

Препораки
Вашето кученце треба веке уверено да седнува на команда, зададена пред гестот, да доаѓа на команда со гест, да ја следи раката после командата „место”, да реагира спокојно на поставувањето на краткиот поводник, а исто така - да останува спокојно при автомобил со вклучен мотор, од растојание 20-30 метри, исто така да се чувствува спокоен и уверен на истото растојание во оживеана улица.
како и претходно, не секогаш ги исполнува саканите дејствие при првата команда (гест), може да се разсејува од солни надразнувачи. На команда без гест кученцето се уште не реагира, за тоа му е рано.

Пристапувајки кон одработување на вежбите, ставете ја каишката на кученцето.
Помеѓу сите вежби правете паузи од по 5 минути, во кои не се обидувајте да практикувате те. применувате никакви навики. Просто оставете го кученцето да се одмори и да се истрча.

Вежба #1 (Времетраење 10 мин.)
Доаѓање на команда


Пред да започнете, прошетајте го кученцето 10-15 минути.
Одработете ја вежбата како и во претходната серија:
- команда
- гест
- извршување
- наградување
Единствена разлика - обидете се да не отстапувате на назад. Задавајки ја командата и гестот, стојте на место. Направете го на растојание од кученцето од 4-5 чекори. Откако кученцето ке дојде при вас, веднаш наградете го и дајте му го лакомството. Пуштете го да се прошета.
За 10 мин, повторете 5-6 пати.


Вежба #2 (Времетраење 10 мин.)
Седнување по команда


При одработувањето на оваа вежба задавајте ја гласовната команда точно и јасно, гестот треба исто така да биде јасен. Колку поедноставни се гестовите и командите, толку полесно ке ви учи кученцето. Запазувајте го строгиот редослед : команда „седи” – гест – кученцето седнува – наградување.
Наградувајте го само седнувањето по команда. Не барајте брзина во извршувањето на командата.
повторете ја вежбата 5-6 пати.


Вежба #3 (Времетраење 10 мин.)
Подучување „на место”
Таа вежба се прави дома..
Застанете исправени на растојание од 1-1,5 метар од „местото”, задајте ја командата и изведете го гестот со раката. Погрижете се да го натерате кученцето да отиде на местото не следејки ја раката со лакомството, туку после командата и гестот. Ако кучето е зафатено со изведувањето на командата, како и претходно, привлечете му го вниманието со миримата на лакомството.
Наградата дајте му ја веднаш, штом кученцето ке се покаже на местото.
Повторете 5-6 пати.

Вежба #4 (Времетраење 15 мин.)
Подучување на одење со поводник


Шетајки се со кученцето на поводникот, не оптегнувајте го само поводникот, туку применувајте и лесни повлекувања. Правете го, кога сакате да го повлечете кученцето во една или друга насока. Наградувајте го ако тоа реагира спокојно на повлекувањето на поводникот и трзнувањата. Ако сеуште пројавува неспокојство - смирете го со игра и милување.


Вежба #5 (Времетраење 20-30 мин.)
Социјализација



Оваа и следните вежби по социјализација треба да ги одработувате на кус поводник.
Шетајки се со кученцето на познато место, од време на време одете до крајот на паркот, нека тоа ги види од близу луѓето кои што се движат, колите кои поминуваат во близина. Смирувајте го и наградувајте го.


Вежба #6 (Времетраење 15-20 мин.)
Подучување кон возење во автомобил



Започнете ја вежбата како и порано - на растојание од 20-30 метри. повторно ви е потребен помошник. Откако тој ке го вклучи моторот, поведете го кученцето директно кон колата и следете ги внимателно неговите реакции. Бодрете го. Поиграјте си со кученцето близу до колата, прошетајте го околу неа. Ако кученцето сака да ја подушка колата - дозволете му.
Помошникот го исклучува моторот, а вие одведете го кученцето на 10 - 15 метри од колата и дури тогаш, помошникот повторно го вклучува моторот. Ако кученцето реагира нормално (рамнодушно или заинтересирано, но без страв), наградете го и повторно приближете се. Направете 2-3 повторувања (вклучување на моторот - приближување кон колата - после одредено време, сопрете го моторот - одалечете се). Ако кученцето покажува силно безспокојство (немир) или страв, не треба да се приближувате кон колата премногу.

Вежба #7 (Времетраење 10 мин.)
Развивање на реакциите за апортирање



Играјки си со апортот, кога кученцето ке го апне - не пуштајте го веднаш. Нека понекогаш почувствува спротивставување. Но не треба да го дрпнувате предметот, не треба и долго и силно да го влечете кон себе си.
Користете различни предмети. Запомнете, дека секогаш кученцето треба да ве „победи”, т.е. да го земе апортот.

Повторете ја вежбата следниот ден. не брзајте самостојно да ја усложнувате вежбата. .
 
СЕРИЈА ВЕЖБИ 4



Избор на место

Направете го внимателно изборот на местото за вежбање по социјализација. Веке е неопходно на улицата, до паркот, да е доволно оживеано, зошто целта на оваа серија вежби е имено да го приучиме кученцето да реагира спокојно и мирно на многуте луѓе.


Лакомство

Како лакомство најдобро е да се користи варено месо. Погоден е и секој продукт, кој што му се допаѓа на кученцето. давајте го лакомството во малечки парчиња, по 5 - 7 милиметри (неопходно е да го исечете или сокршите предвремено). Парчињата треба да се доволно малечки, така да кученцето не се нахрани после 3-5 пофалби.

Препораки

Започнувајки ја вежбата убедете се дека кученцето реагира на зададената команда + гестот за доаѓање, седење, при одење на местото од големо растојание. Исто така, кучето треба веке да се однесува спокојно и мирно во автомобилот со вклучен мотор, да реагира спокојно на надразнувачите на улицата, кога се наоѓа на крајот на паркот, уверено се движи на поводникот, така што не се плаши, кога тој е испружен или лесно подвлечен.
Одработувајки ја денешната серија вежби, променете ја тактиката за давање на лакомството. Гестот за одработување на доаѓање на команда, седење, одење на местото - правете го со празна дланка, во која што нема лакомство. Парчињата месо држете ги во другата рака, без да му ги покажувате на кученцето и без да му го привлекувате вниманието. Откако кученцето ке ја изврши командата, наградете го давајки му го лакомствотосо другата рака. Така вие преминувате кон извршување на команда само со гест, а не поради миризбата на лакомството.
Се разбира ако при обучувањето кученцето воопшто не реагира на командата и гестот, ке треба да го поставите лакомството во раката, со која што го задавате гестот и да продолжите да работите како и порано (привлекувајки го вниманието на кученцето со миризбата). Тоа всушност означува, дека вашиот питомец, сеуште не ја усвоил програмата од претходните серии и дека не треба да преминувате на следното ниво.
Пред да започнете да работите, како и секогаш - ставете му ја каишката на кученцето. Правете паузи помеѓу вежбите - не помалку од 5 минути. За тоа време оставете го кученцето да се одмори и да се истрча.
 
Вежба #1 (Времетраење 10 минути)


Доаѓање на команда


Започнете ја вежбата после 10 минутна прошетка.
И така, земете го лакомството во својата десна рака. Задајте ја командата „ДОЈДИ”, направете кратка пауза (0,5-2 сек.) и изведете го гестот - лева рака (без лакомство) на страна. Отстапете на назад, само ако кученцето реагира, но забавува со извршувањето. Дотрчаното кученце пресретнете го со десната рака, со лакомството, погалете го и командата „браво”. Не заборавајте дека вашиот глас и целиот ваш изглед, треба да изразува радост од извршувањето на командата. Изградувањето на навика да доаѓа на команда (како и целата обука на послушност на малечкото кученце на оваа етапа) повеке личи на игра и возможност за него, да го добие вкусното парченце, а не сериозна работа. Затоа, ако погледот ви е мрачен, гласот ви е низок и строг, не работете со кученцето во таква состојба. Така ризикувате да ја убиете желбата на кученцето да работи. Тоа се однесува најмногу на доаѓањето по команда.
Кога кученцето ке дојде при вас - не го задржувајте - пуштете го веднаш да трча.
За 10 минути повторете ги повикувањата 5-6 пати.

Вежба #2 (Времетраење 10 минути)

Седење на команда


Земете го лакомството во левата рака. Гестот (после командата „СЕДИ”) задајте го со десната рака. Денес воведуваме важно усложнување: Откако кученцето ке седне, задржете го околу 5 секунди. Направете такаоткако кученцето ке седне, не давајте му го лакомството веднаш, туку почекајте 5 сек. Ке биде убаво, ако вашиот питомец стрпливо ве почека. Тогаш после 5 сек, наградете фо, дајте му го лакомството и пуштете го повторно да трча. Но поверојатно е дека кученцето, неочекувајки таков пресврт на работите, да постане немирно и да се исправи. Брзо префрлете го лакомството од левата, во десната рака и дејствувајте како и во претходните серии: привлечете му го вниманието со месото, задајте гест. Не повторувајте ја командата, сакаме кученцето да седне и да ја запази таа положба после првата команда. Откако повторно ке седне, дајте му го лакомството и после пуштете го да потрча.
Многу е важно, да го давате лакомството и да го наградувате кученцето во тој момент, кога тој седи, а не кога станало.
Повторувајки ја вежбата, повторно се обидувате да постигнете 5 секунди задржување. Кученцата обично брзо разбираат, што се сака од нив и започнуваат трпеливо да чекаат. Може да се случи и после 1-2 повторувања, не брзајте. Но ако вашиот питомец веднаш разбрал, дека е потребно да поседи одредено време (а тоа се случува брзо - бил неуправлив, а ете - сега седи, колку е потребно), не прибрзувајте и не усложнувајте ги работите. не зголемувајте го времето на задржување - тоа може да доведе до нервоза, кученцето не е готово. Ке постигнеме надежно и долго задржување, но е потребно тоа да се случи после неколку вежбања.
Повторете ја вежбата 5-6 пати.


Вежба #3 (Времетраење 10 минути)

Приучување „НА МЕСТО”
Оваа вежба правете ја дома.
Застанете близу од местото – 2 метри, задајте ја командата и изведете го гестот со раката. Ви напомнуваме дека, лакомството е во другата рака, а гестот се изведува со празната рака. Ако кученцето бавно ја изведува командата, вовлечете го со гест на дланката. Нека раката ви биде празна, без лакомство, но ке се увежба условниот рефлекс, разработен во претходните серии вежби: кученцето ке тргне во правец на вашата рака. Штом ке се најде на своето место, веднаш наградете го со командата „браво”, лакомство, погалување, и ослободете го.
Повторете 5-6 пати.

Вежба #4 (Времетраење 15 минути)

Приучување кон дополнителна опрема


Подгответе ја маската за на уста. Шетајки се со кученцето на краток поводник, продолжувајте лесно да го затегнувате поводникот и да го трзнувате. Запирајте од време на време, ставете во маската парченце месо и понудете му го на кученцето. Нека тој ја пикнесвојата муцка во маската за да го изеде парченцето месо. не задржувајте му ја маската на муцката, веднаш пофалете го, наградете го и пуштете го. За време на прошетката повторете ја вежбата неколку пати. Маската треба да биде широка, сеуште е рано да го приучувате кон неа.

Вежба #5 (Времетраење 20-30 минути)

Социјализација


Правете ја вежбата на истото место, каде што сте ги правеле и претходните вежби по социјализација. Излезете на тротоарот, до паркот. Прошетајте се до тротоарот и внимателно набљудивајте ги реакциите на кученцето. Ако тоа заинтересирано оди кон луѓето кои поминуваат, лесно повлечете го (треба да свикнува кон управувањето со поводникот). Треба да разбере, дека може да ги гледа луѓето, но не и да ги душка. Од време на време наградувајте го кученцето со пофалби или лакомства.
Ако тоа пројавува неспокојство, успокојте го и охрабрете го. Влегувајте на кратко во паркот, без да се одалечувате многу од тротоарот. После 1-2 минути вратете се обратно.
Ако кученцето панично се плаши, ке треба да се вратите кон вежбите од претходната серија се дотогаш додека не се навикне.


Вежба #6 (Времетраење 15-20 минути)

Приучување кон возење во автомобил


Тоа е наредното усложнување.
Прошетајте се со кученцето непосредно до автомобилот, без да се одалечувате. Помошникот треба за време на вежбањето да го вклучи и запре моторот 3 - 4 пати. фалете го, бодрете го и успокојувајте го кученцето, ако тоа сака да ја подушка колата - дозволете му.
Во случај на паничен страв, задолжително вратете се кон условите од претходната серија и вежбајте ја онолку колку што е потребно.

Вежба #7 (Времетраење 10 минути)

Развивање на реакциите за апортирање


Натерајте го кученцето да потрча после апортот, пред да му го дадете. Но, не плашете се, и не правете му ја вежбата така да не треба да му е толку тешко, за да не го изгуби интересот. Тоа важи и за борбата за предметот. Кученцето треба да чувствува спротивставување, но не премногу силно. Секогаш давајте му да го однесе апортот.

Повторете ја серијата вежби наредниот ден. Не брзајте да воведувате усложнувања самостојно.
 
Совети како да ги избегнувате најчестите грешки

никогаш не казнувајте кученце или пораснато куче после доаѓањето на командата „ДОЈДИ”. Ако сакате да го казнете, подобро одете Вие при него и фатете го. На големо куче можете да му ја зададете командата ” СЕДИ” или „ПОРЕД”, а после можете да правите се, што ке посакате. Но доволно е еден или два пати да се држите те. однесувате грубо со кучето кое дошло на вашата команда и работата по таа команда е завршена и уништена.

Ако веке сте ја направиле грешката и од незнаење сте го казниле кучето, кое дошло после командата „ДОЈДИ” – сменете ја командата со друга, која што со кучето не е поврзана со негативни емоции. Пробајте со „ЕЛА ТУКА”. Но веќе строго придржувајте се кон правилата при вежбањето на таа команда. После некое време, кога негативната врска со командата „ДОЈДИ” ке стивне, ке можете лесно да се вратите на „правилната” команда.

понекогаш при обуката тешко е да „влезеш во лик”. Но е неопходно да бидете малку артисти, за да ви поверува кученцето. вашата радост, кога го наградувате или фалите кученцето, треба да биде максимално искрена. само тогаш и пофалувањето со вашиот глас ке биде ефикасно.

Често пати невозможно е да го наградите кученцето точно во моментот, во кој што тој ја изведува саканата вежба. Например, седнал при командата „СЕДИ”, сте ја издале командата „БРАВО”, сте го погалиле, и во моментот, во кој што му го давате лакомството - кученцето веке станало. Не е страшно, важно е дека наградувањето започнало во правилниот момент. Не треба да се нервирате и строго да разговарате со вашиот питомец, продоилжете да го наградувате.

Занимавајки се со апортирање, Вие треба да бидете на јасно што точно правите. Целта на вежбите е да се разработи и зголеми заинтересираноста на кученцето кон апортирањето, а не стекнување на навика во класичен „спортски” вид. Затоа за сега не е потребно да барате од кученцето да донесува предмет и да седнува пред вас со предметот во забите. Ке можете да го разработите тоа и покасно, за сега е доволен неговиот интерес кон апортирањето.


Може да се случи така, да при вежбањето на повекето навики да не се сретнете со никакви проблеми, но при некои од нив (социјализација или одење „НА МЕСТО”) обуката нема да врви. При таа состојба нема смисол да ги усложнувате повекето вежби. А при „проблематичните” навики – не може и да стане прашање за усложнување, се додека кученцето не го усвои веке воведеното.
Апсолутно нормално однесување за кученце на таа возраст.
Во овој курс има уште 11 серии, ако разбираш руски, види го курсот во оригинал, линкот е во првиот постинг на ЛИНКОВИ.
1. За момент треба да си работите во мирно опкружување, без силни надразнувачи (гостите се силни надразнувачи ).Надразнувањата се воведуваат многу постепено. На пример, ја одработувате 2-3 пати командата штом ке видите група која си играе одалеку, после поблиску итн.
Веке можете да започнете задржување при некои команди. Полека продолжувај го времето, пред да му го дадеш лакомството при СЕДИ, на пример.
Ги вежбате ли командите на поводник?
СЕ - најпрво на пов&
 
СЕ - најпрво на поводник. Ако видиш, дека играта веке започнала, подобро заборави за команди. Не задавај му на кученцето команди, кои нема да ги изврши.
2. При пристигањето дома, погрижи се да го игнорираш кученцето, додека тоа не се успокои. Знам дека е тешко да му се отргнеш од неговата бурна радост, но далеку подобро е да го игнорираш, ако многу скока и да го поздравиш и пофалиш дури откако ке се успокои. Ако треба влегувак и излегувај по пет пати на прибирање, се додека го постигнеш ефектот и твоето влегување да не му прави таков впечаток.
Замоли ги гостите да го прават истото. Нека не го зимаат во прегратки од вратата и не му покажуваат големо восхитување. Ако треба, и тие нека влегуваат и излегуваат 2-3 пати. Знам исто така, дека е тешко да замолиш некого да ти соработува во тоа, но многу ке ти помогнат, ако се согласат.
Покасно започни да му ставаш поводник штом ке се појави на вратата и прави лесни корекции со него.

Единствениот начин да го завладееш, е да го научиш кон поголемо спокојство во тие ситуации. Верувај ако го правиш тоа, во иднина ке ти биде многу полесно
 
СЕРИЈА ВЕЖБИ 5

Место за вежбање

За изработување на навиките – доаѓање и седење по команда засега користите едни исти места. Не е потребно да се обидувате и да го правите тоа при случаеви кога има одвлечувачки надразнувачи.

Неопходно време

Вкупното време е 90 минути. како и во претходните серии, вие ке одработувате различни вежби во различно време на денот. Не тренирајте веднаш после хранење - вкосовонадразнителната метода на обучување ке биде неефикасна (кученцето нема да реагира никако на лакомството).

Лакомство

Како лакомство најдобро е да се користи варено месо. Погоден е и секој продукт, кој што му се допаѓа на кученцето. давајте го лакомството во малечки парчиња, по 5 - 7 милиметри (неопходно е да го исечете или сокршите предвремено). Парчињата треба да се доволно малечки, така да кученцето не се нахрани после 3-5 пофалби.

Препораки

Вашиот питомец треба веке брзо да доаѓа при вас на команда и гест, да седнува, макар и не секогаш, но да се грижр да го дочека лакомството во тек од 5 секунди, да трча на местото си по гест и команда, да се шета спокојно по тротоарот, близу до оживеано движење, да го јаде лакомството, поставена маска за вилицата и да реагира спокојно на автомобил, кој што во непосредна близина до кучето го вклучува и исклучува моторот.
Пристапувајки кон одработувањето на вежбите, ставете му ја каишката на кученцето.
Помеѓу сите вежби како и порано направете одмор (пауза) не помалку од 5 минути, во кои немојте да се обидувате да одработувате други вежби. Нека просто кученцето се одмори и се истрча.
 
ВЕЖБА #1 (Времетраење – 10 минути)

Доаѓање на команда

После 10 минутна прошетка, започнете да ја одработувате вежбата. Денес воведуваме напоредно усложнување – приучавање кон седење после доаѓањето.
Задајте ја командата „при мене” или „ДОЈДИ” и соодветниот гест – испружената на страна лева рака. Парченцето лакомство скријте го во десната си рака. Штом кученцето ќе дотрча при вас, веднаш дајте ја командата „седни” и изведете го гестот со десната рака (раката напред, дланкта кон кучето). Ако кучето се бави со изведувањето, привлечете му го вниманието со миризбата на лакомството, така, како што правевте при првите вежби за седење по команда. За сега не обраќајте внимание на тоа, каде и како седи кученцето. Ако тоа го изполни седењето, веднаш пофалете го, дајте му го лакомството и пуштете го да се прошета. За сега не е потребно да се одработува задржување или да се обидувате да постигнете брзо и убаво седење.
Повторувајки ја вежбата во иднина, секој пат после довикувањето издајте ја командата кучето да седне. Никогаш не променувајте го ова правило, седење после доаѓањето треба да стане закон за кучето. Во иднина ќе престанеме да ја задаваме командата „седни” – кучето ќе седи после самото доаѓање.

Вежба #2 (Времетраење – 10 минути)

Седење по команда

Продолжувајте да работите врз задржувањето после седнувањето, така, како што правевте на претходната вежба. Дајте команда „седни” и гест, застанете кучето да се задржи 5 сек. Ако се наложува, привлечете му го вниманието со миризбата на лакомството и дополнително задавање на гест (за тоа ќе ви се наложи да го преместите лакомството од левата – во десната рака).
Повторете ја вежбата 5-6 п'ти.


Вежба #3 (Времетраење – 10 минути)

Приучување на место

Оваа вежба се одработува дома.
Поредното усложнување. Откако кучето ќе си дојде на местото си, задржете го 5 секунди и дури тогаш дајте му го лакомството и пофалете го со командата „браво” и погалете го. Ако кучето не остане на местото си 5 сек. привлечете му го вниманието со лакомството и повторете го гестот завлекувајки го после раката.
Дали кучето ќе седи или лежи на местото си не е важно. Пофалете го за тоа, што дошло на тоа место.
Повторете 5-6 пати.
 
Вежба #4 (Времетраење – 15 минути)

Приучавање кон поводник и др.

Прошетајте се со кучето со закачена каишка и краток поводник, продолжувајте да го приучувате кон одењето на поводникот со леки подрпнувања. Од време на време давајте му лакомство со маската, пофалете го со глас и погалете го. Во моментот, во кој што кучето го јаде предложеното лакомство, задржете ја маската 2-3 сек, без да му ја вадите.

Вежба #5 (Времетраење – 20-30 минути)

Социјализација

Кога се шетате по улицата погрижете да се разминувате со повеќе луѓе. Избирајте за тоа многупосетени од луѓе места, например станици. Пофалете го кучето и ободрувајте го, кога се разминувате со луѓето.
За време на прошетката одете и близу до влезот, на некој подлез/мост/ (ако има наблизу).
Приближете се и до некоја раскрсница со оживеано движење, но за сега не е потребно да го учите кучето да ја преминува (тоа се учи после одработувањето на основниот условен рефлекс движење „поред”).
Ако кучето се плаши панично, ќе ви се наложи да се вратите кон претходните вежби и да ја одработите претходната вежба до тогаш, додека кучето не привикне.

Вежба #6 (Времетраење – 15-20 минути)

Приучување кон возење во автомобил

Денес и при оваа вежба воведуваме усложнување.
Отворете ја вратата на колата преди почетокот на вежбата. Вашиот помошник, како и претходно, треба 3-4 пати да го вклучи и запре моторот. Во тоа време вие се шетате со кучето околу колата, седнете внатре и после излезете. Пофалете го кучето, кога седнува внатре и кога излегува.
Ако кучето покажува безспокојство, тогаш треба да влезе во автомобилот, само кога моторот е исклучен.

Вежба #7 (Времетраење – 10 минути)

Развивање на реакциите за апортирање

Денес продолжете да играте со предмети за апортирање. Нека кучето учествува во борбата за предметите, да трча после нив преди да ги фати. Активно искористувајте предмети на ластико и врвца. Избегнувајте силни дрпнувања.
Секогаш кучето треба да биде „победникот” и да го добива предметот. Не создавајте ситуации, во кои што кучето не добива ништо, а предметот останува кај вас.

Повторете ја вежбата после еден ден. Не брзајте самостојно да ги усложнувате вежбите.


Совети како да ги избегнувате нај-честите грешки

Погрижете се за секоја вежба да примените некое усложнување. Например, при одработување на доаѓање по команда се стремите кон брзина и точност на доаѓањето, без да обраќате внимание на тоа, како седи кучето. Во иднина, кога брзината и точноста на доаѓањето ке постанат прифатливи, можете да се зафатите со квалитетот и точноста на седењето.

Ако кученцете многу се одвлекува од различни надразнители за време на вежбањето за социјализација, погрижете се да ја продолжите маршутата така, што ќе се одалечите од тие надразнители. Не заборавајте да го пофалете и ободрувате кучето.

Нај-удобното место за превезување на куче е на задното, десно седиште. Така кучето ќе ви пречи помалку при бозењето, во истото време вие ќе можете да се завртите кон него и лесно да го достигнете.

За да не ја кине колата, постелете за кучето малечка постелнина на определеното за него место. Гледајки ја постелката, кучето полесно ќе разбере, дека во колата треба да лежи само на таа постелка.

Приучавајки го кучето кон автомобил, активно користете лакомство. Така обуката ќе биде нај-брза и безболезна.

При сите вежби, во кои што на кучето се наложува да привикнува кон чудни надразнители, најголем ефект има почестото повторување на сразмерно кратки вежби. Оделете на социјализацијата барем 15-20 минути секојдневно.
 
СЕРИЈА ВЕЖБИ 6




Mесто на вежбањето:
Одработувањето на доаѓање по команда, седење и лежењ може да го спроведете на местото, кое што сте го користеле при социјализацијата на првата и втората серија вежби (во паркот, на 20-30 метра од големата улица).




Необходно време:
Општо време – 110 минути. Не тренирајте го кучето веднаш после хранењето, тогаш вкусонадразнителниот метод нема да биде ефективен (кученцето нема или крајно неволно ќе реагира на лакомството).


Лакомство:
Како лакомство е најдобро да се користи варено месо. Погоден е и секој продукт, кој што на кученцето му се допаѓа. Давајте го лакомството на малечки залчиња, по 5-7 милиметри (неопходно е да го нарежете или сокршите предвремено). Парченцата треба да се доволно малечки, така да кучето да не се нахрани после 3-5 пофалби.




Препораки
Вашиот питомец веќе умее после команда да седи после содветниот гест да се задржи на место кратко време (до 5 секунди); оди на местото по команда и гест (со задржувњето на место е возможно уште да имате проблеми); после доаѓањето по команда седи само во случај, да му зададете команда и гест. Кученцето спокојно се шета по улицата, не реагира на минувачите и колите. Кучето спокојно реагира на подрпнувањето на поводникот, на маската, влегува и излегува спокојно во колата. Во истото време помошникот го вклучува и исклучува моторот.
Денес започнуваме да изработуваме уште две навики: легнување по команда и движење покрај ногата.

Пристапувајки кон одработувањето на вежбите, ставете ја каишката на кучето. Меѓу сите вежби како и порано правете паузи не помалечки од 5 минути, во кои што нема да се занимавате со обука. Нека кучето слободно се одмори и потрча.
 
Вежба #1

Доаѓање по команда


Неопходно време: 10 минути
Продолжувајки да го одработувате доаѓањето по команда, занимавајте се со седењето после доаѓањето. Задавајки ја командата „при мене” и гестот со раката, бидете готови веднаш, штом кучето ќе дотрча при вас да го наместите да седне. За тоа искористете дополнителен гест (како при седење). Сега, за да добие кучето пофалба, не е доволно само да дојде. Пофалете го само после откако ке седне.
Одработете ја вежбата 5-6 пати.


Вежба #2
Седење по команда



Продолжителност: 10 минути.
Денес продолжителноста на задржувањето после седнувањето продолжете го до 10 секунди. Ако кучето за време на одработувањето на навиката станува од местото си, подајте го гестот повторно. Не се обезспокојувајте, ако вашиот питомец се уште не прави се така точно, гласот треба да ви биде добростоечки и ободрувачки.
Повторете ја вежбата 5-6 пати.


Вежба #3
Приучување „на место”.
Продолжителност 10 минути.




Оваа вежба потребно е да ја правите дома.
Одработувајки го доаѓањето на место по команда и гест, барајте задржување од 10 секунди. Ако е неопходно, стојте поблизу до местото, за да можете на време да ги воведете потребните надразнители. Лакомството давајте го и пофалете го кучето само откако ќе дојде и остане на местото си 10 секунди. Напомнуваме: не е важно што ќе прави на местото си. Нека стои, лежи, седи или скока, главното е да не мрда од него.
Ете и една вежба која е неопходно да ја спроведиме дома.
Ако кучето провали (ако се тргне од местото си), вратете го повторно, користејки го лакомството, командата и гест. Пофалете го кучето само во момент, во кој што тој се наоѓа на местото си, а не кога се тргнало од него.
Повторете 5-6 пати.
 
Вежба #4
Приучување кон аксесоари
Продолжителност 15 минути.




Продолжувајте да го приучувате кученцето кон спокојни реакции при управувањето со поводникот. Ставајки му ја маската стегнете го и после веднаш извадете ја. Успокојте и пофалете го кучето. Лакомството дајте му го на кучето не во маската, туку после откато ке му ја свалите. Сега не го привлекувате вниманието на кучето кон лакомството во маската, туку го пофалувате откако кучето ќе даде спокојно да му се стави и свали маската.


Вежба #5
Социјализација
Продолжителност 20-30 минути.


Денес започнете да го приучувате кучето кон преминување на улицата и спокојни реакции кон јавниот транспорт.
Приучувањето кон јавниот транспорт направете на станицата. Застанете на 10-15 метри од крајот на тротоарот. Таму обично има многу луѓе. Обрнете внимание на тоа, како кучето реагира на тие луѓе, во случај на потреба, разсејте го и успокојте го, или одведете го подалеку, ако е премногу возбудено.
 
Вежба #6
Приучување кон возење во автомобил

Продолжителност 10-15 минути.



Еден пат за секогаш определете го местото, кое што ќе го зазема кучето во колата. Тоа ќе ви помогне да избегнете многу неудобности и дури опасни ситуации (куче, кое што се мести од салонот и пречи на управувањето на автомобилот). Барајте од кучето секогаш да се наоѓа само на своето место.
За да се качи кучето во колата искористете ја командата „на место”. Започнете да го приучувате кучето кон местото му во колата така, как што го правите тоа дома. Така како што сега има странични надразнители (бучењето на моторот, миризбите во салонот), управувајте го кучето, как што правевте на првата серија вежби: издајте ја командата „на место”, привлечете му го вниманието со миризбата на лакомството и со рака одведете го до определеното му место. Со другата рака држете го поводникот, управувајки го кучето. Во колата не пуштајте го кучето, седнете до него. Пофалете го кученцето и постојте во колата одредено време (неколку минути), изведете го од колата и пофалете го.
Неколку пати за време на одработувањето на вежбата повторете влегување и излегување.


Вежба #7
Развивање на реакциите за апортирање

Продолжителност 10 минути.



Занимавајки се при условите од претходните вежби (пребарување на предметот за апортирање, борба за него), од време на време фрлете го предметот кон себе си под нозете. Преди тоа е потребно да го привлечете вниманието на кучето со движечкиот предмет и дури после тоа да го фрлите.


Вежба #8
Приучување кон движење „ПОРЕД”.

Продолжителност 10 минути.
 
Кон изработување на навиката пристапувајте во условите на максималното фалење на овлекувачки надразнители. Преди се занимавајте се на истото место, на кое што започнавте да го изработувате седењето по команда. Сеуште кученцето не може адекватно да реагира на силните подрпнувања на поводникот. За тоа не треба сеуште да ги користите. Основната метода за изработување на навиката е вкусонадразнувањето.
Кученцето треба да е од Вашата лева страна. Земете го поводникот во десната рака, а во левата дланка стиснете парче лакомство. Задајте ја командата „ПОРЕД”, привлечете му го вниманието на кучето со миризбата (придвижете ја раката со лакомството пред муцката на кучето) и започнете движење на напред. Движете се со брзи чекори, така кучето полесно ќе се прилагоди кон вашето темпо, одколку при бавно одење. Потребни ви се не повеќе од 7-10 метри.
Преку целото време привлекувајте му го вниманието на кучето со миризбата на лакомството, држте го месото право пред носот на кучето. Ако сте направиле се правилно, кученцето ќе врви ПОРЕД со вас, заинтересовано душкајки ви ја дланката. За време на движењето ќе ви се наложи да се наведнете кон кучето. Изминувајки 7-10 метри, пофалете го кучето, дајте му го лакомството и пуштете го да си поиграе со целата должина на поводникот.
За 10 минути повторете ја вежбата 5-6 пати.


Вежба #9
Приучување кон легнување по команда

10 мин.


Ставете го кучето да седне и седнете до него (нека кучето ви е од левата страна). Завртете му го нашијникот така, што карабинот да е отдолу. Држете го поводникот со левата рака до самиот нашијник и влечете надолу. Истовремено а десната рака (со лакомство во неа) привлечете го кучето со миризбата и движете ја дланката напред и надолу. Кучето нема да има возможност да стане и ќе легне (помогнете му со несилни потеглувања со поводникот). Штом кучето легне, веднаш дајте му го лакомството и пофалете го.
Повторете 5-6 пати за 10 минути.

Повторете ја оваа вежба наредниот ден, не брзајте да воведувате сами усложувања
 
Совети како да ги избегнувате најчестите грешки

Секогаш завршувајте го вежбањето позитивно за кучето. Тоа значи, дека не е потребно да го донесете кучето да таков умора, што да не може да ги изврши дури ни првичните вежби. Обидувајте се да ги завршите вежбите тогаш, кога миленикот ќе го направи тоа, кое што се сака од него и добие за тоа пофалба.

Легнувањето е добро да се одработува на крајот, тогаш, кога кучето е веќе уморено. Тогаш кучето полесно ќе ја запази саканата положба. Тоа е особено важно при кучиња со многу возбуден нервен систем.
Ако кучето ви е прекумерно возбудено, преди почетокот на вежбањето е потребно одредено физичко испразнување. Тоа испразнување треба да соодвествува на возраста на кучето и неговите физички возможности.

Наважниот момент при социјализацијата – тоа е доаѓањето на автобусот (тролејбусот) кон станицата. Видот на големата машина, која поминува покрај кучето, често го плаши. За тоа бидете внимателни, силниот уплах може да стане причина кучето долго време да се плаши од јавниот транспорт. Не одите премногу близу до крајот на тротоарот до тогаш, додека не се убедите, дека кучето реагира на надразнителите спокојно.

Ако кучето за време на изработувањето на рекациите по апортирање ја губи заинтересованоста или не може брзо да го најде предметот, потребно е малку да го „оживеете” предметот – размрдајте го со врвцата, или со ногата.
 
СЕРИЈА ВЕЖБИ 7

Mесто за тренирање:
Одработувањето на доѓање по команда, седење и лежење можете да го спроведете на местото, кое што сте го користеле при социјализацијата на првата и втората серија вежби (во паркот, на 20-30 метри од голамата улица).

Неопходно време: Општо време – 110 минути.


Препораки

Веќе сте одработиле доволно голем комплекс од навики заедно со вашето куче. За да ви биде полесно да се занимавате, можете да го соедините одработувањето на оделните навики во групи и за во иднина да се придржувате кон определен графикон за исполнување на вежбите. Наутро за време на прошетката одработете доаѓање по команда, после кратко прекинување возможно е да ја спроведете вежбата за социјализација. За приучување на место и лежење е подобро да изберете време по средината на денот (кога е возможно). Меѓу оделните вежби направете одмор (пауза) од 10-15 мин. На крајот на денот е пожелно да правите вежби за откривање на предмети. Ноќно време тренираијте со автомобил. Командата „на место” усовршувајте ја дома во секое време, но запомнете дека ако сте се прибрале од тренинг кученцето ќе биде изморено. Тој скоро секогаш треба да седанува самостојно послед задавањето на командата но понекогаш помогнете си со гест. Поле задавањето на командата „легни” кучето треба да се задржи во таа поза 10 сек. После командата „на место” и гест треба да застанува на место и да стои таму 10 сек. Треба да реагира спокојно на маската. Треба исто така да е спокоен и на улицата, покрај тоа што може да реагира на автобуската станица. Меѓу оделните вежби правете паузи не помали од 5 мин., зошто нема да ги усвои командите. Оставете го кученцето да се истрча.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom