Дрекслмајер

  • Креатор на темата Креатор на темата cige
  • Време на започнување Време на започнување
@Roy Fokker
Но да испитаме од кој фонд капиталот ги плаќа тие толку премногу праведни дневници. Се разбира, од капиталот. Но капиталот не произведува никаква вредност. Трудот е, покрај земјата, единствен извор на богатство; самиот капитал не е ништо друго освен натрупан труд. Од тоа следува дека работничката дневница се плаќа од трудот и дека работникот добива надоместок од својот сопствен труд. Во склад со она што се нарекува праведност платата на работникот би морала да се состои од производите на неговиот труд.

Капиталистот го присвојува сиот производ (и од тој производ ги плаќа работниците), затоа што е сопственик на средствата за работа. И затоа нема вистинско ослободување на работничката класа сè додека таа не стане сопственик на сите средства за работа – земја, суровини, машини итн. – и со тоа сопственик на сиот производ од својот сопствен труд.

Отфрлете го ропството за дневница еднаш засекогаш!
ВМРООО! :D
Или ќе го делат профитот со газдата или цела фабрика му ја земаат. Нема лабаво со марксистиве.

Еее, камо среќа сите работници да станат сопственици на фабрики, суровини, машини, па да може да го отфрлат ропството, да станат сопственици на производите од својот труд и да не мора да работат за дневница.

Но, додека постојат вакви токмаци и марксисти како овој авторот, кои ги учат луѓето да бараат (дај дај, уште уште), наместо да создаваат, тешко дека некогаш работникот ќе види пристоен живот и слобода. :D
 
Колку толку вршат работа за основни потреби и полесно е отколку без никакви приходи
Значи признаваш дека Лет3 е во право со тезата дека ова е само модерен вид на робовладелство.
 
Значи признаваш дека Лет3 е во право со тезата дека ова е само модерен вид на робовладелство.
"Робовладетелство е социјално-економски систем под кој одредени личности - познати како робови - се лишени од лична слобода и принудени на работа. Робовите се држат против нивна волја за времето кога ќе бидат заробени"

Во случајов, никој не е лишен од слобода, никој не е принуден на работа. Напротив, сè се заснова на доброволна основа и по своја волја. :D
 
Ајде ќе замолам некој што кажува дека 12 илјади биле доволни, и кога би работеле двајца (24.000 месечен приход) во четворочлено семејство со кредит (100 еур месечно купи куќа купи стан, подоцна е 200 евра), нека направи една негова пресметка за сите трошоци во еден просечен месец (просечен подразбира сметка за струја просек од цела година за греење, не земена од август)

п.с. Линкот поставен погоре е точно како од марксистичка литертура, нема тука дискусија...
 
Со месечни приходи од 24к денари веројатноста за кредит купи куќа купи стан е минимална односно невозможна мисија.
Со приходи од 24к ќе си гураш некој стокец,југо45 или пак никаково затоа па ќе си користиш градски превоз кој е најевтина варијанта.
За доручек надвор од дома доволно ќе биде еден варен ѓеврек,кафе на пауза само службено ама и тоа некогаш треба да се купи 200-300 грама колку да не те викаат гребатор.
Нема на скијање за викенд,аква парк или до охрид.
Нема ручеци,вечери во ресторани.
Цигари од 40-50 денари а не од 100-150 и така од се по малку ќе се крати да се истера месецо
Ко ќе видиш мојт да ти остани и некој денар да се најди за матурски,свадби.................
 
"Робовладетелство е социјално-економски систем под кој одредени личности - познати како робови - се лишени од лична слобода и принудени на работа. Робовите се држат против нивна волја за времето кога ќе бидат заробени"

Во случајов, никој не е лишен од слобода, никој не е принуден на работа. Напротив, сè се заснова на доброволна основа и по своја волја. :D
Модерен вид на робовладелство.

И порано робовите можеле да избегаат од робовладетелите и сега можеш да си дадеш отказ. Тогаш основни потреби биле храна, вода и преноќевалиште и тоа робовите го добивале. Сега исто храна, вода, плус ете карта за градски и 500 денари за интернет или телефонска сметка и толку, ништо повеќе.
 
Вака нешто

Дека ова е уредено со Закон за работни односи.
Да има закон ама голем дел од непознавање или незнаење се изманипулирани.
А тоа за 13та плата во џонсон ми го има кажано тамошен врабитен.[DOUBLEPOST=1449793020][/DOUBLEPOST]
Значи признаваш дека Лет3 е во право со тезата дека ова е само модерен вид на робовладелство.
Ти си учел за робовладетелско општество или само си слушнал а прифатил тоа што ти одговара.[DOUBLEPOST=1449793467][/DOUBLEPOST]
14-16 кила!
Топ!
Да си поживеат и тие кои ова го дозволија, со таа плата секој месец.
Еееееее кога митал купи дел од железара ги прашал менаџерите дали на вработените 400-500 евра плата ќе им биде доволна.
А па овие менаџериве место зголемат понудата за плата рекле абе по 200 евра доста им е дај ни на нас поголеми плати
И сето тоа со претходната гарнитура па сега ќе биде крива новава што пробува ама многу бавно да ја поправи грешката.
Ама додека ја поправат грешката овде ќе останат само администрација и пензионери пред умирање
 
Последно уредено:
Модерен вид на робовладелство.

И порано робовите можеле да избегаат од робовладетелите и сега можеш да си дадеш отказ. Тогаш основни потреби биле храна, вода и преноќевалиште и тоа робовите го добивале. Сега исто храна, вода, плус ете карта за градски и 500 денари за интернет или телефонска сметка и толку, ништо повеќе.
А покрај храна, вода, градски превоз, интернет, телефон, добиеш и викенд во Охрид, тоа е робовладетелство или не е?
 
Побрзо можиш да се разбериш со човек навлечен на хероин од колку човек навлечен на вемеро, џабе се објаснувате, за нив грујо е бог а вмро религија.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Ништо, време е за штрајкови, протести, револуции и тркалање глави. Тие ќе вработуваат поштен народ и ќе го експлоатираат!
 
Ништо, време е за штрајкови, протести, револуции и тркалање глави. Тие ќе вработуваат поштен народ и ќе го експлоатираат!

Поштениот и паметен народ си замина од тука

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Мислиш кај газдата? Еден е :)
Да де, кај него. Нека одат загрижените за нивната благосостојба, нека им речат да штрајкуваат. Или нека организираат општа револуција. Не знам што толку се чека...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom