Не е недоразбирање немам лист да ти покажам се е црно на бело ставено колку што и како ќе се добие. Па затоа и се дигнаа народов не е малце и не се случувале многу глупости како што ми кажуваа колегите пошто ја сум на боледување. Инаку требаше да се земе 2200 денари дневница значи од 1100 денари за ден празнична плата и плус 1500 денари ваучер се тоа има црно на бело. Значи се на се фалат уште 1500 денари од кои само 700 се исплатени за празничниот бонус.
Значи е напишано како што треба... 2212 за двата дена нето плус ваучерот 1500.
Еве ти груба пресметка набрзо пресметана:
13188 бруто ти е 8880 нето
месец април има 22 работни дена па од таму
13188 / 22 = 599 бруто => 400 денара нето дневница 2-та дена Х 400 денара =
800 нето
1798 бруто работа на празник за 16 часа =
1254 нето за 2-та дена;
и работа трета смена за едниот ден излегува околу
150 денара нето плус од дневницата (400 ден);
Собери ги сите овие болдираните и ете ти ги 2200.
Доколку во пресметката којашто веројатно ти е дадена ги немаш овие цифри (1798 работа на празник) тогаш има грешка, во спротивно луѓето се во заблуда. Причина - грешка пренесено од тим лидер, формен, шеф на смена.... или пак грешка внесено од страна на HR.
Има грешки секаде, но првичниот проблем е тоа што грешка е разбрано од повеќето работници и се чувствуваат изиграни, а не се, се гледа баш убаво од тоа што го објави цитираниот член.