TpH_Bo_OkO
Трноризец
Официјална Тирана не се откажува од определбата албанците кои живеат во различни држави ви регионот да се обединат во една „природна Албанија”.
Ова е оценка на српскиот министер за надворешни работи Вук Драшковиќ, кој рече дека Тирана ги предупредила соседните држави дека се вештачки творби, јави белградската агенција Фонет.
Албанскиот премиер упати директна порака до Србија, Македонија и Црна Гора, дека во нивните сегашни граници не се „природни творби” и оти до 2013. година, сите Албанци, кои сега живеат во пет држави ќе бидат обединети во „природна Албанија”.
Истата порака, дека како држава не е „природна творба”, индиректно е упатена и на Грција, оцени Драшковиќ,
Според него, дека логично е што пораката е упатена со посредство на политичкиот советник на премиерот и оти ако дојде до бура во регионот, на Европа и САД, ќе им биде речено дека советникот соопштил „личен став”.
„Не тоа, никаков ниту личен став, ниту пробен балон, туку официјална стратегија, бидејќи пред неколку месеци, истото ова го соопшти и министерот за надворешни работи на Албанија”, се вели во соопштението на Српското МНР, потпишано од Драшковиќ.
„Зарем, конечно, не е извесно дека уривањето на територијалниот интегритет на Србија, со тоа што на Косово би му бил подарен статусот на независност, директно води во балканска драма од опасни и несогледливи размери” ?
Ова прашање шефот на српската дипломатија го упатува до Контакт групата за Косово, ЕУ, САД, НАТО и ОН:
Според Драшковиќ стабилноста на Балканот се брани, пред се, со заштита на постоечките државни граници на Балканот, додавајќи дека на овој клучен факт сега, дополнително предупредува.
”Она што во Тирана не го разбираат или не можат да го разберат е дека Албанија би била конечна жртва на неразумниот и опасен проект за независно Косово. Економски надмоќна, државата Косово, би станала стожер на обединување на Албанците во една држава, и тоа во Големо Косово” - предупредува Драшковиќ.
Ова „под услов, балканските држави чии територии ќе бидат на удар, да седат со скрстени раце”, се заклучува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Србија.