Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
она чувството кога ќе си станиш рано, ќе си пуштиш компјутер или преку мобилен со кафенце ќе си провериш шо се случувало преку целата ноќ на форумов/фејсбук/порталите. и после ќе си шетниш до чаршија ќе си збркаш 2-3 работи и после кафиња и табла со другарите. кеифот е најголем кај 6-7 саатот да удриш едно пивце со некое другарче/другарка онака на зајдисонце со умерена температура.

си се навикнав на ова пензионерското летово.
ги жртвував сите "летни авантури" кој си ги има секој 23 годишник како мене за тој мир што сум го барал години уназад. не се жалам, може и поарно.

имам уште некој ситни и еден поголем проблем за средување ама барем насоката си ја знам и оптимизмот ми е најачан пута 100.

ако е монотоно во градов (читај како село со една продавница) и недостигот на друштво за активности по мој кеиф сепак се турка нанапред по малку, со надеж за некоја ново искуство по можност некое патување малку подалеку од МК.

 
Од утре почнувам да работам in the ghettooo... паника, страв и радост во едно.:D И осмоодделенци од кои добар процент се Роми. Ќе бидам ко Мишел Фајфер во „Dangerous Minds“.:cautious: Цело време во главава ми се врти South Park-Eric Cartman-In The Ghetto
Посакај ми среќа!
 
драга не ми се верува еј ме одбраа не се надевав ама ме одбраа
во среда само уште да се договорам со еден човек се надевам ке се нафати и ке пробам драга па што биде биде
Победил изгубил нема да се копкам цел зивот што не сум пробал .....
се ви зависи од овие 2 дена драга дали ке се нафати тој или не....
биди ми поздравена.....па ке видиме
 
Кајги бе..

Неможам а да не се нервирам кога ги гледам денешниве генерации. Од една страна ми се смешни,од друга страна ми е криво за нив,од трета страна ме нервираат итн. Денес прв ден нашколо,се уклучувам сабајле кај 10:30 на фејсбук и првите 30-40 поста ми беа слики од напалениве тинејџери шо се сликале сабајле,демек цела ноќ не спиеле и wow ние сме фаци,цела ноќ не спиевме па ај да се покажеме пред народот на фејсбук. Нели,ако го нема на фејсбук како и да не се случило...Ме нервираат тие претерани форсирања,живејте си малце за себе настрана од фејсбук. Синоќа имав прилика да разговарам со неколку средношколци,навистина не помина многу време откако јас излегов од средношколските клупи,ама претерано е ова. Му кажував за глупостите шо сме ги праеле по часеви,за пијанствата нашколо,за многу други работи шо вечно ќе ми останат у сеќавање. Ме гледаа како незнам што да кажувам,гарантирам дека половина не ми ни веруваа а се шо кажав беше вистина. Они утре за шо ќе кажуваат на помлади другари/другарки,роднини,деца?? Кој/која напишала поубав статус на фејсбук,кој собрал повеќе лајкови,кој пратил повеќе снепови....Катастрофа
 
Драга
Падна озбилен муабет пред малце...
Колку ми олесна, толку и потешко ми е на душава..
Мора да си размислам убаво, да донесам голема одлука...
I hate this part :facepalm:
 
Драга Кајгана,
Секогаш кога ќе погледнам во некоја куќа чиј кров е од керамиди, веднаш пред очи како да ми поминува историјата на тоа семејство:)
 
А-јуј, драга,
Предмалце ми зборат за матура, па ми светна во тимбава дека матура уствари не е рандом ставено, туку одбележува созревање/зрелост/како сакаш.
Не знам дали да се осеќам просветлено или ко последен деген. Две децении шуплина и темнина...
Какво откриќе! :vozbud: :facepalm:
Напредок.
И братот.
 
Чекам некој комшија на Кристина Арнаудова да си го крсти ваерлесот вака:

jNEpK.jpg


password:Остај што не запрашуваат, па и мозочињата ни ги контролираат. (споено)

Дека досадно е деновиве на естрадата ни.:(
 
Драга,

Некогаш е лошо да си едино женско од помладата генерација во твојата поблиска роднинска околина, секогаш тебе ќе те зезаат. Најновото им е дека сум имала значително долг врат, ништо чудно што сум ги сакала пауните. :LOL:
Креативни се, тоа мора да им признаам, па затоа донекаде ми се смешни тоа глупостите нивни. Стори оф мај лајф.

И нема, значи нема нешто посељачки од тоа да си ја паркираш колата, внатре да трешти музика, ти да си ја оставиш музиката да ечи и да го ремети маалото, додека одиш да си купиш аналгин, кока кола, благо, кондоми и така натака. Дефиниција за сељак.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom