Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Слободен понеделник. Убајна. Ај дајбоже почесто вака празници да има.
 
Драга, сонував како сум се вратил пак во средно. Триесетина ученици чекаме пред кабинетот за да се отвори. Единствена грижа ни беше како да ја поминиме таа електротехника, кирхофови закони, тевененови теореми....

Мислам дека го достигнавме крајот како нација...
41B92dG.jpg
 
Абе од гостите сакам кога си одат, ама денес кога сум расположена сакам куќа полно луге...:pos:
Вчера... беше убав ден...чекам да поминат празниците па да падне уште еден договор со него.
Ми се оди некаде пак, на планина..или на море, сеедно...Или со велосипед, по долги патеки.
Тоа ми треба, адреналин.:pipi:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: MIL
Бел ден неам видено 2 недели бе, ќе ти ебам и настинки и сФе а тоа што неам спиено ко човек више од месец дена е друга работа!
 
Зошто на сите празници мора да се оди по баби, жаби, тетки, роднини...?
Не можам ли на мира да си уживам во празникот?
Која е поентата на ова?
Порано се правело така бидејќи немало комуникација меѓу луѓето, па празниците им биле како шанса да сее сретнат.
Затоа престанувам да ги сакам празниците.
 
Кај ми беше паметот кога го купував телефонот.. :facepalm: поголемо ср%^е од воа немам видено...
 
Сине, Христос воскресе!
-Знам, прочитав на фејсбук. :pos:

Драга,
За разлика од Булкава погоре јас ја напраив најдобрата зделка со телефонот. Стариот го продадов, му земав убави парички, додадов плус и си купив екстра телефон. Тоа што го полнам на 5 саата е од што ми е уште интересен и не го испуштам од раце а не дека е слаба батеријата. :P

Нејсе, секогаш демек на шала ми викале дека не сум нешто арен со (ваљда) мозокот. А кога ги гледам луѓево околу мене и јас истото го помислувам. Кога иде летно сметање на времето јас се пореметувам целосно. Немам одмор, немам мир, не можам мирно да спијам, некако многу динамично ми е цело време. Не можеш да си испланираш кафе со едно друштво, кафе со друго друштво и плус излегување после полноќ. Ох кој ке чека до октомври пак?! :(
Друга работа, цело друштво плаче за сонце, едвај чекаат и сонце, и летно сметање на времето, и лето. А јас пак сонце со очи не можам да видам. Депресивен ви бил дождот? Немој молимте, се будам денес во 9 саат, гледам низ прозор имаше малце сонце и ми се преврти цела соба наопаку. Поспав уште саат и пол, кога ги слушнав капките на прозорот се израдував ко мало дете на киндер јајце. Одма станав и почнав да ја читам книгата што ја купив на саемот. Небитно е читањето ама битно станав во 11 и пол, тоа е бинго.

Дур го пишував ова изедов две банани, јер здрав живот. Сеа одам да си напраам турско кафе, јер здрав живот нАли? :cool:

На крај на секој коментар тука се прашувам едно многу битно прашање - Дали некој ги чита сите постови тука?

Орвуа :love:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom