Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Nessa, you sick f*ck... :confused:

Dear friend...
Иам посебно катче во градот каде ми навираат креативни мисли, посебно во посончевите денови. Среќната околност е што секој ден одејќи на работа, го поминувам тоа катче, надевајќи се да вдишам барем мал сегмент од таа креативност. Февруари кој личи на Април. Лудо време, сите со шмркави носеви чиниш славини им имаат инсталирано. А многу насмевки и безгрижност. Секогаш ги обожавам овие моменти на метаморфоза кон нешто поубаво, трансцендентално.
Love always
Saladin
 
Еј!

Кај си ти. Одамна ти неам пишано. Те боли серверот. Wait what? (Пандан на те боли курот)
Во меланхоличен mode сум, прилично лошо е ама не ми е прв пат. Глумам ко и секад дека се е кул.
Инаку, сакам новини во животов. Притоа не мислам на весници. Не дека не ми е забавно, ама било позабавно од шо е. Сакам пак. Сабота ќе одиме на шетња во Крушево, па можда тоа ќе донесе нешо ново и интересно. Луѓе по темиве се фалат за тоа како ќе одат во сто ебени држави, јас за Крушево. So pathetic.
Си сменив аватар. Што е чудно затоа што претходниот ми беше новогодишен а го чував до почеток на Февруари од мрза.
Еј да! Ќе се вработувам! Сериозно. Замисли јас. Хах. Работам. Чудно.

Се глеаме.
 
Драга Кајгана,

Откако решив да престанам да се мешам во работи кои не ме засегаат, животот ми стана многу поубав. Понекогаш уште добивам желба се вмешам во нечија караница и да влепам по две-три воспитни на двете страни за да се освестат... ама кога ќе ми текне дека без оглед на тоа колку добри намери имал, на крај оној што е во средина испаѓа крив за се, сфаќам дека не ми е потребно такво нешто. Освен тоа, доста ми е од драми, интриги и сплетки.

А и форумов не е тоа што беше.
Ми фали Сина крв.

Со љубов,
Џинџер. Не Сум.
 
И Кајгано

Прашуе гу он њума
Како се викаш?
Станче!
Станчееее?!?! : О .... Од колко кфадрата? :ROFLMAO:

Име ву е приземје

Шегава е добронамерна и нема никакоф злонамерен однос спрема сите Станчиња на форумоф,уопште ако ги има, мислам.Ве молам за споразум

А куде живите? На подкровје? : )
 
Нека ти го вратат стариот скин кајгано, (сино-црн) мислам беше... Овој син (бел) очи ми истера :/ Ама да промрчам малце :D

Ме мрзи сега да филозофирам, ќе го оставам тоа за нареден пат. <3
 
Тишина драга, надвор само оџата го слушам како се дере и си пее тоа песничето негово, подобро би било да зарапуваше малку вака ми исцепи глава која и така ме боли за спиење :D. На овесните снегулки му најдов чаре како да продолжам да ги јадам, малку чоколаден корнфлекс и ок се за јадење :)
Знаеш дека денес неможеш да му промениш мислење за некоја работа на дете од 5 години, а камоли на возрасни и затоа најубо седи си мирен и бркај си работа. Друга работа, клуч на врата и ненајавени гости не примам отсега, ова народот ако си нема друга работа прдни му на таквото и оп еве ги, не прашуваат дали некој си има обврски и треба да стане во 5 саат нареден ден, па уште и нивни проблеми да му решаваш и да ги ислушаш, а за твоите не те прашува никој. Ајт кинисав на работа на труд јас.

П.С @Forrest Gump незнам конкретно за женичкава, али сум учествувал досега на доста протести и слични манифестации поради мојата бунтовна природа и најмногу ме разочарува тоа што на сите нив главните кои скокаа напред свртија грб на останатите најбрзо, му понудија властите (небитно дали оваа или друга) по некоја коска да глодаат и оп цуп ги снема ;), дај боже да грешам али македонска работа ти е ова, менува мислење преку ноќ ако му се понуди некој денар :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom