Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Цел семестар, скоро 2, функционирам со пола мозок и нормално напраив погрешни одлуки и сеа место да се лечам и сестранизирам со дешавки, ја учам. И испадна дека за испитот ми даваат само 3 саати, а можно е да паднат и само познати прашања, а јас сум фатила сѐ по ред, а материјалов е 2 предмета заедно. Има да седам таму до крај, let them bitches да ми го влечат тестот од раце.

Ете, со постов заличив на нормална индивидуа, ако ништо друго.
 
Драга Кајгана,
Би сакал да знам како е да прднеш од к*рот.
 
Кајгич бееееееее:love:
Одамна не сум ти се пожалила, крајно време беше:sneaky:
Цел ден се прашувам што уште по ѓаволите ќе ми се случи? Штооооооооооооооооооо? Зар малку беше? Толку многууууууу лимони и цитрони ми донесе животов, што сум се убила од цедење, се хипервитаминизирав и имам лимонада за цела Македонија. Па добро бе до когаааааааааааааааа?
Па да се плукнам и во живот и во се живо и диво,
Нејсе,,,

Што се не ќе прочита денес човек на интернет, :facepalm:
Дали можело да настане бременост од мастурбирањеo_O
Инаку мојата другарка забремени од задоволување со вибрациите од мобилниот, па едвај чекам сега да роди мобилни телефончиња да ми даде и мене еден, и тоа од поскапите беше:свиркам:
 
Драга Кајгана,

Идиот. Идиот на идиотски идиот на идиотски идиот до него идиот. Врз идиотски идиот до него друг идиот на тај идиот, идиот.
 
Драга, оние Многоо се мрднале од умот. Дневна доза голотија од Сораја, бре! Зошто мислат дека ми е гајле што прават Сораја, и останатите Србски и белосветски курвештии? Зарем светот се сведе на тоа кој повеќе газ ќе покаже, ќе стане успешен, популарен и да се зборува за него? Значи дефинитивно секакви граници се поместени. Ми се повраќа од тоа што се нема никаква прогресивност и желба да се промени нешто. Ми се повраќа од тоа што гледам дека на се повеќе млади идоли им се некои курвештии како Ким Кардашиан, на кои им се восхитуваат, сакаат да читаат и да знаат што им се случува во животите и слично.
Амеби. Треба да се бојкотираат такви шунд сајтови кои рекламираат турбофолк и слични појави и чуми на 21от век.
 
Кајги
пцојсав :ROFLMAO:
ама аку, денешниот биланс ми е : 10, 10, 9, 6 = то 6чето ми е за ептен тежок предмет. ама арно е мн сум хепи што го положив, ЃАОЛ И ПОЛ беше! Мајка ми на сите роднини му се јави да им се испофали ајде....:pos:
Сега ќе си подлегнам малце, да поспијам, па кога ќе станам пак на учење, утре имам уште еден ЅВЕР да го сотрам!
И така лека полека стигнавме на 2 предмета :vozbud::vozbud::vozbud:
Уште 1 недела и 5 дена, си доаѓам дома јеее, знам дека сум досадна со ова бочкава ама ак не ја спомнам, ќе дојдам пак го изменам постот :P
Значи коа ќе дојдам дома мххммм..... има цела бочка да ја испијам, во позадина ечат 90 тите.... а ако ми се ломи некоја чаша има и Тома да се распишти!
Моментално биографска ми е Зашто су ти косе побелеле друже од Муарема наш!
:sneaky:
:LOL:
пс хех си го полнат некои егото....... за нив една порака имам GET A LIFE, I DON’T GIVE A DAMN...
 
Драга,
Зар е можно да сум таков малер и на +35 степени да имам треска, висока температура и болно грло? :( Целата сум папсана. Не можам ни да станам од креветот, веднаш ми се врти. А и плус кога ќе помислам дека не смеам да испаднам во град со пријатели и да се досадувам дома...
Како и да е, само нека помикне оваа болест што покоро, зашто летово поминува со молскавична брзина, а како што велат сите "Нема спомени од седење дома".
 
Драга...денес седнав со малиов да играм Starcraft Broodwar.Ме сотре.:facepalm:
Ми текна на времето кога беше 7 годинки а јас 15 и работам или играм на компјутерот а он виси до мене залепен како стикер и цело време кенка да му дадам да игра.​
Денес има машина за гејмање во тоа собата што се вика професионален програмер да му позавиди а јас со воа лаптопчево мое...ете дојде ден јас него да го молам да ми даде да поиграм некоја појака игра.:rolleyes:
Многу ми е смешен оти пред мене не покажува слабост и се чатали како петел демек се знае а минам некни пред собата негова и го слушам на online другарчињата како им вика:​
-Вие сите на сестра ми вода можете да и носите бе!​
-Сестра ми кога ова-она вие кај бевте бе! Сум се скинала од смеа и два дена го реметев што се фали со мене.:D
Но исто така убаво ми дојде и многу ми е мило што сум го научила толку многу работи,дури денес и ме надмина но нема ден да не си префрлам за тоа дека можеби јас сум најголемиот виновник што не сака да чита книги Драга.:(
 
Кајги и официјално почна испитната голгота!
Денес имам испит, важен, не сум легната ич, значи да се пресметам гувеам од 13 часот вчера и ќе гувеам до завршетокот на мојот трип... испитот ми е во 15 часот, трае 1 час, а после тоа ќе тркнам до шпар да купам јадење за наредните 3 дена! Доѓам дома,спијам едно 4-5 сати и опет над книга, неочекувано ми испадна испит за утре, + имам испит задутре...итн... КУЛ едвај чекам :facepalm:
Од толку учење почнав мочка и крв да сонувам :вонзем::facepalm: бељким ќе го скинам на прво...дајбоже!
Друго, за 3 дена се селам, па и за тоа се секирам....
И официјално уште 2 недели сум тука! Леле суво ми е грлово, ко ќе дојдам дома има цела бочка да испијам..... и да се изналежам....:vozbud:
Ама да не си прам предвреме бајрам со мозоков, да одам да си ја дозавршам работава, па после ќе ти кажам шо беше и како беше и со кого беше :pos:
Хахаха ме пресмеа, фала ти :pos:
(морав да те цитирам)

Он:
Кајгич, meanwhile
frappe.jpg


И сеа ке подосадувам малце по темите за да се види дека сум тука :)

За крај. Аман бе К. толку келнерите биле отидени? Му порачувам на еден ладно макиато а он ми носи топло, а пази изговорот: “Абе јас стаив 3 коцки мраз ама ги снема“. Боже, боже, тој да не сакаше ватерполо да му играат...
Ако, откако си отиде падна смеење до мочање.

Ајт отидов...
 
од денес сум Webster......кога веќе не може Ali G
 
Драга,
Колку да се надоврзам на погоре напишаното на Везилка.
Не ги можам,едноставно не ги можам.Девојче од 15 г. ставила на факбукот луѓе кој ја инспирираат:''Ким Кардашијан''..:tapp:
Ја прашувам како може курва да те инспирира,што гледаш во неа?Пази одговор,''незнам..интересна ми е'' .То треба да се убие!!!
Доволно е неможам да давам други примери,се изнервирав :mad:


Ваков ќе станам драга,не ги можам.
Чус!
 
Драга,
Ајде да направиме еден рандом црно-бел пост.

Секогаш ќе ги сакам животните.
Никогаш нема да имам во моја близина луѓе кои не ги сакаат.
Секогаш ќе уживам во ненаместен фудбал.
Никогаш нема да се откажам од Јувентус и Италија.
Секогаш ќе им се восхитувам на јавните личности кои својот статус го стекнале со труд, квалитет или талент.
Никогаш нема да ги сфатам жените кои не познаваат граници да стигнат до некаква слава или популарност.
Секогаш ќе ги почитувам мажите кои газат цврсто на земја и не плазат јазик на секое газе или цицка.
Никогаш нема да ги поднесувам другите, кои цел живот не знаат за контрола и немаат ништо во главите.
Секогаш на другите ќе им правам тоа што сакам тие да ми го прават мене.
Никогаш нема да им правам тоа што не сакам да ми го прават мене.
Секогаш ќе ги делам луѓето само на добри и лоши. Добро, и глупави издвојувам често.:oops:
Никогаш нема да правам поинаква разлика помеѓу нив.
Секогаш ќе им помагам на луѓето колку што можам.
Никогаш ништо за возврат нема да барам.
Секогаш ќе сум тука за моите малку, но најдобри другари/ки.
Никогаш нема да ти изневерам.
Секогаш ќе слушам добра музика.
Никогаш нема да го слушам Слаткар.
Секогаш ќе сакам да живеам во прекрасно уредена и функционална држава.
Никогаш нема да гласам за ВМРО.
Секогаш ќе пијам макијато со ладно млеко и сокче од ананас.
Никогаш нема да се препичавам со нешто што не сакам и нема да дозволам да ме части некој што не го познавам.
Секогаш ќе го сакам моето семејство.
Никогаш нема да се откажам од нив.
Секогаш ќе се трудам да успевам и да остварам барем половина од мојот животен сон.
Никогаш нема да се откажам од тоа.

На муабетов:
:love:
п.с. Нешто од актуелните новости во земјава... да се кандидирам ма за градоначалник? :pos:
 
Тоа е порнографија, младичу. Албина дојде да стане манекенка, но всушност сакаше да биде гола. Уште една балканска слабост: би се сликале и на рентген за да бидете поголи, би го исплазиле јазикот, би си ја превртеле утробата надвор,само да ве видат однатре. На човек да му се згади од тоа ваше словенско соголување, покажување на утробите, на најинтимните делови од телото и душата. Лирска поезија, романтика, порнографија, чувства до коска. Примитивни форми на допаѓање: ласкање, додворување, снисходливост. Доаѓате овде и се натпреварувате кој полошо ќе каже за Истокот, мислејќи дека така ќе станете Запад. Праќате по пошта, драми, поезија, слики, велите дека тоа кај вас никој не го разбира оти вашите татковци се заостанати; мислите дека светот ќе падне на газот ако се критикувате себеси. Се борите против класика, а се уште ја немате. Да можете би се посрале и на дедовиот гроб само ако запад каже дека тоа е уметност. А всушност правите западен кич. Наместо да сликате фрески. Знаете ли што би сторил Запад да ги има вашите фрески: Би плукнал врз своите скапани авангарди,трансавангарди и постмодерни!

Но ако Запад каже дека лајното е симит, вие ќе верувате.

Симит!

Словенскиот ковчег - Венко Андоновски

 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom