Кајгиииии...
Нема населба како мојава

Си одиш по улица во четири саат, живо пиле нема, слушаш само некое приглушено црцорење на рандом птици, гледаш како мали лилјаци прелетуваат околу тебе, имаш видик на цело Скопје, гледаш како полека се разденува...
Небото имаше прекрасна боја вечерва

Денов предолг за да се раскаже накратко...

Трчаници на топлово, за вечерта да биде посветена на женска ми, другарите и за крај на најдобрата другарка која ќе ме напушти за брзо време

Ќе оди далеку далеку далеку на другиот крај на светот во далечниот Исток...
Бар и се исполни желбата
Негооо кучињава не ме сакаат многу во последно време. Кај имам фобија од кучиња како за инает цело време налетувам на некои расни кучиња...
Вчера го достигнав врвот кога во тесна уличка во безизлезна ситуација кон мене галопираше ротвајлер. Се потпосрав у пм...
Немав многу време за размислување, одма тргнав да влезам во еден двор. АЛи курац тегни тегни вратата затворена

Се здрвив во место и за среќа само помина крај мене

Вечерва сто кучиња ме начекаа. Мирот на игралиштето под Водно ни го нарушија две кучиња кои не принудија да фатиме штрафта од најубавото место на светот...
Нормално џентлменски ја испраќам другарка ми до дома и на враќање ме напаѓаат 3 кучиња

Во 4 саат одам сред улица со 3-4 камења во рака на место каде што редовно има патроли...
Се чудам што ќе им кажам ако ме запрат

Доста фалеше да завршам во станица кога ми најдоа жици во џебовите пред некои 6 години... За што? За жици човече, типот мислеше дека си ја стегам раката со нив и се гаѓам во вена...
Ах да знаеше само како завршија жиците кај мене во џеб

Едни другари слушнаа дека имало некоја циганка што се дупела за 200-че и крадеа жици од една напуштена куќа за да го шиткаат бакарот по незнам каква цена за да собереле 200 денари...
Деца

Имав некое суеверие дека жиците ми носат среќа, па ми беа редовно парче во мојот џеб...
И така ти викам си одам по улица и ете ти ги ми се сснуваат кучињава. Почнав да замавнувам и гледам се двоумат и они. Прав момент за користење на камењата. Али само ги заплашив ми беше жал да ги мавнам. Бегаа како луди

Они на мене тачи нонен

Не поминувам веќе по таа улица
Време е за во кревет, ме чекаат неколку дена турбо учење. Мора да се стегнам пошто испитите до дипломската се бројат на прсти веќе

Помалку скитање, повеќе учење
Лаку ноч Хрватска...