Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга кајгана за 2-3 часа ке појдам на мојата прва екскурзија надвор од границите на Македонија. Се надевам дека убаво ке си поминам, и кога ке стигнам ке ти пишам како било (y)
 

I nema da imash drugar ... veruvaj...
 
И така кајгано,по 3 месеци интензивни подготовки,дојде денот на премиерата. Нервозен бев у пичку матер...Затоа,кафана 3 саати пред да почне претставата и локање ракија. Добро ми дојде,ја разбив тремата уште по првата чашка...за секој случај,се напив 3. Одам таму 2 саати пред да почнеме,времето не минува....Салата полека почнува да се полни. Професорите 1 ред,моите 2 ред,другариве од школо,кој знае како нашле карти-3 ред и така натаму....И почна,полека,полека....Првите 2 чина поминаа,имаше доста грешки но публиката не ги забележа. Не очекував толку добра реакција од публиката,искрено...Дојде 3 чин,времето кога требаше да се појавувам на сцената...Излегов надвор,рефлекторите у лице,се тресев на почетокот малце и подоцна-се опуштив. Одлично изглумивме,тие 40 минути на сцената ми поминаа како 4 секунди. Презадоволен сум од тоа како излезе,не очекував дека ќе излезе нешто воопшто,но...ете. Наредната изведба на 2 мај,ама сега пред другари,другарки...Ете тоа беше накратко моето театарско деби пред кавадаречката публика,морав ова со некој да го споделам ама незнаев со кој :)
 
Драга Кајгана ,
ко пред неколку дена денес пак те замолувам ,
нека тепа Мзт денеска и ништо друго не ми треба ..
првиот пат ме послуша и осеќам си стискала палци и ти да тепаме ..
епа ако не ти е тешко и денес ако сакаш
поздрав и остани ми со добро
:P:P:P:P
 
Ме заболе мене дека имаш 7 комбиња, 16 мобилни, 6 супермаркети, дека заработваш 100.000 евра месечно, дека ќерка ти студира на медицина, син ти одел на спремање, дека увезуваш и си застапник на познати марки во Македонија и ич кур да не те боли на шо факултет ќе се запишвам јас.
Btw тежок дуел има меѓу мајсториве и архитектот. Едните рокаат турбофолк, а овој крш rnb од колата. Како и да е, моите уши го трпат удarot. Кај најдоја сеа да ми рокнат слушалките.
I'm out. Ќе одам млеко да купам.
 
Драга,
внука ми е срце. :) Денес малку ја шетав и ја сретнавме нејзината наставничка по англиски и детево ја поздравува : „Hello teacher! " - :pos:Прво одделение и гајле нема. Наставничката се изнасмеа и почна да ја фали, а мене некој да ми го видеше лицето во тој момент ќе мислеше дека мене ми е дете. :X3:
Кога си дојдовме дома одма почна да и вика на мајка ми: Лелеее бабо, па тета ме шеташе таму каде што шетаат наставничките. :pos:
Драга, знам дека во последниов месец многу повеќе време им посветувам на нив ( не дека порано не сум им посветувала), ама тие навистина се добро друштво, а и уживам во времето пред да ги фати пубертетот. После ќе почнат дечковци, излегување со друштво, па нема да им бидам толку интересна. Сега се интересираат за тоа како дишиме, плачеме, се смееме и слично, а јас уживам да ги научам и да ги поттикнам да учат уште повеќе.
И така Драга, напорниот ден помина кога ги видов нив. :)
Ајде поздрав (знам дека многу ти пишувам за децава, ама тоа е - многу си ги сакам) :)
 
Кајги,
нека одат и нека легнат во канализација, овие умрениве, глупи, одвратни, грди чупишта.
Ја ги викам за мај, она, јас со него не, шанса нема, страм мие, лелеле сељак.
Абе ни еднаш ништо не ви се погоди. Жити друштвото.
 
Замисли да си под притисок повеќе од еден месец и да живееш за тој еден ден кога ќе можеш да воздивнеш на раат.
Замисли надвор да е прекрасен пролетен ден, со слаб ветар а ти седиш во омилениот кафич спроти гимназијата во која си завршил присетувајќи се на убавите 4 години поминати таму.
И дополнително на ова, замисли да се видиш со многу мили луѓе кои одамна ги немаш видено.

Јас нема да се мачам да замислувам затоа што до пред малку уживав во погоре опишаната ситуација.
IMG2554.jpg
 
Драга ...

овој татко ми ти е комедии ... гледале бреф со мајка ми и мајка ми му рекла дека тој розевиот е Fresh Paradise ... и овој доаѓа и вика добро бе како може бреф со мирис на патлиџан, да ти мириса на патлиџан шољата, па дај салца ќе стаиме ако не. Он да ти мислел парадајз дека е тоа ... сум се тркалала до сеа!
 
Драга... :(
Прееска со една другарка бевме во Туш, затвориле две сијамски мачиња од најмногу 3-4 месеци во кафез, ја подадов раката за да ги галам, и почнаа силно да мјаукаат, како да ми викаа "Земи ме и спаси ме одовде":(
Ептен жал ми падна :( Дефинитивно некои луѓе сакаат да печалат врз маката на животните. Зарем мачињата се животни кои треба да бидат затворени во кафез?
Цел ден ги мислам, греота, ќе ги ретардираат кутрите, несакам ни да замислам ни да се запрашам дали и по цела ноќ престојуваат затворени таму, во кафезот:(
 
Кајгич,
Цело време сум ставен во положба да слушам како некој се жали!Неможам да ја сфатам земјава во која живеам,да земеш да кукаш за банални причини е незнам!Пред некое време,ненамерно налетувам на муабет:Абе јас го откачив него,не ми се свиѓа си имам друг! Сега : Абе ме откачија и двајца и тој што ми се допаѓаше,машкиве се идиоти,кретени,несакаат ни да ме погледнат,морини,блабла.... Па до кога бе...
Да не кажувам и за најновата жалба што ја попримив,зошто се родил во Штип,сакал во Велес и зошто мајка му е постара од татко му.. :facepalm:
Over and out
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom