Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Многу ми е убаво кога ќе видам двајца заљубени на форумов:pipi:..... Којзнае колку љубов се има родено тука...ме потсеќа на старите форумски денови.....
Денов малку депресивно ми делува, плус тоа сабајле ми улета дома поп со се врата мислам ме извади од памет....што нема да доживеам:вонзем: .
Не отидов на колоквиум го оставив на испит, ништо страшно ама ова бубаторсково во мене ме убива цел ден.
И пак да си се вратам на форумскиве љубови....убавинии ми го разубавеа денот се повеќе и повеќе нека ги има(y):pipi:
 
Еее кајги да видиш кој лепотан сум на сликите од апсолвентско табло :cool:
Мама рече најубав сам :pos: :pos:
Коа станав сабајлето ги видов и одма ја ставив да биде профајл пикчр , мора и ја фенси да сум. Сите ги беа промениле па одма и јас.
Ај сеа оди лајк да ми ставиш да не те испамирам со барање за лајк :P
 
За малце, арно шо влегов во нуклеарна.
 
Нека каже некој дека индиските серии не поттикнуваат на насилство. Секој пат кога од соба ќе ги чујам како пискаат, врискаат и се дерат од дневна каде баба ми ги гледа, ми доаѓа да го фрлам телевизорот низ тераса, да си пукам во колено и да здрвам некого директно во нос. :cautious:
Станав алергична и на јазикот што го зборат.:mad: Подебилно нешто немало и нема да се создаде. :facepalm: Музика до даска пуштив. Или тоа или лексилиум, друго чаре нема.
 
Како бе можеше толку да се размножат газолижачи ццц и тоа ги има уште од нај мали години па се до пред умирачка....од такви со затнати усти полни со гомна не ни ја бидува државата,демек од дома така ги учеле "ќути синко,по паметниот попушта" my ass....
 
А мори, зашо глумиците у филмовите стануваат од кревет со чаршаФот замотан околу нив после љубовна сцена? Мислам, кој нормален се понаша така? :confused:
 
Kajgi toa e toa so bide neka bide aj so gospod napred vecerva
sabajle koa ke stanam da se raduvam a ne da krsam testatura....
ajde bidna....
dobra nok kajgi
 
Внимание, следи епик фејл колумна на Венко Андоновски која може и те како да ве сецне на нерв. Имено, еве го фантастичниот извадок, па пресудете сами:

1. Стојам пред фрижидерот за сувомесни производи на еден наш голем маркет и слушам како младата госпоѓа пред мене, која инаку ја познавам, протестира: го кара момчето што ги сече саламите, затоа што не ги наредил парченцата печеница едно под друго, туку ги расфрлал по хартијата во која треба да ги завитка. Во право е: иако не е некоја голема работа дома да ги подредиш парченцата сам, зошто да не ти ги даде подредени, кога веќе машината ги исфрла така?

На нејзините укори, момчето одговори со мизансцена, а без збор. Ја повика со рака својата колешка, ѝ ја препушти клиентката, а ме презеде мене. И, откако се увери дека незадоволната госпоѓа си заминала, додека ме услужуваше, почна да бара од мене, на оној добро познат итарпејовски начин, да застанам на негова страна. Типичен менталитет на Балканот кај сите продавачи, таксисти, службеници – си тераат приватен муабет со клиентите како со нив да израснале, па дури бараат и пресуда во нивна полза ако овие биле сведок на некаков нивен конфликт. Еве што рече, демек за себе: „Госпожа! Не можела сама да ги нареди. Да не сака дома да ѝ појдам, да ѝ направам ордевер?! Ги пуштила ноктине како некоја мачка и ми се занесува... а бе, како никој пред неа не се пожалил досега?“ И бидејќи момчето гледа дека кај мене не добива некаква одушевена поддршка, додава, сега небаре целосно за себе (а повторно, се разбира, ме адресира мене): „Дај ми плата 40 илјади, па да видиш како ќе ги наредам“.

Мене почнува да ми се блуе од него. Отстапувам од фрижидерот, тој прашално ме гледа, јас му велам дека ќе се вратам, само да земам нешто што не смеам да заборавам, и зад првата гондола се скривам. Навистина ми се превртуваат цревата. Еден невоспитан лигуш, истетовиран на целата подлактица, некој што сигурно едвај завршил средно трговско училиште, што со сигурност преку врска дошол на тој штанд да реже салами, што не сфаќа дека тоа работно место е климакс во кариерата за неговиот пилешки мозок, што треба на тоа работно место да гледа како да е вработен во лабораторија на НАСА, е тој – ни пет ни шест, бара плата повисока од мојата!!! Значи – тој буквално, гледајќи го падот на сите вредности во општеството, ми вели (и мене и на сите) – плукам јас на вашите дипломи, плукам на вашите магистратури, докторати, на сите ваши години учење. Јас сакам, по кратка постапка, плата колку вашата, за сечење салами со подредување. И се враќам, и го гледам тој младич со истетовирана подлактица како уште незадоволно мрмори, па си мислам: тој едвај да има вкупно толку години живот колку што јас сум учел – 8 години основно, 4 средно, 4 факултет, 3 магистратура, 3 докторат = 22. Тој учел вкупно 12. А бара плата повисока од мојата.

Кој го научи така? Семејството, училиштето, политиката, медиумите, или сите заедно? Кој го научи така бесрамно да го посакува туѓото, она што не го заслужува? Од каде му е идејата дека сме јас и тој исти? Та нели расчистивме со комунизмот? Или живееме во еден тивок малограѓански неокомунизам (извини комунизму што те навредувам!), кој се сведува на обичен бандитизам – да се грабне туѓото на најбесрамен начин, без да се заслужува. Туѓа плата, туѓа кола, туѓа позиција, туѓо работно место или туѓа жена – сеедно.


Кој би рекол професоре? Прекрасен речник, да не спомнувам за потценувачкиот однос. Туше.
Цела колумна овде.
 
ДРАГА!:vozbud:

427865_356895147689393_100001067333203_1059823_1343405817_n.jpg


:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:

Фигаро II

Би го убила од среќа!


:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
 
Ќе бев задоволна еднаш да ми заѕвони мобилниот за добри вести !!!!! :place:
 
Се вратив Драга...дома сум.За прв пат во животот...се вратив.Одолеав на заводливото романтично небо,не ми е потребна повеќе постелата од ѕвездите,потребен ми е тој.Вчера за прв пат разговаравме за нашиот заеднички дом,за тоа како тој ќе ми вари кафе додека јас пишувам во соседната соба,се смеевме дури и за моментите кога ќе избијат кавги,дали ќе се крепиме во заедничка прегратка или ќе не делат студените ѕидови.Знаеш...обожувам да се лажам себе си Драга секогаш кога се во прашање емоциите,но сега ќе се осмелам да се излажам дека вчера за момент го видов своето прво дете во неговите очи.Додека седев вечерва меѓу туѓинци,наведната со погледот врз чашата црвено вино в рака,на лицето ми се појави насмевка а во мислите:''Ѕидовите ќе ги обоиме темно црвени душо,како симбол на нашата страст.'' Си заминав од таа задушлива просторија.Се вратив дома Драга...со нив,не можев да сонувам на мира.

 
Драга

Немам гајле. Ќе си поплачам денеска, ќе отерам се во бестрага но ќе ми помине. Утре од почеток. Ама немам гајле стварно. Од овие работи и ваквите денови научив да бидам тоа што сум. Единствено што посакувам е да можев да го прескокнам делот со плачењето. И ич не ми е гајле доколку некој си помисли дека сум слаба затоа што плачам. Солзите не се знак на слабост туку знак дека човек бил силен предолго време. Факт е дека некој работи ги има само во нашава држава. Исфустрирана сум лута бесна! Едвај се воздржав да не му ги фрлам книгите во лице на професорот. Јас полагам на 14-ти!!! На Велика Сабота полагам. Совест имаат луѓево? Или тој поим им е целосно непознат. Очовечетесе аман!
 
Драга Кајгана,
можеби треба да престанам да посакувам. Не сум тажна, не сум била одамна. Можеби затоа што го имам токму животот што го посакував кога бев тинејџер, од пред некој месец значи. :)
Почнувам да работам за некој месец, ми подарија стан за дипломската, ме чекаат апсолвентска екскурзија и одмор на Тасос, имам прекрасни, прекрасни пријатели кои што ги сакам најмногу на светот. А околу мене има само среќни луѓе, кои што си ја креираат иднината и го прават тоа ревносно, кој ти дава на денешно време бесплатна инспирација. :X3:
Факсот и љубовта се одлични. Среќна сум бе.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom