Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
ДК.
На форумов скоро сите теми што се отворени, завршуваат со расправија помегу 2-3 члена. Што инает ке беше во ова лугево, сите да се контраат, да не се услогласуваат и кога знаат дека е тоа така мора да реплицираат со нешто што не го мислат само да ја разгорат темата.Доколку би седнале на кафе и ја отворат темата ке се испотепаат со цел да докажат кој е попаметен и поинает. Дали е тоа дека сме во транзиција па секојдневно претрпуваат притисок од општеството, дали се фрустираат од тоа што не се подобри од другите?! Мене ми делуваат како незадоволни од други причини па тука се празнат. Се надевам дека ракометарите ке не обединат како кошаркарите и ке читам срекни постови со усогласување на форумџиите а не вака карање па и навреди.
 
Значи драга, ако не ме уништи ФИЗИОЛОГИЈА нема кој друг предмет.... Неможам!!!!!
Толку информации неможам ни самата да се изначудам, неможеш да прескокнеш реченица се од А до Ш поврзано ми се плаче :place:
во 12 и пол полагам повеќе од се ми треба да ми пуштиш ОГРОМНА СРЕЌА!!!!!!! :(
 
Значи Драга, јас не верувам во гатачки, бајачки и петок 13ти. Но денов ми започна шокантно!
Се јавувам кај мојот најдобар другар да идеме на чорба, лежи дома синоќа направил собраќајка и сите планови кој требаше итно да ги реализира му се поместуваат за еден месец. Си велам добро ќе му се јавам на другиот да го разбудам, го слушам на тел како да не е он. Што ти е бе, што плачеш? Мама почина пред 3 саати...Значи неможам да се смирам, ваков почеток на ден на Василица незнам што да речам. Денес не кревам на тел и не се јавувам никаде, ова сигурно е некој тежок ден. Ми треба ракија и тишина, да се соземам па да одам да „давам“ сила. Што се нема да чуеш за 15 минути...Животот е толку непредвидлив!
 
Кајги,
Кога мислам дека се ми оди, нешто ќе излезе, колку што сум среќна толку сум и несреќна. Ми се оди некаде далеку од се ...
 
Ми фалат кајги времињата кога не одев во школо без да ги пуштам Раце горе, Револуционерот (колку сум свршавал на одредени делови од песнава, по сто пати го премотував од 2:24 :D) и незаменливата Рецепт диско ремикс (Па ноќта падна, се палат фенери, викни СМПД , Смилен и Мите прават денари...:D). Секогаш се наоѓаше време и за Миксот од сите песни (заедно со преминот од Револуционерот во Раце Горе од 0:50 па натаму :drk::icon_mrgr:). Ептен бев simple human, ќе се разбудев во 11 божем да учам (кога бев втора смена) и до 12 и 50 само САФ ги слушав и си лежев во кревет. Ќе си го земев ранчето и пешки до школија, и после кидни си од трети и уживај цел ден :(
Убаво е од време на време да се потсетуваш на некои прекрасни моменти од минатото :icon_mrgr:
 
Леле смешковци ми пишува одоздоле ХАХАХАХА !
 
Драга, станувам сабајле у 8 ко будала, се качувам во автобус ме прават партал по нозеве, доаѓам пола сат порано за да повторам, биднува 10 асистентот го нема, 10:15 па го нема, 10:30 го нема. Мааа ќааао лепи, си отидовме.
Денеска во знак на револт, ќе го преспијам денот. :mad:
 
Еее Кајгич една песна шо сум си одбрал од тоа горните полици со прашина, на слушај:


EП10 ко за мене е.

Види шо убаво девојче сум нашол по нетов. Мислиш ли дека треба тренинг за нејзиниот талент а?

 
РОДЕНДЕН МИ Е МАЛА !!! :D

На Стара НГ сум роден, рака под рака секоја година, плус денес 13ти .... Петок 13ти пази. ;)

20 години, уффф it's been one hell of a ride so far !
 
Драга,
цел ден размислувам за некои работи и за тоа колку сум тапа за одредени нешта, ама што да правам, не можам да одам против себе. Цел ден преведувам германски и ми се стана досадно, па почнав да учам политика.
Инаку, ми се јави колешка ми, за да се видиме и сега чекам да помине среда со последниот испит и да излеземе некаде, после не знам колку време. Не е во добро расположение, ама ќе и го поправам, барем се надевам на тоа. И не дека јас сум супер расположена, ама сакам кога на другите им е добро. Денес не ми требаше ништо, освен малку разбирање, ама кога го нема, тоа е.
И така Драга... поздрав
 
Драгааааа денес е Петок 13ти and it's time for party-fun :vozbud::vozbud:
 
Драга Кајгана,
знаеш колку ми е убаво? Не знаеш нели? Си барам изговор за да ти кажам и да се пофалам затоа што се чувствувам како да имам само 13 години. :)
Постојам и мирна сум, како оние цветовите на полјанките во Ирска, ти текнува?
И сум опкружена со други такви прекрасни цветови во сите бои на светов, со сите мириси на светот, со се што може човекот да перцепира и замисли. И знам, дека треба да се плашам кога се во животот ќе ми се поклопи, зошто никогаш не може се да биде совршено, ама ... не сакам да се плашам, не сега, утре тоа. :)
Малку убавина:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom