Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Пак овој филинг на депресија зоштоооооооо кајгич ? поркеееееее ??
...ма како да сум изгубен у времето....па сета еуфориа со новата година ми се смачи не можам да слушам повеќе....нека летне месецов без маки мајке ми барем тоа го заслужив.
 
Ќе препукнам од тоа колку болка имам во себе. Ќе препукнам...
Дај нека каже некој лек да престанам да мислам на се и сешто и да се замарам со секакви небитни ситници во животот.
Ми треба одмор, морам да побегнам од се.
Немам сила веќе, се осеќам заробено и заглавено во безвременска димензија. Се будам уморна, заспивам уморна...
Премногу ми е ова...
 
Ќе препукнам од тоа колку болка имам во себе. Ќе препукнам...
Дај нека каже некој лек да престанам да мислам на се и сешто и да се замарам со секакви небитни ситници во животот.
Ми треба одмор, морам да побегнам од се.
Немам сила веќе, се осеќам заробено и заглавено во безвременска димензија. Се будам уморна, заспивам уморна...
Премногу ми е ова...
Meдитирај :)
 
Драга,
одвај ти пишувам, на грлото кнедла, не смеам да заплачам и нема.
Сакам многу да ти кажам, но не смеам.
Јебига.
Не смеам да се отворам, не смеам да потонам.
И мислиш сега ќе жалам ? Не ми се равни па за да тажам ради нив.
А општо за бедата нема веќе ни да зборам, цел живот сум дел од неа па никад не сум успеал да ја разрешам.
Сум на денови дел од совршен живот, за прв пат да помислам само на себе, за да биде се во ред внатре во мене.
И никогаш веќе нема да дозволам некој да ја стави во прашање мојата лојалност и добрина.
Врати се денови назад, ќе видиш дека не сум тоа дете. Искуството прави чуда.
Сепак на крајот сум тој со чист образ и со мирен сон.
Какви,такви имам другари и тука се за мене.
Можам и да сакам, но треба да стекнам доверба во тебе.
Колку и да вртам се се сведува дека ми е супер.
Само позитива, барем еднаш во живот.
Ваков муабет се кажува само еднаш и веќе никад.
Сум она се што ти ветив, а ти она се што не си !
So why go !?
 
Драга,
Транслации, ротации, вибрации. Сега да ми фрлиш петарда, нема ни да трепнам, чуствувам како ме боли секоја нервна клетка...
 
Драга,

Ги замаглувам стаклата на прозорците и после си цртам по нив,и ич не ми е гајле што имам 19 а не 9 години. И желно очекувам да падне снег,па да си ја накитам елката,и ред други работи да направам. Декември ветува многу ,а ја сум спремна да го дадам максимумот од себе :pipi: Зошто поради месеци како Декември верувам во бајки.

nakitenidrva12.jpg
 
Расположение lvl 300, можеби до смогот е у Скопјево онака позитивно ми влијае :icon_lol:
На ти песна
:свиркам:
 
Кајгич, шо е пореално?

Дали од курва може да стане добра домаќинка?
Или од добра домаќинка - голема курва?

П.с Годините минуваат, али некои денови никогаш.
 
Добро како може си бил и тоа и ова кога добро се сеќавам врска нема тоа не да беше одамна. И следеа коментари негови: Пази кола кочи, в ќош го отера, како вртиш така, џуптино со шпедитеро :pos::pos::pos::pos::pos::pos:, на тротоар се качи :pos::pos::pos::pos::pos::pos:.
Па се објаснив да се опушти шо му е гајле не е негова колата моја е, ако сакам низ кружен без вртење направо :icon_lol:.
И седнавме на маса добри луѓе со фини карактери сето гулабари освен јас, па едно два саати слушав за летање на гулаби сорти на гулаби, стрижење на крилја од гулаби ако му фателе на некој што не се мирисале, лепење со секундарно на опашките и тоа :icon_lol:.
Се најадивме се напивме и си дојдовме :icon_lol:.

 
Ова не е мое место, не е мое време.
Не можам да се снајдам во ова општество, не можам, се осеќам изгубено и безцелно. Не можам навистина, се за што некогаш сонував, најверојатно е некаде далеку. Моите сонови сега припаѓаат на други луѓе.
Грутка имам во грлото, ми се вришти, ми се плаче. Смачено ми е од цинизмот, паметњаковичите, јебига дури и Хаус серијата ја замразив заради човечињата кои мислат дека се интересни да плукаат на све со нивниот хаус хумор.
Не можам, почнувам да се давам. Ми треба одмор од луѓево. Од сите. Туто комплето. Да отидам некаде сама. Како степски волк. Пошо така и се осеќам сега.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom