Кајгич....
Незнам зашто ама немам доверба во некои личности што ми значат.....Ми треба многу долго време за да им се отворам поради толку разочараност се плашам дека ќе бидам пак повредена. криво ми е тоа што некои личности од кога ќе стапат во врска многу се менуваат...:/
Празнинава во мене што е се плашам дека за секогаш ќе останее, се плашам дека веќе нема да имам во никого доверба дури ни во самата себе.... А не сакам, си ги сакам назад најубавите моменти кога мислев дека не сум сама ( иако бев ), дека има некој кој ме сака ( иако не ме сакаше ), дека некој е секогаш до мене ( иако никогаш не беше ) ... Да после 4 години сфатив многу работи кои ме оставија без зборови.. остана со мене само ТИШИНАТА!!! Најубаво е кога ја слушаме тишината. Во неа можеме да се слушнеме себеси. Бидејќи повеќето луѓе го слушаат само она што сакаат да слушаат. Но, во тишина можеш да го најдеш својот мир, да ги оствариш своите желби, да ги исполниш своите потреби и да се чувствуваш задоволен... Има многу вредни моменти кога наеднаш престануваме да зборуваме и се што слушаме, и се што сакаме да слушаме е тишината. Се прашуваме зошто не сме го послушале внатрешниот глас и не сме проговориле ниту еден збор, туку останало длабоко во нас…без разлика дали станува збор за согласување ,благодарност или едноставно извини. Тишината е како место каде што ние се сретнуваме со нашето внатрешно јас, место за медитација, како место за самоспознавање. Во тишина ние можеме да го слушнеме своето вистинско јас. Денот се намалуваше, ноќите се зголемуваа !Верував во едно другарство и сонував и мечтаев за истото.Надвор ветерот силно дуваше мислев на Кики солзите течеа по моето лице никако неможев да ја извадам од мојата глава ..ветерот се обиде неколку пати да те симне од мојата глава, но срцето беше посилно и не го дозволи ...Уште верував во нашето пријателство.Секогаш бегав од реалноста дека некогаш ќе пукне меѓу нас.Ти ме повреди, а јас наивна повторно тргав по тебе и нашето пријателство.ТИ мислеше дека не сум вредна но никогаш не знаеше дека ГРЕШИШ!!!Велат ,, Надежда последна умира ,,но кај мене веќе умре.Стамав ја исправив главата и зачекорив со насмевка на лицето, незјаејќи што ме чека..се смеам однадвор, а внатре плачам.Залудно е се...залудно верував во нашето пријателство.Ако некогаш те повредив и ти скршив дел од срцето твое ИЗВИНИ!! Било ненамерно!! Се прашував ЗОШТО не ме послуша??!!Сите прашања што можев да ги поставам, ги поставив. Најчестото беше “зошто“?Секое зошто има свое зашто. Ова нема! Но знаеш што драга.... Толку научив или имав храброст за да научам..незнам...колку и да ме повредуваат нема да вратам...колку и да сум сама,болката е со мене..колку и да сакам ќе преболам како и да се насмевнам ќе добијам крива линија, колку и да ми тврдат дека им значим- МЕ МРАЗАТ!! Колку пати да ми кажат дека ме сакаат- САКААТ САМО ИСКОРИСТУВАЊЕ,како и да се насмевнат во срцето ме газат,колку и да сум добра пола мислат дека сум лоша а другата половина им се радуваат на моите солзи,но изгледа незнаат дека има солза од среќа незнаат дека секоја солза не е од болка, но тоа е што е колку и животот да те повредил е убав за ЖИВЕЕЊЕ и во каква и средина да живееме е УБАВО!!!!
Ах.... Ти благодарам драга што ме сослушаа!!!! ♥