Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Кајги

Не сум јас чоек за работа. Хахаха :D Не, сериозно, ич не си ја сакам работата, само парите. Среќа шо е само сезонски.
Синоќа бев на Суперхикс, си поминав прејако пошо на Суперхикс немојт да се поминит неубо, се изнаиграв и по малце настрадав во шутки-нешто од шо сама се силев, нешто од шо имаше општи турканици. За вакви работи во животот посакувам да бев машко (покрај то, посакувам да бев машко за да не сум мета на мањаци, ебати дебилите). Се прибрав во ниедно време, спиев само два саати и во 7 станав за на работа -.- ПАК! Денес сум уууумрена за спиење, а богами имаше и многу работа и среќа шо е слаба сезоната годинава за да не добијам попуштени вени на нозете на 17 години :P
Сега си слушам Bernays Propaganda и малце ми е криво шо не бев вчера Струга на Дојди Веслај, ама пак ќе свират на 13ти на некоја плажа, па се надевам ќе сум во можност да одам.
Сакам одмор, сакам да одам на плажа, сакам да скитам до ниедно време без да се пцујам сабајлето ко ќе го слушнам Алармот, сакам ко чоек да си го прележам мамурлакот со влечење низ дома од стол на стол, а не на работа да се предозирвам со кафиња за да можам да издржам АААААААААААААА! :D
Добро, самата си ги сносвам последиците од одлуките и не сум должна ништо од ова да (не) прам, ама полесно ми е ко ќе се жалам на све и свашта :D сакам да ги искажвам емоциите, во мене внатре е премногу тесно и не планирам да собирам секакво ѓубре муахаха!

(За некој ден ко ќе земам плата на сите овие работи ќе заборам :D )
Те бакнувам. Ојдов на роденден :*
 
Д.
не викав дека беше лошо се додека не дојде една тетка со бркови и мала брада и ме избаци три пати во образ со сочна плунка :notworthy: не ми се верува бе. ја се тргам, а таа упорно ме тегне накај неа.
одам да се поздравам со сите и заминувам од оваа планета...........
....бај.....
 
Леееле колку имам да ти кажуем еј.. (:
Ко ќе сум при нет, ќе ти кажам све (:
Само потсети ме, добро?
 
Драга ...

какво тренингче си имав вечерва, уфф!!!! Ама утре се ќе ме боли осеќам! Нека боли :)
 
Лјубовф јас се прибрав... ти фалев ли? ама искрено???? леле срце прекрасни 10 дена, беше убаво сакам пак... не ми се навлегува у детали... само кога го видов Велесов ми се стемни пред очи.. е така..
 
ZkWI3.jpg
 
Кајгич у Крушево, да...Пак...Бели јамболии, да... Требаше Суперхикс и Џајковски у Крушево да ги донесат, да. Кајгич викам длабоко у себе, знам не можеш да ме слушнеш. Незнам дали некогаш у тебе имало некогаш толкава потреба од ждригачко викачка поезија, али вечер ако се доклепам у Крушево сакам да се напијам многу. Да му турам малку алкохол на Гласот у мене. И да викам...И да еб*м...И да паднам покосен...
 
Драга бе,
да не даде Господ да се разболиш денешно време, ќе си умреш у ходниците гнасни болнички.
Не знам на кај оди ова,ама полошо никогаш не било, посебно сега кога сите тераат годишни одмори.
Пола саат и повеќе седев ко безгласна буква во собата за преглед додека лекарката и расправаше на сестрата како си поминала на одмор и за тоа колку е задоволна од тенот што го добила. :tapp:
Пријателите на лекарите како и секогаш имаат предност, па ајде ги ислушав и нивните проблеми.
За на крај да ме претепа со 1 минутен преглед. Тукуу ај да не се распишам...се` на се`...здравствениот систем во Македонија SUCKS!!! Сега повеќе од кога и да е. (n)
 
Драга
кај најде сега баба да се разболи :sick: сега баш пред Хрватска кога треба да одиме.
и ајде жити се како ќе иде сега мама???? како ќе се чувстува таму, додека нејзината мајка в болница лежи??? ова стварно не требаше :( жал ми е за баба стварно. многу си ја сакам.
бабичке издржи, ќе помине и ова :*
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom