shutrak
opsenar
aj prvo kafica pa posle bistre mu ja

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.

Убаво викаат, јади Тамара јас паметна се правам..Ама што да правам бре ме скренаа. Не се прибирам дома, навака натака. Пази луѓе болни вакви онакви.Да ти кажам право кога го видов бато уште толку ми се слоши.
Едвај чекам да легне да се наспие да пројде ова. Уф вчера мајке ми ќе се онесвестев еј. Ќути сега ми е подобро па дури и јадев. 

...Гледам у десницата целата у крв, на коленото како што паднав две три стакленца малце боцнале и пуштиле крв а ни лактот не ги промашил.Не толку крв колку болка ама сепак...Станувам и стакло паѓа од мене, лустерот беше така поголем малце (а му викав на тато два месеца го молам плафоњерка да ставиме)...Од лустерот само сијалицата остана и од едната страна нешто успеало да се задржи горе ама висеше и прашање на време е кога ке падне.Собата лом.Како што не беше исчистена од синоќа, алишта расфрлани на сите страни, патиките тука ми беа до масиче, вришти музика ненормално, стакло на сите страни, јас у крв лежам на земја како војна да имало во собата.Све ме боли а ми иде едно смеење што да ти кажам.Неможев сам па отидов до амбуланта да ме средат малце еве сега се вратив од амбуланта ме преврзаа и рекоа не е ништо страшно.Потсредив малце собата и седнувам сега да пишам овде и се газам од смеење и влегува баба у соба и вика саше на вратата на фрижидерот има крв
...Добро бабо и враќам.Ама има и кујната и у купатило вика.Што си правел од сабајле ти? Јас малце поспав повеќе ми вика...Се газам од смеење ко ненормален.Се вртам и позади врата стаклото што го собрав си стои таму, од лустерот горе виси парче, под кревет неколку парчиња поголеми баба ме гледа се чуди и неа не и е јасно што се случува а не го оприметува лустерот.И викам бабо се исков малце.Стара е што е стара ама не е до толку отидена ако се исечеш малце неможе од тоа и на фрижидерот крв, и во умивалникот во купатило, по вратите кај што се фаќав, по ходникот ми капело, у кујната имаше исто.Ме погледна така чудно пошто се газев од смеење и си искочи.Налет.Неможам да се смирам уште ми е смешно и неможам да сватам што се случи а кога ке дојдат старците вечер ке има викање.Како и да е јас ке си го платам ама кој ке ги слуша како не сум пазел, ваков сум бил таков сум бил.Кутриот јас што ме чека.Ај поздрав драга јас и така два месеца немав пишано на темава и викам ајде ова ке биде интересна вест да се сподели.Нек се смее народ....