Драга Кајгана, рандом членови, xenFacebookOro срање, ценети лајкови и статуси;
...ова као демек претходница на некој епски панчлајн за тоа како сум го запознал Чомски, па сум потпрднувал од среќа.
Мразам такви.
Го мразам фактот дека луѓето си ги истураат внатрешнините на места на кои серењето за one's private life е тагнато како комерцијално исплатлива потреба на општеството во ерата на субординација и корпоративизација на индивидуата.
Фактот дека одзивот на фејсбук феноменот се брои во милијарди и дека на темава, во серии се напишани трицифрени (помножено со три) броеви на страни, укажува на три основни заклучоци:
Прво, човекот се помири со тоа дека реалниот свет ич ташак не го боли за неговите размисли и соништа, па срка сатисфакција преку тоа дека некој му ја лајкнал сликата пред спомен куќата на Тоше или му коментирал со суперлативи на неговите copypasta теоретизирања за релевантноста на Аyn Rand во контракциите на модерната социо-политика.
Второ, може да се лаже. Секој може да проектира слика за себе и таа слика да ја процесуира преку моќта на интернетот и фотошопот. Колку и да е жив срам и помор во живо, виртуелниот индивидуалец на форум е Моцарт, а на Фејсбук е Шалвардор Дали.
Трето, преку лажењето и проектирањето лесно се доаѓа до "истомисленици". Другите сервилни дронови на нашиот квазиМатрикс исто така лажираат величина, па по принцип дека во лудница- нормалниот е луд, нивните илузии стануваат взаемни вистини. And thus, a beginning of a beautiful friendshiplationship.
It can, in rare cases, backfire. Братучетка ми(инаку френетичен зависник од фејсбук) ми кажуваше за некоја типка од Македонија која се зацапала у некој тип од Шознамкојадржава, и тоа на фејсбук. Типов бил океј по сликите, плус и паметен бил и ситуиран. Земала нашата горда спонзоруша, се качила во авион и отишла во Шознамкојадржава за да го мажи овој. Коа типот да ти бил инвалид. И светнало на малава нешто у стил "Аха, ете оти цело време се сликал само до горна половина на торсо!!1", па го одјебала и си се вратила да си бара подобра прилика. Сум се смеел бетер од талибанец кога гледа бебе на американци како паѓа од седми спрат.
Такви случаи, сепак, се ретки. Многу е полесно да имаш некаква CV-like претстава за оној кој платонски или демек-платонски те интересира. Во зависност од степенот на очај, можеш да фрлиш сите огледала низ прозор и да се претопиш во илузијата, со коефициент на happily ever after.
Туку, батали тоа.
У опција сум за параасистент(океј де, демонстратор) на факултет. По макотрпна битка со stage-fright, конечно моите надредени видоа дека можам да задржам внимание на клапчовци подолго од десет минути. А тоа е успех. За нив да внимаваат на предавање е како да држат глава под вода. Десет минути(фигуративно, нали) се хипотетичка смрт за нивната comfortably numb парамециумност.
Ме предложил асистентот по социологија и филозофија. Ако си на правен, а те предложат за асистент на асистентот по социологија и филозофија, тоа ти е исто како да ти кажат дека не си ти бе за правник, туку за вербален куродрвец.
Duuh, academic enviroment...i is aware дека за пракса ме бива исто колку за шутка(метро шеесшес, пеесдевет кила, you do the math).
Инаку, in the other highlights, запознав двајца фанови на Дејвид Линч и уште тројца нови поклоници на делото(па и ликот) на Кроули. Едните испиздија на моментот дека треба да ги слушаат Bullet for my Valentine, ама наназад, за да добијат ерекција на нивниот умислен wannabe neonoir смисол за уметност и да ја нахранат нивната несакајќи емо подфабула на лимбо смислата на постоењето...другите, како и секогаш, влегоа во rage mode моментот кога се спомна институционализирање на учењето на Кроули.
Запознав еден тон чудаци. Ед..ен од нив ме тераше да одиме во оние шабанерски дискотеки, да пушиме цигари внатре и да фрламе пикавци во гужвата. As a statement.
Запознав и сродна душа. Штета што имаше 17 години, а јас совест.
А да, и ќе одам за Грција, ќе седам месец дена таму и ќе ги трошам моите пари за да заздрави нивната економија. Пушете кур, нео-конзервативци, јајцата на колосусот гарант се поголеми од тие на коњот на воинот на коњ.