Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драгаа мојаа Кајгии
Деновиве сум многу среќна, незнам дали е до периодоф или нешто ств се променило на подобро, али одвајј чекамм ее сеа дое викенд...Искачање врткаше лево десно:):):)
Деновиве дома само за спиење си идам:):):):vozbud:
Поздрав најдрага!
 
Здраво Кајгана.

Можам само да се заблагодарам за прекрасната вечер.

Кој ја организираше?

Јас имав удел во организацијата, тоа сигурно.

Сепак, би сакал да мислам дека беше тимска работа. И дека сум важен дел од тимот.



... фактот дека овие зборови ти ги пишувам тебе, Кајгана, е избор. Можев да не ти напишам.

Но видов што значи некој едвај да чека да остане сам, за да може да се јави и чуе по телефон со личноста што ја сака.

Дека јас некој таков немам

и сум немал

или сум имал па сега немам



е избор.



Поздрав.



П.С. „Сè што не е дадено е изгубено“ - Индиска поговорка. Тоа е единственото нешто што ме повлече да притиснам „Испрати одговор“, наместо просто да го затворам овој прозорец и овие мисли никогаш веќе да не се изговорат никаде.

П.С.2. Се надевам дека Индиецот/Индијците што го изговорил/е ова е/се во право.

П.С.3. Значи, човек е изгубен дури не се даде. Кога ќе се даде - се наоѓа.

П.С.4. ...

П.С.5. Бестрага, зошто мораше Homo Sapiens да биде до волку комплициран?
 
Ех од кога сакав да пишам. Од дождливо-ветровитиот ден кога кај Југодрво ќе ме кренеше на хауба кола со калифорниски регеистерски таблички. По втор пат. Тенк ју!
Судбина.
За некој 6-7 саати треба да сум во воз, па на забар.
До тогаш треба да си легнам и да отспијам.
Денес јадев сладолед после една цела година. Се засилив да мснам три топки ама јок. Саде две. До сладоледеот беше. Благ до немајкаде.
Имам нови жолти чевлички. Сакам шашави чевли и чудни комбинации.
Спремам работилница со малите.
Јадам многу зелка.
Џурџица се врати од Eurotrip. Едвај чекам пиво -седенка за да видам дали го исполнила аманетот шо и го оставив.
Онаа другана акна Србија на семинар. Докторицана се едуцира ли се едуцира.
Јас?
Чекам сесија и се повеќе се воодушевувам и ежам од Wilfred Owen.

Денес изложба. Фино и покрај фрките на авторот. Да му се множат.
Кикирики и нежности на клупа и среќна сум.
Утре дома. Да се наполнам.
Скопје е напорно.
Дома е спокојно.

Сега кревет во жолти пижами и развлечена маичка.
 
Бреј ама сам спаја... бреј ама сам спаја... бреееј...
 
Кајганче!
Дишам, повторно!
Aх, како само се изнамачив душичката ми знае.Како и да е, се радувам што денес ми е подобро и што не се разбудив со огромна болка во стомакот и гадните нагони.Осеќам дека и за мене сонцето ќе огрее денес:).Бар малку, зошто не е фер јас да лежам и да се мрзнам дома, а да пече сонце надвор како вчера:(.
Ќе внимавам повеќе, ветувам.Ова ми е за памет за друг пат, море за секој нареден пат!
И денес ескивирам од факс, нажалост.Чудно што ми недостига, за колегите и не е толку:))).
Одам јас да се опружам на фотељата, да искористам додека немам никој дома:icon_lol:
Baci:back:
 
Kајганке ....
Рано станав , учам , цел живот го поминав во учење се мислам дали цело ова ќе ми се исплати некој ден .
Сепак останува да се надеваме и да уживаме во другата половина од денот ако е сончев , а ако почне да врне ќе ми се растури планот за шеткање во Ramstore :pipi:
 
Драга
После долгото отсуство од школо глеам ништо не се изменило...што е работава незнам :).Него неојдов антички ,за Ѓоко Танески нешто спот за норвешка ке се снимало и сега ми е криво...

зае*и друг пат
 
Направив нешто што не е во ред и се чувствувам супер поради тоа :icon_lol:. Дилемата беше дали да оставам да ме прават будала па се да биде во ред или да не оставам да ме прават будала и да не биде во ред. Уште кога дојдоа знаев зошто се дојдени и една секунда филозофот во мене дебати водеше што е исправно а што не, потоа зошто исправното е исправно а погрешното погрешно, наредната секунда воинот во мене го избрка од сцената филозофот со зборовите бегај ќе заебиш работа. Низ вениве и артерииве проструи сибирска температура, јас сум бад ас мадафакар :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:, одговори кратко и јасно сигурно во себе со длабока темнина во мојот глас :icon_lol:. Можеби не беше во ред ама не оставам будала да ме прават и се чувствувам супер поради тоа, воинот во мене ја истера работата како што ми одговара.
Порака до себе: Сеуште имаш трема во желудникот нулирај го тоа има да биде топ на топ.




П.С. Даде ми вика сите се жалале дека им паѓал интернетот, додека кај нас не паѓал :icon_lol:, е и викам дали знаеш зошто не паѓа кај нас :icon_lol:, дека редовно ги плаќаме сметките :pos::pos::pos::pos::pos:.
Паѓа интернетот нека паѓа ама ќе дојди Суљо со ортомата :icon_lol:.



 
Драга,
The Ilindenska Bulldozer Massacre почна.
23042010451.jpg

Од друга страна, лалињата ми се се' уште тука.
24510421546967845673652.jpg

Животот е убав, времето не, јас уште во Охрид не сум отишла, а не очекувам ни да одам енитајм сун. А, да, и вода немаме. За предизвикувачот на таквата нелагодност, погледнете ја првата слика.
Ај одам да слушам музика. Работа-никако!
Н.
 
Свиди

Петок,сабота,недела,понеделник во Скопје.Зарем можам да посакам нешо поубо?
мх мх мх
me like it.
И си ги обожавам новите пиџами со голем був на нив(колку само мизерна и непотреба информација-.-)
Денес за малце ќе ме имаше во спотот на Ѓоко Танески!Е!
Ама не ми се чекаше пола сат.
А каква шанса боооо:доги:
mwa
 
Кара миа...
Само два часа у школо јухииии кој е ко мене :pipi: Играа нашиве фудбал у салата Расадник па по 5 деца од секој клас ослободени за публика.Од мој одма 5 машки се нацртаа ама НЕМААААА одма реагирам како така само машки ли сакаат фудбал и добро ајде и мене ме запиша класната у список ама пак шубе ми е као другачките да ги остаам на часови и викам Еех професорке само јас ли девојче таму... :) и добро ајде една по една една по една и сите женски ги ослободи:pos2: коа видоа другите машки се побунија и они и на крај цел клас не ослободија :pos2:
Многу сакам вака кога правам добри дела:pipi:
Стигнавме таму порано па го гледавме натпреварот и помеѓу ЈБТ и Брицо-нормално дека фискултурно победија ама ЈБТ сепак се држеа, алал да им е на децата!
Кога почна натпреварот меѓу Моша и ПТТ ете ни ја директорката наша и оп до мене да ти седне у публика :vozbud:Ми вика „Машала машала цело школо дошло“
Не поминаа ни 5 минути прв гол, втор ,трет, после четвртиот престанав да ги бројам!:kesa:
Не утепаа, не згазија, НЕ ПОРАЗИЈААААА! Да губеме од Брицо па да не ни е многу криво ама па од ПТТ :tapp::tapp: Резултатот 0-7 :kesa:
На крајот изглеа им падна жал па ни попуштија ставија нашиве три гола-колку да не сме без ич.
Краен резултат 3-7 за ПТТ. Сега може само да се бориме за трето место против ЈБТ. Затоа што веќе видов како играат децата им го честитам третото место:smir:
:salut:
 
драга
си дојдов дома конечно :pipi: на школо од глупаво-поглупаво-најглупаво. утре треба рано да станувам за на тренинг ама ич не ми се оди. нека ме отпише гзот ме боли.
денеска сум како да не сум видел спиење 10 дена, а имам спиено 8 саати што се доволно. јбг.

хајт :back:
 
драга..
лајф сакс...од време на време...ваљда е до времево...али ај ќе биде боље..мора да биде..така?

од денес строго...заеби љубов не љубов...ќотекот од рајот е излезен..
:back: и на мене.
 
КимЌејјј !
...каква Легија, каква Токсикологија.. какви Конект (: Ова вреди за сите заедно.
Ќе го скршам (:
Уф.
Ама сега знам. [памти шо сум рекла!]
Топење на глечерите..
Мислам дека се заљубив :па..: <3
.. не е добро тоа ! (:
Не бе не (:
Као да отворам уста сеа? Цеела вечер иам пред мене. И знам дека ќе се вратам дома и пак нема да кажам ништо од тоа што треба.
Unless.. (: :ангел:
.. Ко да ми донеле чоколадо се радуам (:
За малце ќе си напраев беља.. ама ете глеаш нешо ме натера да чекам (:
Да знаеш дека ќе врне вечер ! Нели мора. Или Марс се гледа ко месечината или метеори паѓаат. Нешо да се дешаа :)
Као би станала сеа да се измрдам.. but ma folks' ll think I finally cracked.
Те молам репертоарот да ми е погоден.. jus dis time (:
Оо да.
Не е убао, ама се убив од смеење на туѓа несреќа.
But it's so.. FUNNY ! [Danny's style of sayin ].
Touch da ceilin baby ! (:
Ciao !
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom