Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Passed down to you....
It`s great to be surrounded with me buddies, especialy the close ones. Ќеф ми беше шо ме изненадија одредени луѓе. У позитивна смисла мислам. Чоек, да патуеш од едно место и да доеш без да симнеш патики од патот.... Ги сакам и секогаш ќе ја имаат мојата почит.
Сеа листата не беше комплетна но тоа не мора да значи дека пропаднал светот. Ќе има и друг пат.
Џезот на исполнетоста повторно свири во душата.
So says Saladin...
 
Драга, одамна не сум ти пишал.

Веќе е вчера, 18.09. И` беше роденден на една од моите поблиски другарки, а јас не и` купив ништо. Само и` се јавив и честитав. Ме воодушеви кога ми рече „Да ми бидеш здрав и жив.“ Зошто секој нејзин збор јас морам да си го извртам 500 пати во глава? Зошто го памтам секој чекор со неа, секој нејзин збор...дури и памтам каде го кажала тој збор. Зошто пак минувам низ тоа? Зошто го памтам дури нејзиниот мирис? Зошто колку и да се обидувам да ја заборавам, се` повеќе не успевам и се` повеќе мислам на неа? Мојов пост треба да се вика Зошто. Ах, драга...тешко ми е. Знам дека и таа мисли на мене постојано, ама не сакаме да бидеме заедно. Не смееме да бидеме заедно. Не, не сме роднини. Ама едноставно не смееме да сме заедно. Сакам да престане да ми се восхитува и да ме величи насекаде. Сакам да престане да ме гледа како авторитет и секогаш да ме прашува дали нешто е добро или не, дали треба да продолжи со нешто или не и сл. Сакам да живее. Сакам да се цени повеќе самата себе си. И сеуште не ми е јасно. Она што и` го посветив не и` се допадна...или само сакаше да ме натера да се трудам повеќе?
Патем сум ти кажал колку прекрасни личности имаш овде? Си знаат тие тројца кои се. Можат да ти го разубават секој ден (или вечер). Башка тоа кога ќе те видат оддалеку доаѓаат да ти кажат „Здраво, како си? Што правиш?“ иако не си им успат.
Па драга, да поразгледам уште малку и да земам да дочитам книгата од „другарка ми“. ПоздраФ.
 
Драга...

Не сум спортски фан, не сум фан на кошарка, не следам натпревари...
Кога почнаа нашиве да победуваат, имав ваква фацка,
blonde_dude.png
..
Не се замарав многу, али се радував како шо напредуваме...
Кога видов како Мекејлеб се радува, и се дере на публиката „Македонија, Македонија...“ - си помислив, Е ова е бесценет момент..
Кога беше полуфинале, чувството кога гледаш како шетаат луѓе со знамиња, шарани по лицето, со шалови и дресови, не можам да ти опишам колку бев горда и колку пати се наежував на глетката. Како шо пиша некој претходно, се осеќав ко конечно сите да сме обединети и да не се замараме за различние погледи кон светот, сите насочени кон кошаркарите. Уште еден бесценет момент... Подоцна, за прв пат асално седнав да гледам натпревар и пцуев на секоја утка и секој даден кош на Шпанците...
Али денес мислам дека беше врв...
Ги изгрицкав сите нокти, лакот од сите го откорнав, знамето шо го носев на грб го превртев 10 пати, бев на работ да заплачам 2 пати. Еднаш во 3та четвртина, зашо мислев дека е крај. Нуб сум, да. И еднаш пред вистинскиот крај. Не можев да одлучам дали да глеам у телевизор, во кој од двата да глеам, дали да се пикнам некаде или да глеам реакција на другите.... Осеќав како ми се шири адреналин, се тресев и се препотував....
Напета утакмица...
И покрај тоа шо технички изгубивме, се гордеам со нашите успеси, им ги испотија гзовите и на Шпанците и на Русите.
Докажаа дека се достојни и јаки противници, и дека треба да се плашат од нив...
Утре се надевам дека плоштадот ќе ечи и грми од викотници на гордите Македонци, и се надевам ќе бидам дел од пречекот на нашите херои.
 
Ах мори кајгано кај крајот ќе ми биде ако цела недела ми е посрана како ова понеделничко утро.
Како прво моите лесно раздразливи нерви се при крај, а сеуште не сум почнала да го средувам хаосот околу мене. Главата ме боли, таму ладно тука топло. Не можев цела ноќ да заспијам, мислам оваа е уште една ноќ од низата непроспиени. Изгледам како некое зомби, со подувани подочници, размачкана шминка и наелектризирана коса. Се уплашив кога се видов, ќе мора прво да се средам па да одам да ги средувам работите. Имам еден куп документи за средување, си дремат така веќе извесно време и фаќаат прашина, фрлам по некој бегол поглед и веднаш мислите ги окупирам со нешто друго, со надеж дека еве ако постои господ да ми парати некој да ми помогне, но знам дека не постои и ќе морам сама да ги завршам. А се е толку заплеткано, замрсено, ај не сакам повеќе да мислам туку да си загреам столчето, да запотам дупот и да ги доведам малку, од малку работите во ред. Ќе биде сето тоа само ако ми издржи компјутерот и тој колку ли е зарибан, забревтан, брчи како хелихоптер, полн со прашина, вируси, непотребни работи, ама си кажувам како за фалење да е работата. Туку ајде едно по едно да средувам, ама како..знаете ова ми е еден од оние денови кога не ви е дојдено ама баш апсолутно до ништо, кога сакате по цел ден да ленчарите и мрзоволно да се поместувате од еден крај на друг. Уфф го мразам тој филинг...:mad:
 
Dear KG..
Ќе ти пишев како си го средив животот, али кого лажам бе.. :tapp:
 
Драга,

Клише секојдневие со постојан интензитет и тонус,со топло кафе до мене без кое денот не може да помине.Првиот официјален ден на факултет помина во најдобар ред.Би било неблагодарно да се пожалам на распоредот кој изгледа навистина ми се погоди.Јас истата сонлива и жолто - кафена,неам човек до мене со кој би можела да го споделам тоа.Ден однапред испланиран,единствено мала доза на свежина му дадоа мојве кој ме изненадиа со мојата омилена торта.Фала ви ^^Презаситена од секојдневиево,низ глава секавично ми поминуваат работи кој би ги направила а ниту една од нив не ги анализирам ниту задржувам предолго.Ја чуствувам есента.Неа ја сакам да,толку ми е мистериозна романтична-ме инспирира.И додека сите работи ми поминуваат низ глава и ми гo рушат спокојот,јас цртам.Цртам во неправилни форми без контури во илјада нијанси.Само јас ја разбирам оваа слика која е нејасна и безсмислена за другите.Зошто сликаш? Зошто упорно ринеш по платното со суви четки?-одвреме навреме прашуваат.Затоа што боли помислита дека треба да заборавам да ја цртам оваа слика,па затоа упорно шарам по неа иако веќе е далеку од мојата замисла.Скришум цртам и ги подвлекувам линиите,оние најбитните.Би сакала да ја нацртам одеднаш да кончено ја средам и и дадам живост.Но не ќе ја оставам едно време недоцртана, малку само колку да здивнам и да си ги средам мислите.Сепак тешко е да се црта со суви бои и без инспирација...Агонија од зборови кои имам да ги кажам.Сомнежи,несигурност борби и фантазии ги пуштам да пловат без ред. Или само барам совршено алиби за да насмевката и чуството на задоволство и спокој кои ги чуствував повторно да ми се вратат? Причина- повеќе од доволна... Алиби- совршено....
 
епа Драга сите ти се фалат како поминале на првиот ден од факс!! А јас ќе ти раскажам за третиот ден...хахахаха ...нашиот факултет е многу напреден да можат и од 1 сепмтември би почнале!!! Небитно...Сега за сега се гура не е толку страшно има откачени колеги и колешки кое поголем дел од предавањата ни поминуваат во смеење но за една недела ќе плачеме ..бидејќи КОЛОКВИУМИ се ближат!! Мора да се загрее столчето...но кому да кажеш :P
Нетот поважен од колоквиумите како да ми е -.-`
Мора да се освестим во Најбрзо време ако не сакам до година пак да бидам прва година!!! Ајдее почни да ме бркаш додека не ми е касно!! :pipi::ROFLMAO:
 
The hell with it. Fuck 'im.

Копиле е. Не ми е јасно зошто ни го направи тоа денес? Зошто да се одмаздува на нас? Ја и Маци ако не сме заслужиле, па добро кој тогаш? Кој? Онаа глупачана? Ма дај... Дали е тоа? Но зошто на нас, каков човек е тоа? Ах кога само би знаел, кога само би можел да ја осети мојата кожа. Еден ден. Ништо повеќе.

Повеќе од јасно ми е дека намерно ни го направи тоа ама... шо му е целта? Колку сум гневен на себеси. Лут. Не ми се живее.

Ќе идеме после негде со... ќе се напраам дрво. Ќе се начукам. Неможам. Сите болки на срце ги ставам знаеш. И ќутам. Ги трпам сите неправдини кон мене, и само се таложат... не се бунам за никој и ништо. Тоа ме плаши. Ќе ме преовладаат еден ден. Ми се плаче колку ми е тешко. А шо ако заплачам? Ќе ми го реши ли проблемот? Не. О боже колку многу прашања се само заради инатот на едно говедо. Говедо. Тоа не е човек.

Што ќе биде во Петок? Што ќе биде? О кога би можела да ми помогнеш и одговориш...
 
Ајде ветар дожд есен. Сите тие тешки емоции и празни чувства се измешаа со еуфорија и манијачко добра атмосфера. Дувам во тоа вувузелата триесет секунди, бегајте возот иди :pos::pos::pos::pos::pos:, Ч. вика што ти значело човек што цел живот не пуши цигари, ама тоа не е толку голем факт колку што имам гради до мадина :icon_lol:, бенчот ми ги прошири :icon_lol:, растегливи како хармоника :icon_lol:. За другото не пишувам туку за третото сега :icon_lol:.
Се чувствувам пак како да сум ја направил истата грешка и ја направив, значи не треба да се брка ништо, туку да се дозволи само од себе да си дојде тоа нешто, ако го бркаш значи бега, е на дофат ама никако да се дофати, а вака само ќе си дојди :icon_lol:.
Во мое маало не знаат дека сум толку многу паметен затоа не ме викаат Аристотел, и сум како плавушата која што глуми стереотип за да одржи репутација :icon_lol:.

 
Сакаше да врне, демек. Ј. вика: нема да врне, му верувам. Не заврна. :D
И сега, да ја барам новата епизода, па да пуштам да се симнува, со овој интернет нејќе да тргне, а не пак да стаса.
Не те прашувам, знамд ека нема да ми одговориш. :confused:

Едит: Ј. сакал бруцошка. :pos:
Мора да му најдеме една у скоро време.
 
Драга..
Одбив ! :cool: Горд сум на себе. Мислам дека се подобруваат некои работи. Нема толку лесно да ме совладаат..
Уф ама како би пафнал...:tapp:
 
Di kej
не сакам да коментирам за на факс зашто сите се...(останав без зборови)
сакам средно пак......
друго не знам што да ти кажам освен дека пред саат и пол се прибрав дома, а излезен сум од 12.30 :tapp: некои ќе си слават цел ден, некои ќе работат и ќе трчаат. многу ги мразам некои луѓе со кои сум опкружен скоро по цел ден, а многу ми фалат драги луѓе што ги гледам поретко и ми иде не знам што да си направам. со нив едноставно забораваш на реалноста и се ти е интересно и забавно, а не со овие мрачни, глупави луѓишта :tapp: шо да правам??? ПОМОШ.
 
За брзо време ќе ја снема еуфоријава... и што ме чека?!
Факс... е*ати животот бе...

Толку од мене. Ионака нешто не те дружам у последно време.
Ајт.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom