Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Ако можеш да ја сочуваш главата кога ја губат сите,
А те обвинуваат тебе
Ако можеш да веруваш во себе кога сите во тебе се сомневаат,
Но да им дозволиш да се сомневаат
Ако можеш да чекаш, а да не се измориш од чекањето
Или да слушаш лаги, а во нив да не учествуваш
Или да те мразат, а да не дадеш повод за омраза
И пак да не изгледаш премногу убаво
Ниту да зборуваш премногу мудро
Ако можеш да сонуваш – а соништата да не загосподарат со тебе
Ако можеш да мислиш,
Но мислите да не ти станат цел
Ако си во состојба да се соочиш со Трумфот и Пропаста,
А кон нив да се однесуваш подеднаково
Ако можеш да ја поднесеш вистината која си ја рекол,
Вистината која лошите ја изопачили
За да ги измамат луѓето
Или да ги гледаш работите на кои си им го посветил животот - скршени
И се наведнеш да ги поправиш со истрошен алат
Ако си во состојба да ги собереш сите свои победи
И ги ризикуваш во еден круг на паричето
И изгубиш, и појдеш повторно од своите почетоци
А за загубата никогаш не си изустил ни збор
Ако си во состојба да ги присилиш
Срцето, нервите и мускулите
Да ти служат долго откако ќе ги нема
И да продолиш така
Кога во тебе сè исчезнало, освен волјата
Која едноставно им наредува: „Продолжете!“
Ако можеш да зборуваш со масата
А да ја задржиш честитоста
Или одиш со Кралевите, а не ја изгубиш обичноста
Ако сите на тебе можат да сметаат,
Но никој не премногу
Ако непростливата минута можеш да ја исполниш
Со долго бегство од шеесет секунди
Твоја е земјата и сè на неа
И УШТЕ ПОВЕЌЕ ЌЕ БИДЕШ ЧОВЕК!
 
Драга,
ке ме умре оваа женааа, боље ке беше да си продолжев да си спијам.
Се расонувам со горко кафе, немало шекер дома.
Имам облека за пеглање, материјал за повторување и ни 2% волја за сето ова.
Виш ме лак
 
Драга,

дефинитивно мора да се организираат Oscar Academy Awards и на овие простори,
штета е за толкав потенцијал што го поседуваат поединци ..

Инаку, некој се закитил со титула " Irreplaceable " .. soooo lovely :rolleyes:

А мене што ми се дешава ??
Па ништо, го фаќам денот сабајлечки, си учам, се организирам, се замарам... NOT !
Лажам :oops: ..
Крајно сум неозбилна бе Кајги, не е убо то :cautious:
Ај ќе идам да видам колку можам да ја поправам ситуацијата.

Ео ти едно убо песниче за убав ден ..
Мња :**


П.с Ти ги сакам смајлињатаа :D
 
Passed down to you...

Социјализација во дисбаланс, мамата.
Знаев дека ќе дојде до ова. Имаш пријатели и „пријатели“
Како што имаш Кока и Кола. Колата можеш да ја возиш.
Коката, па зависи шо со неа... Дури и ако ја сфатиш другачие. Мооже да ја кубеш, шмркаш, правиш супа... Како на ккого му дојде.
Него... Да утепам некого јас, а?

So says Saladin.
 
Драга,
Спонтан период но ќе помине.
 
Драга,

Несомнено е дека им се радувам на маливе убави работи што се случуваат околу мене.Ако е ова вака тогаш зошто имам чувство дека сето тоа околу мене е едно големо ништо,дека сето тоа не може да го замени нештото што мене ми недостига,и не не можам да се разберам сама себе....but who cares! Ова е исто како кога ќе купиш некој прозивод не знаеш како се користи ,а упаството ти е на кинески -.- Времево ме нервира. Барем нека заврне а не вака смуртено да е.И така...Идам да земам да правам нешто за да си го исполнам празниов ден
Ооо how I wish.... :unsure:
Бај бај...
 
Драга,
Зашто кога си добар мораш да им угодуваш на сите и на крај да не биде како што сакаш, туку да биде како што сакаат другите, значи ниеднаш во животот не сум се почувствувала задоволна исполнувајќи желби на другите.:place:
 
ДК,

Еве конечно и поздрав од мене, да ти комплиментирам на изгледот. Стара вест, знам, но еве, нека е забележано дека и мене ми се допаѓа.

Плус тоа, пишува и дека се дава трофеј за 3000 мислења, па еве уште еден чекор натаму ;)

Поздрав (y)
 
Их само да можев да го вратам времето 24 часа назад за да можам да го преживеам пак тоа со тебе! Би сменила неколку работи, но некои моменти ми се врежани во меморијата и флешови ме маваат. И нормално, наравоучението: Ништо не е онака како што изгледа. :)
 
Еве ме мене назад по долго времеее :) Инаку кајги да ти кажем досадно ми е многу немам што да праем никој не ме дружи а по телевизиеве све едно исто и досадно...Ќе загледаш некој филм 5 мин ќе го гледаш 15 мин бесплатно политичко рекламирање...Аман ал ќе заврша избориве па да не ги гледамо истите рекламе по 12390123452436547 пута...И таке ај поздрав ќе доем пак....днојве...
 
Ѕид од тишина, можеби не е во ред со тишината што доаѓа и вистината. Лага е лага колку сака нека е невина, можеби затоа што баш сега ме мачи мислата што би се мислело за мене. Тишина во моите мисли тишина во моето сознание на изречената лага. Можеби сум само потиштен и ништо од тоа, но ме мачи искрено мислата што би се мислело за мене. А не е важно што се мисли за мене добро е што генерално го мислам тоа, ама во овој момент не. Вдишувам издишувам не е ниту подоибро ниту полошо само мислата што се мисли за мене, а знам дека не е важно тоа и ништо не значи сепак темен облак се има свиено околу мене и околу неважното нешто а тоа е тоа туѓо мислење за мене. Одмори малку ќе биде подобро, ова важи за тебе или за мене не знам, можеби за двајцата но сепак повеќе за мене отколку за тебе.
 
По цел ден пробувам to keep my mind busy... али некако пак се навраќам кон тоа.
Излегувам и се смеам, али не ми причинува ништо задовлоство, ништо не ми изгледа исто. Ми треба време да се навикнам, да прифатам. Премногу брзо се случи се, таман се справив со едното, следеше и другото...
И знам дека се ќе се среди, ќе си се вратам на старото...само колку време ќе треба да пројде?
Уште малку полноќна терапија со Хаус. Oh yes, I am in love with him <3
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom