Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Интересни и сватки ми се младичиве како се ченчаат на форум. Па кој кого ќе го зајаде повеќе, па кој на кого повеќе ќе му спушти па кој покурназко мислење ќе пише на сметка на другиот. Ако де и јас бев (сум) таков. Штета што повеќето најчесто остануваат во оваа фаза па после државата ни била онаква или оваква. Кога ќе слушнам еден професор на правен или уредник во медиум на пример каков вокабулар и интонација држи многу тенка ми е границата од 16-годишнациве (со секоја почит кон годините) со реченицата што влегува веќе во класика

Пер, ти ретардиран ли си бе?
 
Ој кајгано:) Како си ми???
Јас сум добар:) Фала на прашање btw:wink:
Денес си останав домче за да учам за утрешниот последен колоквиум од првите колоквиуми. Али нема да имам долг одмор затоа што одма ќе дојдат и вторите колоквиуми:smir:
И да, пак ќе ми ја заебат зимата. За џабе почнавме порано кога пак нема да завршиме со сите колоквиуми до 31 декември. Да ти ебам професорите да ти ебам :)
И то кајги :)
Чаос јеботе:back:
 
Anata

леташ со брзина на светлината!!
Suggoku ureshii yo!
Yatta! ^o^
 
Драга....
Страшно е да имаш што да напишеш и нема кој да чита.... ама уште пострашно е да има кој да чита, а да нема што да напишеш.... Седам утрово на компијутер и ги слушам соседите над мене како се караат... помислувам.... колку бракот е подолг толку речениците се пократки... се испокараа а многу работи останаа недокажани помеѓу нив....
Добро утро Скопје....
 
Вака...
Денес ќе биде долго.
Факс, промоции, аеробик, проба.
А ја демек сум во некаков минималистички пост.
Читав Маргини, и се насукав како брод на некои прашања околу војна, медиокритети и понекогаш ми се чини дека релативитетот е најдобра теорија што те фрла во бездна со Врв.
И Уликс е во тој стил означен, ќе го плампотиме денес, и очекувам фаци како Себастијан во Ариел кога се чуди на нејните екстремитети долни.
Патем, сакам да оглупавам еден ден, сериозно.
(ко демек сега сум умник, па елитистички си ја барам удобноста назад)
Слушам куп новооткриени инди бендови, кој од кој посличен еден на друг. Оригиналност, јок, рецептура за хитови и гомна од текстови.
Има оглас за книжар во Магор, да се обидам, што викаш?
Ама сакам да го завршам ова компаратистичко блеење, та ќе видам.
Секогаш можам да бидам продавачка во Лаш и да се дрогирам со тие флуоресцентните чудесии. М?
Друго... Го сакам ептен.
Вчера особено, во нервоза, ми се искачи нивото љубовно плус сто степени угоре.
Правевме латентни муабети за иднина.
И не ме плаши тоа.
Веројатно стареам, полека но сигурно.
Мозокот ми е сива хартија од 10 денари, онаа полна со олово што е.:nesvest:
Друго... Не сум ги видела жениве неколку дена, нешто сме сите растргнати.

Умот никогаш не е слободен... Омеѓен е од предрасуди, морал, ова она.
Ебате животот тогаш.
Медс, одам на факс:toe:
 
Ајде ајдеееее... сакам петок...:pipi: ..
Сакам гумени бомбони.. Сакам чоколадо..Сакам цигара.. Сакам цеееел ден да седам домаааа:baeh:..

Ја запоставив филозофијава.. ме вика ама некако не ми се мрда од пред ПЦ..
Ма све запоставив.. Си ги дружам Нувел Ваг и Ареа и Дино Мерлин и Џибони..:toe:

:pos2::pos2:

Те саака.. Насмеанатаааа:back:
 
Текст.
Магла.
Замаглени букви, а дразнат сетила.
Јаболков сок врз тастатура. Шифт не палит. До сокот е, а?
Пурпурни чизми и јуриш низ маглата.
Низ животов. А, тој пустиот некако забрза.
И побрзо спијам изглеа. За три саати се наспивам.
Синоќа се враќав со онаа мојана, секси Иви-миви. Влечевме торбоци по возон, евоциравме спомени и ја расправавме иднината.
Јас сум среќна.
Иам три лубеници под пазуви и трчам.
И малата е среќна. Моине се збунети.
Смотанковци.
Идната докторица од женине ја немам видено одамна. Ми фали. Максимално го посвети времето на наука. Гери, интерпретаторот ту би, ја гушкам по ходници, а оваа сексиљавава психолог ту би треба да ме легне некој ден со кутија марамици и да почнам од детството.
А, јас?
На сите страни. Создавам, рушам..создавам.
Да.
 
Драга


Не можам да го изразам моето огромно незадоволство и фрустрација со оглед на неодамнешните настани.
Амбис.Hell yeah!!!
Првичните решенија на мојот невозможен и нерешлив проблем беа...ај не ти кажуем Вештица заедно со Новинарката ќе видат па тек тогаш ќе го јадам.

Вторичните решенија-ги немам.Само си кукам,пиштам и нервирам.Сакам да верувам дека така ми е поарно ама некако не ми иде...
И така ...
Сакам дооолгггг муабет и една гушка-добро поише гушки:pipi:

Ајт:salut:
 
Кајганоооо...

Немам коментар за моменталната ситуација прв пат во животот.
Се разболев,на пат сум и да залегнам во креветот а да не можам да ги исполнам обврските кои ме чекаат дома и на училиште:nesvest:
Малку овие денови сум депресивна...се надевам дека ке помине брзо.
Па и како нема да бидам депресивна кога сум потполно сама во куката.
Тишината ме убива.И проблемите кои останаа нерешени.
Ме боли и неговото отсуство,но полека се средувам.


Ај чус:back:
 
Кај Гано

Ko ќе лажат со усул нека лажат. Чекај море која множина, еднина е.
'А' да речит ќе те излажит, не било 'а', туку 'б'.
Swcufche mawechkooo :(
Раскинале со дечкото, на смртна постела се им се умират.
Oд такви проблеми преку Џеј Џеј ми е дојдено.
Од моиве уш појќе.
Три различни вистини, на пат е четвртата.
Еден месец поебав, ајде уште овој и другиот и подругиот и в гроб.Биват?
Бладам не ме читај, Бојан не го видов :(

:back:
 
драга
ми се спие :nesum: ама сега ако легнам вечер ич ќе не можам око да склопам затоа мора да останам буден :nesvest: а не можам кај што ти пишувам паѓам на тастатура. денеска на школо си поминав убаво исто и за утре немам нешто за учење освен хемија :nesum::nesvest: надвор времево е како да се спрема некое невреме, облаци насекаде, а сонце никаде, ветар вее и бура коси....( е добро де не коси) би поседил тука со тебе да си позборуваме ама ај да ѕирнам што има ново старно. чао:back:
 
Кееееј :vozbud:како си ми денес јас сум супер еве онлајн сум :tv: ајде се најубаво:helou:
 
Кајги вријам:nerv::nerv::nerv::nerv::nerv::nerv::nerv::nerv::nerv::nerv:
Ќе попукам жими се:nerv::nerv: Ќе почнеме со она најдепресивното ФАКУЛТЕТОТ и утрешниот колоквиум за кој немам ништо учено:nesvest: А како да учам кога имам некои проблеми. Шо бе некои, МИЛИЈАРДА би рекол:nerv:
Се ме нервира во моментов. Да почнеме од вчера вечерта. Мајка ми толку ме накурчи штио бев на работ да ја истепам, и btw ми ја уништи единствената и омилената јакна што ја имав и сега треба да купувам нова :(:( Потоа видов патиките ми се излижале одоздола и се на раб на кинење а ги имам само 5 месеци:tapp::tapp: Значи ќе треба да се купат и патики и јакна и плус се ближат празниците, а финансиската состојба е ужасна:wink:
Идемо даље. Татко ми замара како никогаш:nerv:
Немам време за пријателите па некои од нив се лутат зашто ме немало во последно време, а немам ни кога да им објаснам ништо, пошто факсов ми мава тежок ремет:tapp::tapp:
И можеби највашно од се од кое и почнуваат сите други проблеми се малите проблеми кои ги имам со женската. Т.е. со неа се ми е сјајно али има мали ситници т.е. влијанија кои малце не потресуваат:nerv::nerv: Не е фер бе кајги ,а колку ни е се сјајно и сега некој индиректно да те заебе :tapp::tapp:
А во понеделник и месец ќе начукаме :)
И замисли да не ја видам тој ден :toe: Грдо нели:uvo:
И така кајганче се олеснив и идам да учам. И ветив и на НЕА и на самиот себе.
Чаос:back:
И се надевам дека утре во 2 кога ќе ми заврши колоквиумот ќе се чуствувам поинаку :) Ќе имам време за сите и ич нема да ме штипе половиот орган за ништо :)
 
Хелоуу хелоууу
Денес сме први. На полојна од љуѓево шо ги знам им е роденден. Нек им е среќен.
Океј, значит, мојот омилен месец започна. :vozbud: Елки,елки,лампиони,мали светличиња, колку се радвам. И така, јас еве еден сат си се радвам, а книгиве ме чекет да ги отворам. Шо аку ма, ќе се радвам јас уште. Ќе се радвам и утре Менка ак ми здрвит еден кец колку мене зш незнам колку е долга најдолгата притоката на левата најголема притока на Вардар. Тажно, знам. :(
Бтњ, потсети ја Весна дека Божиќ е уште далеку те молам. Ама озбилно те молам.
И виш ми лак до кун 25 некаде, зш ќе ми требит. И да не заборам, махериште невидено сум во препишвење мор златна. Невидено. Се испофаљиф, знам, знам.
Аиде, едвај чекам да нурнам во лекциите на прекрасниот мој учебник по џеографија. Пис. Би кул. :back:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom