Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
НЕ МИ СЕ УЧИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИ
НЕ МИ СЕ УЧИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИ
НЕ МИ СЕ УЧИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИ
Страшно сум нервозен кајги. Прееска гледам низ градов луѓево манифестираат нервози. Сакав да се придружам и јас. Уф вријам...
Си пијам прееска вода во жена парк. И еден старец позади мене нешто пцуе. и му викам што е бе, мене ми збориш. И таков си пцуе вика, мрш пичка ти материна. И еден друг така средовечен муж, му вика што ме пцуеш бе. И овој тебе ли те пцујам бе, сега ќе видиш ти. И зима со точакот почнува да го брка. И го стигна кај пешачкиот, се симнува од точак и му го лупа во грб. Типов почнува да бега, и овој го брка не прекинато. И успеа да му избега меѓу зградите, а стариов пцуеше непрекинато.
Не му биле сите коцки на ред. Епа не ми се ни мене....
 
Драга Кајгана,

Во последно време не ти пишувам многу... Но мислам дека е во ред. Некако во последно време мојот живот како повеќе да има смисла, откако некои одвишни мисли и грижи се разрешија. Неуспешно, би се рекло, но сè ми се чини дека тоа само навидум е така... Иднината како да е светла, иако во моментов е многу матна... :)

Песнава ми се врти во главата нон-стоп периодов и мислам дека ми одговара на расположението.


:helou:
 
ДраКа


Немаш појма каква желба иам за учење сеа еј,баш ми е криво шо завршуе школскава година,баш сеа чепкав нешо по книгиве читав,за другата година да си бидам спремен :icon_lol:

Те дупам бе,се нервирам сеа утре треба сите книги да ги носам у школо,кај ќе ги влечам у автобус само незнам -.-
Тоа кецоите ваљда ги попраив,ќе видиме утре некој да не му текне да ме заебе па да се потам уше некоа недела у школо.....
Ја добар иначе не сум спиен ни 2 саат у последниве 2 дена,али шо го вртам бе не ми се спие сеа па ич xDD
Иначе драКа немаш појма као ми се игра фудбал еј. Онака да шутирам тоа топката бар,да исфрлам сите срања нервози и глупости од последниве денои пошо ептен ги имаше xDD
И ај да не те умарам,идам малце да те разлистам па да се нитрирам у кревет (или халогенирам шо и да е)
Хемија пеам брат
 
Драга,
Просто не можам да си поверувам.:toe:
 
..Драгааа.. деновиве се осеќам нај најј...И плус у понеделник ми е родендееен!:))))))) фиууууу:vozbud:
 
Не сум ти пишал одамна, можеби кога беше верзија број 2, или 5, искрено не знам. Не се ни сеќавам кога последно имав "потреба" да ти напишам нешто посебно. А не дека мора да има нешто посебно, а Богами ни трошка инспирација. Не знам од кај да почнам, обично секогаш за секоја работа совршено добро го имам смислено само крајот.
Ако го погледнам резултатот колку во моментов губам, ќе биде дополнително депримирачки. Општеството 5 - 0 Џими.
Да почнам од денес кога на едно кафе ќе ти спомнат мал милион идиотски филмови, на пример Prince of Persia е многу јак гледај го. Што да го гледам у курац, не е ни на уба снимка излезен ни имам кејф да гледам нешто акционо. Или кога ќе ти речат "брат кажи некој јак акција нов да е". Која акција да ја кажам кога врска немам од ниеден нов акционен филм, не затоа што сум идиот, туку затоа што тој фазон филмови поминува во одреден период од твојот живот и твое е да еволуираш во друга етапа. Исто како што на секое се препорачува The Hangover и поочигледен филм не може да се спомене, исто ко јас да му речам некому "брат гледај го Титаник" а Титаник го немаат гледано само тие што глумеле во него затоа што тие го доживеале филмот.

Од друга страна, вчера го скршив мразот за плажа оваа година и морам да признам дека оваа година најкасно го сторив тоа. Минатите години памтам веќе во мај се капевме, а сега тек на 8ми јуни. Утре одам пак, ама на друга плажа за после 5 сатот ко ќе се скрие сонцето да можиме да поиграме на кошон Гранит.
Ама како можам да уживам на плажа, кога во меѓувреме сум оптеретен со разно разни глупости за кои е виновно опкружувањето. Очигледно денес не се знае кој јаде а кој пие, па многу вредности се изместени.
Се уклучувам на Фејсбук (а кога сум нервозен обавезно бришам некого) и гледам некој ја постирал Вештер од Врчак, па бев веќе спремен воодушевен да го избришам, кога гледам брачед ми ја постирал песната. И како да го избришам ај? Брачед ми е да го ебам. (другиот ден постира песна од ДНК).
А ти да постираш песна од Боби Спасенцовски, ќе ти се смеат. Боби бил ваков, Боби бил таков. Боби за ваквиве е ѕвер, дури и најѕвер.

Од трета страна, прилично сум изреволтиран од културата на луѓето. Не сум се видел со некого веќе месец дена, па кога ќе ме види низ чаршија место да праша "Шопрајш, како си", ме прашува дали сум учел. Па у курац не сме се виделе дај да направиме муабет за женски, за некој јак филм, за Пирло или за тоа дека Пато може да си оди од Милан, а не овие кренале паника за некое тестирање. Ој мрш таму. Ми доаѓа некогаш само да ставам слушалки и да си шетам со нив, па ќе пуштам да фрчит Ајрон Мејден за што погласно да е. Па да се одморам од сите глупости на планетава.
Ама ни тоа не го можиш кога веќе и во потсвеста ти е влезено само да паничиш. И сега сум прочитал Пато ќе одлучувал дали ќе остане во Милан. Па ебиси матер имаш чест да играш во најдобриот клуб во универзумов покрај играчи кои дефинитивно не се од планетава (Пирло не е од овде, не ме прашувајте ни јас не знам од која планета е, исто и Роналдињо).
Изреволтиран сум и од понашањето на одредени поединци кои до вчера не гледале ич фудбал, па денес стигнале да ме зафркаваат. Господ да чуват вељам јас, ама секој втор денес е за Аргентина и за Шпанија, т.е. за Меси или Торес, сеедно. Знам само дека во мода е да се навива за овие две репрезентации, како што до лани беше во мода да се навива за Бразил, повеќе не, имам некој впечаток дека Фелипе Мело и Лукас Леива (кој брка кокошки во најлузерскиот тим Ливерпул) си го направија своето, додека една чаролија како Роналдињо или Диего не се земени да играат. И со колкумина да се карам дека Италија е се уште актуелен светски шампион до 11 јули, без разлика дали до вчера цел Милан беше Италија а денес репрезентацијата е пополната од страна на Јакинта и Џилардињо, без разлика дали ќе отпадне во 8 финале или не, пак ти си ја сакаш затоа што ако си вистински фан ќе ја сакаш дури и кога Балотели ќе заигра за неа, а се молиш да не дојде тој ден.

Од четврта страна, многу почнав да се замарам со разни глупости и ефтини муабети од типот "јас оваја кола можам да ја најдам на старо за 2 илјади евра", или "кафичов е од овај и овај" а јас не се замарам ни се интересирам за коли, ни ме интересира кој во градов што направил, ама ете, мал град си го прави своето. Не да е мал градов, светов е мал. Овде во овај град дури и со ѕидот дома да си правиш муабет утре ќе разберат сите. Всушност, не сите, оние кои се замараат со тоа кој што направил. Всушност, тоа за жал се....сите. И цело време сум оптеретен со такви муабети, ама во последно време почесто почнав да правам фак оф на такви работи, па енергијата ја трошам на нешто друго. И не разбирам колку е интересно нонстоп да се прави муабет за кој кај се истепал, кој со кого се фатил, кој изградил зграда, кој купил кола на старо со си регистрации, па колку биле дрвата поскапени оваа година. Едноставно фак оф. Дај да направиме муабети на пример кога почнува новиов француски филмски фестивал, или кој каде ќе прави следно концерт, па можеби и кога ќе се собериме да изиграме по некоја партија фудбал. Ама не бе, све материјалисти, све во пари да се рачунало. И какви све идоли си имаат некои луѓе, да ти идат да си ја издрецкаш глата од земја.

И како петта страна, нема петта страна. Барем засега. Да го ебам светот во кој Пирло е повреден, да го ебам светот во кој постојат идиоти, да го ебам светот во кој се' е материјално и сите вредности се и те како изместени. А дотогаш... Општеството 5 - 0 Џими.
 
Другарќенце,как си ти бе срце бе,шо си прааш ?:back:
Братми,мислам оти свестих се после 3 дена к’ту чувек :)
 
Passed down to you...
I'm a terrible dancer...But thank you my friend for this exquisit and remarkable night. And for everything you have done...
So says Saladin....
 
Da te pozdravam samo!
Ajt otidov da spijam! <3
 
Драга Кајги,

Скопје станал интересно место за живеење. Синоќа бев до Водно, гостинчињава да го видат Скопје навечер и некако уште повеќе си го засакав. Имам забелешки, ќе мода да го исчистат и малку повеќе да ги средат градежните објекти, ама навистина е убав. Преморена сум психилки, некои работи ми се премногу. На последниот тест Палавковци супер поминаа. Денес ќе частат. Ептен ми е мака Драга Кајги, ама ај ќе живуркам ко сите. Сфаќам дека е тапа, не е до мене веќе. Мене ми е мака.

п.с. 10ти јуни е, не идат веќе на школо, значи напорниот период официјално започнува вечер, ај со среќа нек е, нек се угоде.

Пуздрафф Драга.
 
Светско првенство се ближи
сонцето зраци нижи
журки под отворено небо
збогум Фејсбук, збогум меебо.
 
драга
лето, распуст, сонце, одмор, спиење цел ден, шетање, плажа, сладолед, црешни, јагоди, нема школо, нема проблеми, нема испрашувања, нема тестови, нема станување од 6.15, нема гледање професори ...................:locked: :party3:

што е поубаво од лето? :back:
среќен сум и ич бип не ме боли за неколку оценки. што сакаат нека ми прават :back:
 
Брат најновиот спот на Ем за 5 дена 10 милиона прегледи! ftw!!!
 
Драга Кајгана, утрово ме разбудија силни звуци од удари на железо и бетон, и бучава на моќна машина, прво помислив ебаниов комшија пак викнал мајстори за куќата, (опседнат е со изгледот на својата кука) и сакам неќам ставам, што да видам гледам низ прозор и не ми се верува, конечно некој се сетил да ја реконструира нашава древна улица, улицата е со коцки наместени во триесетите години од минатиот век.....
И така станав си направив кафе, седам пред пц, и фрлам по некој поглед за последен пат кон древните коцки од улицата.....
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom