Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Да се работи или не прашањето е сега.....
Ми вика за утре да ги наполнам, ќе ги наполнам не ми е проблем ама мене искрено не ми се прави ќефот. Ајде што сака нека биде барем ќе ги тргнам коментарите од себе зоштио не зошто така зошто вака....
Ќе одам да се стрижам и ќе поминам на кафе можи ако најдам некого низ дома.....
Ми ги нема ова чашите керамички со рачка на гробишта што ги даваат за душа дали сите се искршени имаше една убава голема сега ја нема сега сите мали се две три.
Дојде летото треба да си побарам од гардеробата моја нешто од летните работи што ги носам, и да видам ново нешто да се најди ако се најди...

И оди Дејвид Бови:

 
кајги,

ај ништо... забравих шо сакаах да ти пишам... :toe:
 
07/06/2008
07/06/2009
07/06/2010


2 години поминаа од кога сум регистриран на форумов. Добив многу а изгубив многу. Добив знаење, толеранција, нови познанства, многу пријателства, демек начин на пишување, многу зеленги, напади на бронхопневмонија на прстите на рацете и машка менструација. Изгубив доста слободно време кое можев да го поминам на друго место, ја изгубив старата смисла за муабети, изгубив сфаќање дека можеш да бидеш и не член во светов... За несреќа касно ми текна тоа. Минатиот јубилеј мислам дека ти напишав што ми се случи во текот на таа година така? Ај во кратки црти - матура, одмор, апликацирање за правен факултет, одбивање од правен факултет, запишување на шумарски факултет, поминување на испитите, новите пријателства кои моментално живот ми значат и толку. Од минатиот 7ми јуни доста промени. Запознавање на особа која и покрај мојата финост сеа сака да ме тепа а мене не ме боли ни тулето за неа, промена на факултет во овој случај преминав на политички студии на правен, лето поминато во парцијално во депресивна атмосфера и во доста весела атмосфера, есен во која започнав со факултетот и запознавање на друга особа кој ми значеше премногу, зима со тотален крах на испитите, пролет во која конечно се вратив на старите патеки со факултетот, нови познанства и доста убави моменти. Еве почнува ново лето. Јас сум пак на факултет како лани, пак без план за одмор некаде, ултра-досадно социјално живеење и мека столица од јагодите. Ново лето со големи амбиции на старт, очекувања до висината на притисокот на баба ми, план за нов имиџ и суштинска промена на мојот карактер. Сеа Магде ке се избаци со коментар дека промените се носат при голема криза во која не се наоѓам али за среќа е во Охрид па нема шо да ми каже. Плус ке дополни со тоа што сум ги пишал спомениве уствари сум докажал дека не сум преболил или уште жалам за некои работи но тоа е човечката природа, да кукаш за изгубеното или пак добиеното не по твоја волја. Луѓе сме грешки правиме, без нив ние сме bunch of robots. Плус без искуства - ништо. Карактерот е нешто што се формира од искуствата и за да биде добар карактерот треба да му се нуди добри искуства. Ти ако нудиш а не добиваш за возврат нешто само ке те направи сведок на импотентност на своите дејствија кои како стрели од хартија ке маваат во целта но нема да направат пробод кој ке покаже некакви повратни реакции. Заеби филозофија, мене ми е досадно а и ме боли коленото.
 
драга
мори до сега не ти пишав? ех те заборавив. туку ти се верува дека 7-ми јуни сме :vozbud:уште три е*ани дена. не сум бе вулгарен, се радувам.
пууууууу бе пола сладолед в уста ми падна. чекај да видам што можам да направам, после ќе дојдам не можам да зборувам саа :back:
 
Добар пост ^^ ...

А мојов пост е само за statusQuO да ми каже дали е ок?
 
Мори .. сум имала некоја скриена дарба за цртање! Ќе идам ќе се учам тетоважи да цртам кај Бобо и на крај ќе перам пари! Е така да си знаеш!
 
Kaјганке убава ноќ имав со девојка мииииииииииииии си збориме све и најсве и моите се на пат да не е девојка ми ќе умрев
Ќе ти причам на само колку ми е убаво :pipi::kesa:
 
ДраКа..
Ништо посебен ден денес у школо..како ме изнервира опет една професорка лелеллел,шо морам да и чутам,инаку што би и кажал :zlo:
И така..цел ден сонец тепа,умираќка е :)
До прееска праев муабет со цурата..и едвај чекам да пројдат овие 2-3 дена,аууу конечно веќе ! :icon_mrgr :je:
Ајт сеа одам да спијам,заш немам спиено ич,окапав вчера со НБА и не заспав..
Биди ми поздравена..:back:
Ча0..:pipi:
 
Кара миа...
Од утре почнувам стварно да учам! ВЕТУВАМ!
:salut:
 
ДраКа

Глаа ме фрка,ми се спие,иам уше 2 теми хемија за учење а утре сум прва смена...... као ќе стигнам да научам незнам.
А шо е и најтрагично кузнае дали ќе има време да ме праша пошо има уше пола клас и више за одговарање или за попраање кецои.....
Класната ја боли левото маде за нас,а можда и у право е,3000+ изостанци цел клас не се малце.
"Рачунав" нешо прееска и сватив дека уствари може да пројдам со единаесет 2ки и една 5ка :icon_lol:
Доволен у пм :pos:
Од убаво поубаво драКа :)
Ај уше малце да прочепкам по нетов,па да го почнам маратонот вечерва....:(

п.с Еве ти еден поздрав од мене
 
Колку среќа треба да има човек за на ден на уписи во гимназија (кога би требало да не се полага ништо поради гужвата) него му стават да полага интерен биологија?
Онолку колку што имам јас.
10 дена до 17ти, а јас абер си немам со книгата. 300 страни ќе ги скоцкам некако, ама дали ќе бидат добро научени е прашањето.

Идам да спијам со мисли испреплетени со прокариоти и еукариоти, ендоплазматичен ретикулум и мезозоми.

117279-004-4B7393C9.jpg
 
Зарем да леташ, си заборавила?
 
Ах проклета малограѓанштино,ај да не ми се испушти некој пцовка од нервоза,од крента притисок и шок.
Мајке му ,ааааааааааааааааааааааааааааа
До кога бе,до кога некој што не знае да се потпише ќе ми одредува што да правам,до кога ќе чмаам кај што не припаѓам со комплетно ограничен маневар,еден чекор напред и право во бездна.
Не е фер,е не е драга моја ама кој те прашува,кој го боли...
Се отишло у три лепе ама очигледно и јас штом го прифаќам тоа и го голтам со сила...ама ај нека биде поинаку кога не може кога како ефект на пеперутка други ќе отидат по ѓаволите ако се откажам.Лежерноста ми е луксуз во моментов кој не смеам да си го приуштам.
По ѓаволите и морските длабочини,смрдливата македонска реалност ми мава шамари....
 
штрк :smir:

Штркот припаѓа на редот Ciconiiformes птици, кој е составен од така наречените долгоноги птици во кои освен штрковите, припаѓаат и ибисот, белата чапја и други.

Во големо гнездо женката снесува пет јајца. За јајцата како и за младите птички, се грижат двата родители. Летаат бавно, но издржливо и во лет можат да поминат големи оддалечености.

а јас тонам во длабок сон :helou:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom