Кајги,
Последен состанок во сабота

jea: одамна чекав вакво нешто :je: ама не може се да биде под конец :raz: :ne_zboram :ne: едноставно не може, ако заврене ќе се одложи за друга сабота, ама ако не заврне сите на куп, над 50 души, у парк

сеа не знам кој се ќе дојде, ама ние си собравме засилување хах не идеме ние никаде сами

ќе има и смеење и лутење, повеќе лутење, ама што има врска некој мора да ги напне, а најдобро е да ги изгњавам јас за после да си бидам раат цел ден, ќе се испукам на нив

Веќе не ми е гајле за ништо! Кога никој не се грижи за мене и јас не ги вртам нив 2% смачено ми е! Ги мрзи што живеат. Глупави се, не читаат книги, мислат дека ако го гледаат филмот ќе знаат што се случило во книгата, ем им кажав дека филмот и книгата немаат врска, никогаш немаат врска, секогаш филмот се прави што покомерцијален, ама глупи деца кој да те разбере. Немале време за читање, а за пипкање, штипкање и пуштање на професори имаат време. Дојде време кога децава без срам им се пуштаат на професорите

а овие ко муви без глави бегаат

навистина е смешки. Мака ми е што ми мудруваат, навистина имам што да им кажам, јас колку што имам прочитано, тие толку книги не виделе у живот, ама кој ги врти. Штом не сакаат мислење нека тераат сами. Не ми е гајле! Денес пак ќе ми креваат нос, ама денес не ги вртам, не им кажувам повеќе што да прават, нека се снаоѓаат сами. Не ги пуштам во мојот тим, јас сум главна, јас бирам. Не ми требаат 100 души за мајтап, ми требаат тројца за работа. Ме нервира што не ме разбираат, а на македонски им кажувам. Вчера многу ми беше мака цел ден. Морам да се променам. Не иде вака, навистина не иде. Ууууууф кого лажам, никогаш нема да се променам, ќе си останам ваква будала. Понекогаш ми се интересни кога ги гледам како мислат дека ме зезнале, дека ме искористиле, ама нема ефект да се расправам, да им објаснувам, само повеќе ќе се изнервирам. Леле од кога не сум се скрала со некого

сум заборавила дури

Многу ме повредува кога некој не ми верува. Знам дека се штитат на тој начин, ама аљооооооло не се сите луѓе исти. Јас не сум како сите! Кога ќе им кажам дека е така, јас искрено го мислам тоа, не сакам да ги повредам. Таа нивна скептичност не само што ме повредува туку и ме нервира. Тешко се опуштам до таа мера да му дадам совет некому или да му кажам што ми лежи на срце и кога ќе кажам кога ќе видам дека не ми верува уууууф ме излудува. Епа јас така функционирам, искрена сум и сакам другите да бидат искрени. Знам дека не може се да биде како што е во мојата глава, ама јбг нека мрдне и некој друг со мал прст. Мора да се бориш за она што го сакаш, не се откажуваш лесно, ако се откажуваш лесно значи дека не ти било важно тоа, дека ти било тепање време. Јас се` што правам, се` ми значи. Кога му посветувам време на некого, му посветувам многу време, а тоа е затоа што јас сакам така, сакам да знае дека ми значи, сакам да му покажам дека ми значи. Е сега кој ме разбрал немам поим, не знам дали е до мене или до другите. Изгледа ќе да е до мене, не може толку луѓе да не ме разберат, ќе мора да менувам пристап штом не ме разбираат, ќе мора да се дообјаснивам (иако тоа ужасно ме нервира, ќе мора!). Дали јас лошо постапив или пак до децава е не знам, ама ко децава да не се трудат да ме разберат. Овие конечно дојдоа, од среда или четврток се кај мене на гости јееееееес има да се журкаме лудо. Многу ми недостасуваа, премногу. Треба да купам некоја мека топка за да ги играм у парк

инаку нема да можам да ги стигнам мали се, брзо трчаат плус тие се двајца, а јас сама

ќе биде интересно да се види како ме дриблаат дечиња кои едвај прооделе

многу си ги сакам. Спомениве пак дојдоа
Драга у 1 сум у парк на школка, ама ако не врне

а после сме на палачинки

топ

тамам да ставам некое килце пак
