Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга...

Кога сум во Скопје, никој жив не ме побарува, го преседувам цел викенд в стан.:jaj:
А се вратам во Гостивар и фрчат понуди за сегде одење во Скопје. :toe:
Марфиеви закони ебате :tapp:

Сакам едно пивце вечерва :)
 
Почитувани,

Во моментов сум комплетно разнежнет и релаксиран додека сум испружен на прекрасната ми фотеља, со очи едвај отворени, прсти расположени за танцување на мојот црн тастер подиум и уши отворени за изборот на музика на нашите драги Господин Исени и Ефенди Стојчевски. Им благодарам за тоа.

Некои работи во животот доаѓаат изненадно, мора да признаете. Обидете се да бидете дел од они луѓе кои знаат да го зграпчат моментот и не мислам на средните страници на “Вест“, туку на моментот кој ќе го препознаете како прекрасен, моментот на радост и на миговно совршенство кое најверојатно нема да трае вечно и до кајот на животот, но песимизмот оставете го за некои други емотивно дождливи денови, кога ќе се почувствувате како мене сега, идилично ко детска бајка која зборува за љубовта помеѓу мечето и зајчето... дозовлете му да на природниот оптимизам да завладее со вас, осетете се слободно како вистински кралеви на својот дворец, на вашиот мал прекрасен свет кој токму сега се случува во вашата глава, бидејќи колку и да сте добри или лоши луѓе, секој заслужува да се чувствува добро. Да бидам искрен, индиферентноста е таа која создава злоба и лоши дела, маката и среќата ги обединува луѓето. Затоа, со оглед на тоа дека тешки мигови сите ние имаме прилично често, овие кога се чувствувате како призор на кокиче во доцна зима кое вирее низ снегот и едвај црпи од ситните сончеви зраци што потсетуваат на прекрасната пролет, ценете ги и воздугнувајте ги на рамниште на кое заслужуваат. Бидете среќни со себе и опкружувањето... со ситуацијата, со сликата.

Во две илјади и втората ме прашаа дали мислам дека можам да развијам повторно чувства. Реков, нема шанси, се посветувам на обично вегетирање, јас сум одвнатре мртов. Но потоа малото човече ја здогледа водата, влезе и почна да вриска “се давам, се давам“ не сфаќајќи дека ги натопило само глуждовите. Третиот пат реков “Давење е кога ќе ги натопиш колениците“, и секако повторно згрешив.
Сега, повторно ме прашаа, дали можеш да развиш чувства?! Hun, реков, неколку пати се прелажав изјавувајќи дека емоциите биле и заминале и најверојатно нема да можам да ги изнајдам во мене повторно, но вистината е дека за да дојдеме до една точка каде повеќе нема да бидеме способни да сакаме треба многу, многу да поминеме во животот, дури би рекол... дури и со нозете да не го чувствуваме тлото ќе научиме инстинктивно да пливаме и ќе се одржиме на површината, бидејќи ние луѓето од животните се разликуваме по неколку работи, една од тие е користење на разумот и губење на истиот под прекрасните менгемски стеги на спротивниот пол. Ќе ми простат хомосексуалците за дискриминацијата, јас сакам девојка, колку и тоа да беше сомнително еден период.

Всушност, ако треба да се објаснувам што е како и зошто е, би рекол дека детерминизмот кој еднаш го пропагирав, проклето силно не држи сите нас под своите прсти и кој не се чувствува ко марионета тогаш нека ги преиспита своите дела последните неколку месеци да види дали времето, ѕвездите, автобусот кој не дојде, повикот во непријатно време, продавачката на ружи, подоцнежното нејзино јавување и пораното доаѓање на татко и` не направиле некаква сериозна промена во распоредот на нештата во нивниот живот. Да, вие сите сте моќни адвокати, прецизни економисти, доктори по науки и бубрези, но реално само тоа можете да продавате кога наречниците ќе ви откријат што ви напишале на третата вечер. Ќе мислите дека го контролирате својот живот, ќе мислите дека можете да се справите со сите детали и стиници кои ќе искочат на вашиот трнлив пат, но, соочете се, никогаш нема да можете да го смените фактот дека сите ваши евра потрошени во ексклузивни ресторани се безвредни во споредба со моќта на обичен отсјај на месечината од мирното море. Нешто кое не можете баш да го режирате, како што никогаш нема да можете да го режирате првото доаѓање во нејзиниот стан каде татко и` ќе дојде порано од работа па вашето запознавање ќе биде на “лизинг“ за кој вашата девојка во моментот ќе аплицира. Четириесет години подоцна, неговиот имот нема да може никако да припадне на момчето кое добиваше оралка од ќерка му на неговиот омилен двосед. Некои работи се бесценети, за се друго... ма знаете веќе.

Животот е навистина тежок, мачен и полн сопки. Но, кога конечно ќе успеете да се пронајдете себе си, ќе знаете што сакате од себе и кон што се стремите, пречките ќе ги прескокнувате како баричките пред Ристичева палата.
 
Драгоева
Фудбал (присутни членови - 215)


Значи драга ете каде иделе пола луѓе од форумов а јас се чудам ....
 
Драга

грда работа е да немаш кредит у телефоно,а да те мрзи да идеш да туриш од продавница :nesvest:
 
Жајџо!
Што правам жити се?
Ама озбилно!
Пропаднав...
Амбиции...немам.
Желби...немам.
Планови...немам.
Е шо имам...
Нишо.
Матура требало да полагам...па ми е гајле...и онака немам ништо...не ми треба матура,нит факс,нит работа...озбилно што ќе ми е?!
Ме мрзи и онака.
Биче боље понедељак?
Не?
Ваљда не...
Шо да праам бе?
Досадно е,дај да се кврцнам...
Може е fun...
Ваљда...
И онака џабе трошок сум.
Фак.
Не ми се кврцнува,имам многу unfinished business.
Треба да видам многу како кврцнуваат пред да им се придружам.
If only I could fly...I swear I would never come down from that blue sky:pipi:
Yours truly,Earth...
 
Драга,
тапа невидена сум :jaj:
ми требит кафетин (за главата), чајче ( да се стоплам) и барем едно неделен одмор (да се одморам од се), само толку :toe:
 
Драгоева
Фудбал (присутни членови - 215)


Значи драга ете каде иделе пола луѓе од форумов а јас се чудам ....
Не си го погодила моментот....некогаш се оди и над 300:)


Драга

Неделава тапа....уште денешниов ден и конечно ќе заврши грдава недела:nesvest:
 
Драга Кајгана,

Еден план остварен. Доста голем, доста важен. Како - не знам. Само знам дека мораше да се случи.

Веројатно се оствари само до толку до колку што требаше. Повеќе - ќе беше премногу.

Не знам кон што ќе води ова... Но претерано е забавно и многу беше потребно.



Само да ти кажам дека животот е убав. :je:

Поздрав. :helou:
 
ehhh dragaaa,
ova beshe nezaboravna vecher.
najlud provod!!!

p.s. don't let anyone ever make you feel like you don't deserve what you want!!

pozdravche...:smir:
 
Врага....
Недела ко недела гнсен ден
пропаднат....едино ако не се видам со една личност
јес да сонце грее тоа шири позитивна енерџи
утре пак на факс-фак досадно и таму станува во задње време...
али ај бар имам луди колешки(што се упуцаваат една со друга-реметат а не се свесни дека го прават тоа :nesvest:) и имам луди колеги со кои грациозно си јадеме говна за шунтот од факултетот
Нејкам веќе снег и зима
мајке ми
гледам луге се напињаат за 2012
ма дај....
добар маркетишки трик и фама ништо више
а што пари лапнаа од филмот м м
сватете бе не умираме,живејте си го животот уживајте во него и не се замарајте
за сега толку имав.....фала,баш си пријатна
 
Драга Кајгана,
Денес е недела, што значи досаден ден, и неможеш да седиш до 3 саато на интернет, зашто си од 7 на школо... :(:music5:
 
Some people simply have a stupid sense of humor.
Licking an apple?
Lines,lines,lines,lines...
Waittt!!
Ok.
One line,two lines! Ouch!

Неам за учење,неам тестој,не се замарам околу чистење на собава ..
OMG! Hardcore training packs?

Jack,I`m flying!!!!!!!
Mom-.-

Like italian flag.
Coincidence.

ППззитн.
 
драга
денов на добро тргна :pipi: слушнав било денеска летник ама не знам што е тоа :toe: сабајлево бевме до село фамилијарно со се братучеди сега пред малку си дојдовме. вчера вечер и завчера вечер си поминав феноменално :vozbud:не можам да навлегувам во детали оти немам време, и башка имам давеж до мене кој за рок од 5 минути ќе оди со пукнат нос :pipi:

ае ча-О :back:
 
Измрзнав начисто ветар северец дувкаше милина ми замрзна десниот образ, извадовме таму што имаше за вадење, си дојдовме ручав, варев зелен чај за комбухата и сега симнувам серија......
Треба да прашам колку и на кој начин наплаќаат, дали се пластифицирани или гумирани таму деловите што се најчуствителни, дозвола треба да вадам и тоа.
Треба да се туширам чорапите од нозете ми мирисаа на лаванда и пролет жестоко напаѓајќи ги сетилата на сите околу мене.
Вчера пријателот ме позна ама не му беше некако згодно веднаш го тргна погледот од мене, ама сигурен сум дека виде дека сум јас.
Се уморив малку не беше лесно со раце и со нозе влечевме и туркавме ама се заврши добра работа.....

Еј да ќе заборавев за обидот давам пет ѕвездички, за реализацијата половина ѕвездичка, ајде можи и подобро од тоа :baeh:.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom