Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
драга,

зашо сите се безвеза и сите мора на фејсбук да ја клат „На бадње вече “.
По по по, значи светот врие од слепци



†GODLIKE†
 
Драга Кајгано..
Знам дека сум многу досадна но тоа е ќе мораш да ме трпиш.
Сакав само да ти кажам дека ќе си легнам, барем една вечер порано.
Имај добра ноќ па те читам подоцна.
Ииии го сакам највеќее и ми фали :( ...! :wub: :wub: :wub:
:back:
 
I really hope that cops don't check this alley,
trenchcoats can give me 5 to 10.

И така ти викам ја, rickrolling is cool.
:music2:

поз4
 
Драга

Прво паричето кај тато:toe:Повеќе среќа наредната година
Второ Цела веќер цркнав од досада нема шо да се прави
Трети Конечно ќе си легнам иако ич не ми се спие, ама ако си поседам уште малку ќе дочекам изгрејсонце:)
 
Дарлинг ја станав... вчера денот ми беше.. шознам.. цела вечер неспиен легнав дути у 1 попладне бе кај го има тоа.. до 6 се наспав и ко ебан недоебан бев... нема врска тоа батали.. ај да јадеме и ајде.. таман паричката да падне кај мене а си ја видов.. си ја видов дека е у мојот дел
татко ми ми ја земе и ми вика ајде ова за господа ова за куќа...:nesvest: по 43636 пат с епаќа у куќа.. барем една година да беше кај мене бе аман...
ај и тоа мина помина... се јави кико да см еиделе на огинче .. е каде бе и денес и вчера огинче // шо им е на луѓево?

и ајде океј отидовме на едно огинче абе шо да ти кажам.. права оскудација. земале прачки изнаставале бе и огинче .. нна шо личи тоа? ај се преселивме на друго огинче.. да бидам по прецизен отидовме кај амди бајрам у уличка и машала дарлинг алал да им е.. секоја година имаат и жива музика имаат и печење и бајаги народ и супер си проаѓаат бе стварно алал да им е.. не дочекав да пробам од печењето пошо си отидов порано од 12 нели после 12 ке го служат... си легнав некако ај океј и шо е сеа ова?? у 6 станав.. шо ли да праам. немам денар у мене а ми се п уши едно цигарче незнаеш како.. немам ни од кај да земам шо е нај трагично кајгиии... Ахххх колку било тешко да се откажуваш од цигари.. не е така едноставно ко шо мислев јас :(
ај да не те умарам више дарлинг биди ми поздравена па ке пишам ја пак...
 
Врага....
Денес станав во 6.20 со петлите :kesa: ми се мочаше јбг утре имам колок. мамата мораа после празници одма да стават колоквиуми се да им Е. ама се на се очекувам денов ок да биде да се видам со една личност КОНЕЧНО!
 
Кајганче!
Паричката кај мама се падна и да ти кажам право среќна сум многу за неа:).Дефинитивно таа подолго чека од мене:).Повеќе среќа за мене нареден пат!
Инаку деновите полека си изминуваат и некако ми се чинат по малку и досадни.Имав смислено начини како да ги реализирам уште минатата година, но ете, никогаш не можеш да предвидиш што следно ќе ти се случи.
Како и да е, и покрај тоа што се досадни сепак не би ги заменила за факултет:))).Има време и за него, кога ќе почнам пак со турбо учење:).
Ајт, одам сега да барам жртва за надвор или кафе сеедно, ми е гајле ако заврне.А само како си го планирав денот тоа јас си знам...

п.с.Христос се роди!
Baccio.
 
Едно време пред едно 4години а можда и повеќе,ја гледав онаа популарната серија Клон... Жаде со оние двајцата близнаци:kesa:
Ми беше интересно за животот во Мароко,како го опишуваа и се друго.
И кога ке ти кажат не знаеш што те чека во животот,тогаш не вели ништо.
Сега работам заедно со Мароканка:nesvest:
Немам зборови,тотално 100%се различни од сите и воопшто не сум пријатно изненадена:tapp:
 
Абе па.

Вчера беше ок. Не беше сјајно. Не знам, трема ли, што ли? Се опив, достојно на недостојноста.
Се гордеев и се гордеам со љубовот мој.
Јадам пита со праз и утињам букви на тастатура.
На огинот, праевме снешко, т.е Снешка со другарките и чувството беше непобедливо - чиста детска слобода натунтана во 22 годишно тело.
Тегневме ракија.
И стаивме цигарче у рака за инат.
Вечерта јадевме бурек у ниедни саати и хухавме од студенило.
Имам за учење, ништо ново. Џојс и Пруст, тапа.
Мамоооо. Ме нервираш.
Аман од климактеричните бранови. Сакам здраво да ги натепам моиве, како магариња, со ластаресто дрво, зошто станувам нивен родител во задње време. Исклучивте ли шпорет? Зема ли тато инсулин? Мамо, стави капки за нос?
Кретенска одговорност, ама ај.


Ми доаѓа да вриштам. Подочњакот мутира во надочњак и задочњак, елката не трепка веќе, сијаличките цркнаа откога зет ми истурил ракија на прекидачот, па рокнал цел штекер и собата ми мирисаше два дена на индустриска зона.
Мразам се, онака емовски, ми иде да си се гушнам и да си седам у ќош, ко затуцан тинејџер.

Денес Божиќ, ништо не работи, а ја со платата ми маленка сакав да си купам нова четка за заби и пар списанија плус гаден мрсен чипс.
Хедонистот никогаш нема да ме напушти, што убаво звучи. Ко верен љубовник, што секогаш ти е прирака да ти ја полни душата со блаженства, марципани и жолта литература.
Мака мачам со сопствените дилеми.
Не е добро.
Па ок е.
Па просечно е.
Па може да е и бетер.
Па воопшто не му ја мислам.
И се така...:nesum:


Сакам да ми даат 50иљади денари и ко на ват нат ту веар да си сменам цела гардероба.
Иам апсолутно материјални желби денес и ме боли вагина по однос на мојата недуховност.
Горда сум на него, сајтот е одличен. Се перчам, мора да признаам.:pipi: Велат инспиративни сме си биле. Еми арно.

Уште ми се јаде од Мекдоналдс. А може и Лесковачка.
Ручек - боранија со павлака.
Дифузии.
Ај чао веќе.
Медс.
 
Драга
Среќен Божиќ !!
Христос се роди !!!

за многу години да ни е празникот. заминав јас да прославувам остани ми со здравје :back: чао хани :pipi:
 
Драга,
За многу нека е празникот..
Вчера дома, денес дома, али ако утре ќе се надокнади не велам не.:toe:
Убав престој деновиве.:smir:
 
Поздрав Кајгуле:helou:
Како оцјенуеш хигиену у граду.
Викаш добро?
Па добро е знаш како има женски има све.
Па да ти кажам овие неколку дена од новава година сум го шетал градов
цело време.Ама тоа е кајгуле кога си сам што ќе праиш нема никој сите пролетери по дома седат ја ко утка седам сам на брдо у парк и размислувам.
Така и вчера си се најадов пита и си излегов,париќено кај бато го наместивме мал е шо да се прави и мене ми местеа:pipi:
И така ти викам и вчера ко секој друг ден пак у парк сам у тоа темницата седам и размислувам.
Па и убаво ми се виде дома ги лажам со другарчињата сум пошто според нив човека не смее да биде сам срамота е.:toe:
И така ја самотник ко и увек патот под нозе веројатно и денес некоја таква самотничка маршута ќе удрам.
Па и здраво е за организмот да пешачиш јес да малце нозе ме болат али ќе свикнам.
То е кајгуле поздравена:smir:
 
Хеј Кеј :helou: Среќен Божиќ Кеј се најубаво за сите :pipi:
 
Кајгииииии I'm not in my happy place!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Вака ли беше изреката или не :nesum: Вриштим у себи :):) Ова па факултетов преку курац више, ич не ми се учи:nenene: Мора ли секој бадник и божиќ да ми бидат ужасни!!!!! Пак ми идат тие моменти кога се асоцијализирам, и контактирам со малку особи. Кризи кајги :) Дојде моментот, кој кога тогаш мораше да се случи. Епилогот до сега и не е толку катастрофален, но чувствувам како личноста која најмногу ја сакам е во очајна состојба и не сака да и помогнам :( ! А чувствувам и дека се разболувам. Ми дојде редот и на мене! Може би е најдобро да побегнам од лицето на земјата дур не сум заебал нешто!!!:smir:
 
Мур

Христос се роди
барем така викаат :)
Господ да го благослови тој што го измислил web`n`walk :)

Ајт со здравје
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom