Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга,
g1340065113318980040.jpg


Или следи, или тргни се од патот, убаво кажано. Но зошто да се тргнеш или да бидеш приврзаник на едно нешто, кога можеш да седиш на два стола у исто време. Јесте да малку е незгодно, али само на почетокот...:sick:
 
Кајг, денес се возеф едно 7 саати (до скопје и назад) да го бодриме ПЕЛИСТЕР само на 15 минути, дека идиотите од транскоп не пуштија афтобуси на време,па ојдофме на афтобуска да си купиме регуларни карти за редовна линија и не не пуштија да купиме... иако изгубифме надеж не губиме(судиите не ебаја машки... чист пенал не свирнаја и 1 гол за офсајд го прогласија). ПЕЛИСТЕР ВО СРЦЕТО
 
bitch
си го шинав глуждот од скејтот, тоа ти е кога ке те фатат улајците после некое време..
 
Кајганче!
Животот значи да ти бил полн со убавини!Деновиве можам да ги издвојам како хај лајт за летово 2012-то :).Толку не сум се смеела и глупирала со години! Вечерва не испив пиво колку што имав во план, али затоа со дечкиве сум се забавувала ненормално многу:X3: Да не беа они, најверојатно ќе ми беше тапа(не дека беа лоши бендовите, напротив) и ќе сакав што побрзо да си одам дома. Почнувам пак да се прибирам после 10+ саата дома, тоа и те како ми се свиѓа:icon_lol:
 
ДК,

Изгубив пријателка. Не се понесов добро кон неа и си отиде на друга страна. Повеќе не комуницираме.

Ова беше логична разврска. Таа реши да си отиде, јас не се противев. Јас веројатно би направил исто кога би бил на нејзино место. Ја разбирам и ѝ посакав сè најдобро.

Велат, кога луѓето си заминуваат од твојот живот, оставаат место за многу подобри работи да дојдат. Во нејзиниот случај, тоа што јас веќе нема да сум во нејзиниот живот и тоа како ќе ѝ биде подобро. Во мојот, не сум сигурен дека мојот живот ќе биде подобар без неа.

Како и да е, последиците од ова ќе се почувствуваат на долги патеки. Ова е вон моја контрола. Но е голема лекција, тоа сигурно. Сакам да ја запомнам за во иднина.

Што е поуката? Туѓите чувства не се играчка. Ги третирав како важни, како значајни, ама пак ништо не испадна. Пред себе сум чист, дека постапив како што најдобро знаев во тој момент. Не беше доволно добро. Грешка во чекори и тоа е - поздрав.

Меѓучовечките односи се танц. Со секој партнер танцуваме различно и секој танц има свои специфики. Ако правиш грешки во чекори, танцот и/или партнерот страда. Ако ти е значаен партнерот со кого танцуваш, прилагоди се кон неговите/нејзините чекори. А ако премногу грешиш, подобро е да го промениш партнерот или танцот.

Со надеж за подобро утре, со желба за сè најдобро и со многу работа што треба да се заврши,

Поздрав.
 
Драга,
луѓево во мк се уби боже, абе глупости, кај и да се свртиш глупости.

Да ви се мочнам во знаењата и привилегиите што ги имате како такви, идете плашете птици на бостан, а не луѓе !
 
Сериозно, попаметниве треба да престанат да попуштаат затоа што ојдовме јабана!
Денес сфатив дека ми се преполовува друштвово и ме тепа некоја носталгија. RHCP до даска цел ден ваљда ќе ме крене.
Туѓино пуста да останеш!
 
Време е личностите- луѓето кои ми значеле и за кои сум била подготвена да направам многу, да бидат во секундарен план, како што и јас бев за нив. Ќе се фокусирам на работата, и максимално ќе си го исполнам времето со работните обврски и студирањето, отсега па натаму. Не дека не ме тангирало и сум останала рамнодушна на човековата бездушност, лицемерие, етикетирање само затоа што имаат празен и неисполнет живот, па егзистираат како хиени, ама во моментов други работи ми се приоритетни. Доблеста на еден човек не е во тоа да се предаде покрај првите животни препреки, туку да си го изоди патот, затоа што ако позитивно размислуваш и го внесуваш сиот напор и труд, секогаш те чека нешто подобро. :)

 
драга
Еве дојде крајот и на уште едно интересно лето, патем денес се вратив од Минхен во нашава "јадна" Македонија. Размислувам како е животот и желбата за успех на луѓево од вукојебина, со чесен исклучок на некој кој што најдалечен отстрел ќе им биде улицата паралелно на таа на која израснале. . Кој е тој мотив за успех, што уствари е поттикнат од комплексот према луѓето од големи градови. Пред месец дена во Париз имав малце една сесија на размислување за тоа. Малце и јас се осетив инфериорно успоредба со тамошните парижјани, во една прилика се запознав со еден другар на сестра ми( година постар ) и размислувам како тој веќе има постигнато повеќе од 80% од тинејџерите од Скопје со самото тоа што се родил во Париз и како има боље стартна позиција од мене, но се зависи од реализацијата.

Во една прилика татко ми ми кажа, сине пази се од сељаните тие се најопасни.. Имам доста големи амбиции и широки видици и конечно се осеќам наоштрено за понатамошниот живот па за едно 15 години да ти раскажам како е да се биде доктор во Лондон или Копенхаген или Бостон :)
 
Драга

ај речи им на форумџииве да ми кажат шо ми треба за да извадам потврда за неосудуваност, колку пари ќе ме фати и колку време ќе заглавам таму. и за колку време ќе ја добијам!
Значи секој за се има одговор освен за ова :cautious:
 
Да запишеш мастер/докторски студии во Македонија е како да чекаш снег во пустина: Бесмислено, бесцелно и тотално разочарувачки...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom