Знаеш што? Јас сум ти како the Blitz (кој гледал How I Met Your Mother ќе му текне за што зборувам)... Прав блиц. А си отидам порано од некаде, нешто се дешава, а излезам од државава имаме спортски успеси и се процветува и сите се радуваат.
Мајку му, мислам дека ако отидам на Фиџи или евентуално Филипини, не само што ќе бидеме европски и светски прваци во сите спортови (освен фудбал, ипак не сум магионичар), туку и Олимписки злата во сите спортови ќе земеме, плус може и на некој меѓупланетарен натпревар да освоиме прво место, а голема е и веројатноста Грција да не признае под уставно име и да станеме 3 светска политичка сила. Ова не е могуЌе. Ама стварно не. Ми доаѓа да си пукнам од мака...