Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга
Утре планирам да скапам во читална, треба да се надохнади за неученотово овие 2 дена.
А и да ти се пофалам положена завршна вежба со сите можни бодови:cool:
И за крај мојот апсолутен хит на ноќва :D
 
драга.. за нова година ми ебаа матер. ми ги скинаа живците организирај им на 20 душо и задоволи ги сите . никако не си. батали тоа
на фејсбук го издрвија максимално со снегов ко снег да не виделе ма да ова надвор демек личи на снег само утре се кал ке биде.

драга. толку ли немаат работа луѓево па се замараат со туѓи глупости?
и едно прашање што ептен сакам да видам ако би изгледало во реалноста.
што ако утре ффејсбук го снема? ама онака воопшто ерор 404 да не постои страната. шо ке се деси со народов? пола болни ке паднат одма зашо омилената трач страна им ја снемало. 100% сум сигурен.

а да.. коа сме кај фејс денес видов еден стварно добар статус. гласеше вака

ако никој не те ебе 2% дојди кај мене. јас ке те ебам 100%
ете нешто што ме насмеа денес од фејс. другото све е ѓубре !
 
Драга Кајгана,
знаеш како луѓето се навикнуваат на убавите навики? И кога наеднаш ќе им го земеш задоволството од навиката, колку и да е нова, колку и да е краток прекинот, почнуваат да стануваат нервозни. Посебно кога навиката им е врзана со некоја личност.
Јас сум нервозна во моментов. Мразам кога нешто ми фали, посебно кога во последно време ми било давано во огромни колични.
Мразам и што сум подложна на навики. Лошо е кога знам како нешто ќе се одвива и упорно го правам. Ама со емоциите сум како детенце, го сакам и го сакам сега! :place:
 
Драга,
Ти си супер драга, ама не ти чинат корисниците. И јас се пронајдов во ова, да се разбереме. Се читаме после 3-4 јануари. Ќе ми фалиш! :unsure:
 
Де бе Драга,
само што ти напишав подолг пост, се ми се избрша... кој малер...
Сега не можам пак да ти пишувам, затоа што сум настината и мачно ми е.
Ајде поздрав (n)
 
Драга,
цел ден солзи ми течат. Не знам што ми е... т.е. знам, ама не сакам да верувам во тоа. Утре е нов ден, а мене ќе ми биде ист како денешниов, само затоа што сум идиот и затоа што немам на кого да кажам што ми е, ама ќе помине нели?:unsure:
Така, Драга, ајде поздрав :place:
утре е нов ден... земи си го за пример тони зен шо вика у една песна: ако денеска ти е тапа, ке ти биде подобро утре... ;)

кајги, не да сум среќен чинам толку ми треба... алооо, утре одам да потпишам договор за работа и у петок ке почнам со работа после 6 месеци чмаене дома... :vozbud: оште нзм на колку време ке е ама ко ке ми кажат, да оти и на тебе ке ти кажам... ;) btw, ке работам на портирницата на магазинот шо е на Amazon во Castel San Giovanni :pipi: колку ли сум само среќен... :love:
 
Драга,
Сакам да те поздравим со една ПРЕКРАСНА песна
A moment like this some people wait a lifetime,For a moment like this Some people search forever For that one special kiss Oh, I can't believe it's happening to me ♥

Ахххх (::​
 
Драга.
Незнаев дека форумов е место каде треба да го покажеш твојот умствен потенцијал и каде треба да ги покажеш твоите пишувачки способности. Јас не сум дојден на форумов за да се докажам на некого, тука сум за забава пред се и да научам нешто, а да и да ти се искажам тебе за да ми е полесно на душава расипана.
И веднаш со факти можам да докажам дека џабе им е талентот кога баш тој исти талент им е вештачки. Јас талентот не го купив !
А, да ќе заборавев. Најинтересно е кога со некој член на форумов размениш фб и после тоа се губи секаков контакт.
Заклучок - на сите целта им е да го добијат фб од одреден ник и потоа да го анализираат т.е. поточно да го шпиунираат тој истиот. Ако им е физички привлечен ќе бидат во некаков контакт, а ако не - КО ТЕ ЈЕБЕ БРЕ -
Денес ќе те поштедам од ситуации од личниот живот, пошо ми е премногу искулирано. Оддамна не се замарам веќе.
И тракава како ми се погодила.
:facepalm:
Чао ( Заокружување на пост во кој не се користени емоции !!! )
ФАКТ !
 
Моментот кога се шеткаш низ град у никое време со една од најпрекрасните личности у твојот живот....снег...патиките пропуштаат, чорапите мокри и стапалата ти пливаат...Бесценето.
 
Хо хо хо!

Среќен снег. Повеќе го има по виртуелниве мрежи, него ли на покриви.
Мизерии.

Ама смешни.
За 1ви сум на работа, втора смена и тоа, јејеје!
Мизерии пак. Но... Што да речам, да не изгорам. Ме нервираат многу нешта, па пак се смеам наутро и си ја пеам You and me and everyone we know и си денсам на снегот.

Првото срце со прст нацртано на шофершајбна и се’ е во ред.
М.
 
ДК...дури сите ставаат слики на фб од своите дворови и улици (демек да се пофалат дека и кај нив паднало снег), јас стојам на прозор и ме нервираат сите овие куќи пред мене. Кренаа сите по неколку спрата, па не можам да ја видам неговата куќа. А заврна снег, доаѓаат празници, сигурно е дојден.
Ќе поминам пред неговата куќа овие дена, онака сосем случајно...Па можеби и сосема случајно ќе го видам во неговиот двор. Не знам дали смеам да го поздравам, и не знам дали тој смее мене да ме поздрави, претпоставувам забрането ни е на двајцата, но сепак сакам само да го видам. Да се потсетам како пред многу години излегував на ваков ден само за да ме мавне со топка снег, а јас бурно да изреагирам, не дека ми смета, туку само за да дојде и да ме исчисти од снегот смеејки се дека сум како мало дете.
Не не, премногу спомени имаме за да не се поздравиме. Не ми е гајле ако и смета на таа, не ми е гајле ако му смета на тој, не ми е гајле ако им смета на тие...Неговите и моите спомени никој не може да ги земе, ни тие, ни далечината меѓу нас.
 
Драга

Оние кои цврсто стојат на ставот дека презираат секакво ласкање, сепак се поласкани кога ќе им се каже дека го презираат ласкањето.

За разлика од нив, онаа другата група која го добива ласкањето со купување на некакво материјално задоволство, не сфаќаат дека всушност се продаваат себеси како робови на истото.

Свесно или несвесно, сите ласкаат и се поласкани, без разлика на големината на восхитот или презирот од истото.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom