Кајги, не знам дали има ваква тема, ама еве тебе ќе ти се олеснам тоа што сакам да и кажам на другарка ми. И кажав веќе и неа, но во подолга верзија.
Не знаев за вас двајца, во мојот живот секогаш беше ословуван како тој. Го почитував твојот избор да не ми кажеш за кој се работи, не ми ни беше битно бидејќи те гледав среќна. И можеби година време разговаравме за него не знаејќи за кој се работи. Бев љубопитна, мислев дека има некој проблем што го криеш и од мене и од сите и од јавноста, ама тогаш не беше битно.
И кога дознав дека е човекот за кој јас цела година ти велев дека сте како јинг и јанг, човекот од кој ти праќав слики како те гледа иако знаев дека имаш некој друг, човекот кој е наш многу добар другар - шокот беше дупли. Одамна ме немаше нешто така шокирано, посебно позитивно. Хахахха сега се сеќавам кога ми кажа пред две недели дека си со него уствари и дека нашиот најдобар другар бил тој, бил љубота на твојот живот, бил човекот кој се обидувавме двете да го откриеме во мислите што е и како е. Многу ми беше мило се до моментот кога сфатив во каква каша си.
Се се смени кога го дознав кој е човекот. Кој човек нема храброст да ја признае врската во јавност. Кој е човекот кој исто така го криел сето ова година и пол. Ја криел сета љубов година и пол. Кој го прави тоа човече, каква љубов е таа што може да се скрие? Како им успеваше да се воздржат еден од друг на секоја средба другарска, шест другари на масата? Како им успеваше да водат така врска година и пол? Не знам дали да плачам или да аплаудирам.
И сега, кога ти го постави ултиматумот, или ќе е џа или бу, тој кажа џа. И џа не беше одговорот што сакаше да го слушнеш. Џа е стравот негов. Џа е неговото не. Џа е не за твојата љубов. Џа е не за таа година и пол. Џа е се што е погрешно во светот - луѓе кои ја имаат љубовта на дофат и бегаат од неа. Од сеуште непознати причини.
Многу ми е жал другарке. Многу. Не сум имала можеби година или две другарка, вклучувајќи се и себеси, да поминува низ разделба. Не знам што да ти кажам за да ти помине. Мене туѓите зборови не ми помогнаа, мораше сама да си најдам сила во себеси за да не ја изгубам желбата. Мораше сама да се кревам од мртвите и сама да си бидам свој Брус Џенер. Многу ми е жал. Многу ми е жал што страдаш и што поминуваш низ сето тоа. Многу ми е жал што уште еден изговор од маж те разочара. Многу ми е жал што сето овоа се случува. Не можам ни да замислам колку многу ти значел и колку си жртвувала поради него. Многу ми е жал.
Само се надевам дека цела оваа тага еден ден ќе се исплати и кога ќе дојде ТОЈ кој ќе направи сето овоа да биде само еден лош спомен од нашите 20ти, ти ќе се насмееш затоа што ќе знаеш дека секоја една болка, загуба, солза, нервоза те довела токму таму каде што треба да си.
Со љубов, твојата другарка Б.