Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драга

На тебе и на твоите членови нека им е среќна новата 2026. година и сите убави работи од старата да ги пренесат во новата година. Исто се што сакаат твоите членови и нивните најблиски да им се оствари и секако да сте живи и здрави сите!
 
Годинава ми е прва цела календарска година да одам во теретана. Повеќе од двесте тренинга направени. Очекувам годинава по иста рута да оди, може малку поинтензивна во однос на тренинзите. Јако е, кога ќе си го средиш телото сѐ се подобрува. Повеќе читам, повеќе гледам филмови, подобро се чувствувам на секое поле, едноставно.

Среќна нова! Здравје, убавини!
 
Јјас ветувам дека ќе се вратам у теретана.. немам енергија ич после работа..
Преку ден ми е супер, после тоа сум и расположена и се. После работа ужас, мислам мозок на пасење само.
Од денес ќе почнам по дома.
После празници и од теретана. Сакам да сменам некои навики, веќе почнав. Внесувам нови работи, гледам да се одржавам психички и физичко.
Реков помалце ќе попуштам и ќе бидам толерантна.
 
Некако овие денови ми се денови секогаш кога се осеќам најутепано.
Пошто сум overthinker си правам рекапитулации. Си навраќам спомени.
Годинава изгубив многу луѓе. Живи се, ама не се тука. Од човек што го сакам, до некои кои мислев дека се пријатели.
За мое добро мора да научам да кажувам ,,не” и да престанам да бидам people pleaser. Ама и да ми биде добро скроз сама со себе. Мене ми е, неам проблем да седам дома, да не искочам за викенд. Душата ми е осамена. И досадно ми е. И градов е досаден, и тоа ме лупа, и тогаш не ми се седи. И некогаш, т.е секогаш попуштам ,,за мир во куќа”. На глава ми се качувале уствари.
Рака што дава не се суши, Господ гледа ќе награди. Кој е искварен ќе го боли сѐ.
Треба пак да се уозбилам..
Убаво идев и на психолог, си зборев што ме мачи, си работев на себеси. Имам доста работи кои не се кажани некому, ми олеснуваше доста.
Сам себе човек ако не почне да си помага, нема кој друг.
 
Нема поубаво од тоа кога влезот во новата ќе го поминиш со луѓе што ти значат живот. Кој те сакаат, кој ти помогнале, на кој си помогнал. А богами и сериозно лавовски си се згртил. Со Романката имавме some serious auseinander пред некоја година, ко засака еден Шип. За воља на вистината не ко нашите Шипој, овде роден и се, нерилигиозен. Но сепак, дно од човек. За таква дама. Знаев дека ќе ми се налути, но затоа се пријателите тука, за да им кажеш тоа што несакаат да чујат и да ти се налутат.
Сега сме пак само ние 2. Ко плачев летоска така разочаран од љубовта, главата ми ја зеде во рацете и така ме гушна. Фамилија пратена од Бога е тоа. Кога ќе ја видам на работа со пуштена коса, очите ми светат. На некој можеби му смета балканци да се сакаат толку. Веќе 5 години е така. Мене на вратот Црна Орхидеја, нејзе Омбре Ледар. 2 чаши шампањско и поглед на градот пред нас. Имаше можност да оди и да слави со друго друштво, но не. Само со мене хехе.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom