Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драга,

Се срамам на туѓата глупавост. Празникот Св. Трифун го користат политичарите единствено за собирање поени, и ништо друго. Па така, министерот за земјоделие, денес им пушти неколку проценти од ланските субвенции на лозарите, кои требаше уствари да се исплатат уште лани, ама сега се фалат со истото како да е успех. И тоа ајде, поминува како рутина на оваа Власт (и на претходните). Она за кое што главно пишувам, а сега го приметив, е една плавуша, пратеничка во позиција на Власт, од Кавадарци, а заедно со самоизбраниот екс премиер Келајцата, закројуваат винова лоза, ама НЕ ВО КАВАДАРЦИ, од каде што е всушност таа, туку во село на неколку километри од Кавадарци, иако главната манифестација е во Кавадарци. Е до толку се испострани и не смеат да се појават пред народот, туку само пред однапред поканети политички ботови кои ги гледаат како богови. И така, користејќи го празникот како "помешување со народот", овие да ти постават дрвени палети долж лозјето за да не газат по земја. Замислете со кои очи го гледаат тие земјоделецот кој работи нива. Министерот пак, наместо како досега, јавно на плоштад и заедно со граѓаните, бил пречекан внатре во просториите на Општината, и исвиркан додека влегувал од оштетените земјоделци. Не знам што е ова, дали за смеење или плачење. Дали сме толку глупи како народ, па дозволуваме такви луѓе да не водат.. Нема друго. И плачам и се смеам. :facepalm::vozbud::tapp::place:

20240214_195436.jpg
 
ДК,

Вчера ми било роденден тука на форумов. :cool:
14 (со букви четиринаесет) години! Ц ц ц :sneaky:

Многу расправии, многу муабети - сешто низ годините тука...
Македонија во мало!

1707939599801.png
 
Дк,
Седам го слушам Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ на концерт од 2000 година, изведба на староградски македонски мелодии, солзи сами се слеваат по образиве, како си велам,таква култура, таков мелос, таква безвременска традиција, на толку мало парче земја, се да загине, се да се пеплоса, да се витоса, да се ничкоса, сите предавници до еден, еден лидер не се погоди, еден,ама вреден, да не барем малку воздигне, овој напатен народ ќе се уништи себеси,и постигна тоа што не успеаја никој, ни Срби, ни Бугари, ни 5 века Турско, крв се пролеаа за Македонија, а сега на тацна ја дадовне, на послужавник.
Криво ми е, криво. Те сакам Македонијо!
 
Вауу, форуме драги, цела недела досадно е без форум.
 
ДК,

Чудам се зошто толку форумски корисници споделуваат слики со некаков текст, кој често е напишан со латински букви и на неразбирлив македонски дијалект за мене?
 
Ејјјј Кајгана, дај не зезај, таман се приклучив и те снема од лицето на земјава. Зошто вакви стресови ни приредуваш? А како се расчитав по форумов, викам сеа кога ќе распалам по темите и... прц! :cautious:
 
Драга,
Му благодарам на Бога за секој ден што ми го дава, за здравјето што ми го подобри, му благодарам на тоа што продолжив понатаму со силна волја и дека не се откажувам од мојот пат.
Бидете благодарни за се, бидејќи сме поминале сите низ тешки времиња кои што не можеме лесно да ги заборавиме.
 
Драга, зашто секогаш ми се случува кога стварно, од душа губам интерес и желба за некоја жена што ја бркам долго време затоа што ми е преку к... од нејзините игри без граници, истата почнува да ми пишува секој ден, па чак истата ми се јавува и ако не и кревам телефон. Која логика? Трагедија у п.м.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom