Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе си најдат нова платформа, ќе ја искористи некој глупавава и самоубиствена бизнис одлука на овие, кој сигурно ќе банкротираат до крајот на годината ако не и порано.
 
Драга,

Антиваксерите на првиот протест скандираа : Доктори убијци !

На вториот се степаа. :pos:

За третиот уште непочнат веќе се испокараа. Неможат меѓу себе да се договорат кога да го одржат протестот.
Screenshot_20210821-202245_Facebook.jpg
Screenshot_20210821-203124_Facebook.jpg
Screenshot_20210821-202230_Facebook.jpg

Најинтересно ми е што почнаа меѓу себе да си пуштаар теории на заговор , кој е шпиун , кој е инфилтратор. :pos:
 
Кајги...
Иако доста свежо ноќва сепак не толку како ладен smooth надополнето со добра музика од Pearl Jam и добро друштво а не е ни полноќ...
 
Никад не сум ги сфатил луѓево што предолго раскажуваат приказни кои можат да се поедностават за 90% од содржината која е раскажана. Значи, тоа ми дава некаква идеја за особата која онака нема осет за приоритети, што е битно, што небитно, и не може да си го организира животот.

Сеа, си отишол 7 дена на одмор, и нормално ќе те прашаат другарите како си пројде. Ваквиве луѓе раскажуваат епска поема, Хомер да позавиди. Првиот ден вака, стигнавме беше ваму, ама имаше брдо, па заборавивме пешкирите, па ај барај, па уствари не чек тоа беше вториот ден од плажа коа се вративме, а првата вечер прво видовме едно местенце, и не отидовме, па отидовме на друго место, ама пак се вративме на првото ама гувжа беше...

И приказнава тече едно пола саат, дур сите околу таа особа се као „аха... аха..“ и пробуваш очајно да смениш тема, или бар да дадеш гестикулација, или дури и буквално со зборови да речеш „пер добро, не мора толку детали у курац“, ама најчесто е џабе. И тоа сум приметил најчесто ваквите долги досадни приказни не се од луѓе што мнг сакаат да зборат и све да кажат, туку од некои што стварно немаат осет за тоа колку и како нешто треба да се каже. Од таму потекнува и неспособноста да си ги подредиш секојдневните активности и да бидеш продуктивен.

Не знам, ја коа ќе идам негде или коа ќе иам некоја дешавка и ќе ме прашаат као сум си прошол, у кратки црти. Видов интересни ствари, прошетав на неколку места, неколку вечери ваму бев, најубаво тоа, најлошо тоа, у главно супер, и едино ако има само некоја специфична случка што треба да се раскаже ќе ја кажам со 2-3 реченици без предолго и широко опишување, и ај зз. Шо има ново кај вас?

НЕ МЕ ИНТЕРЕСИРА СЕКОЈА СЕКУНДА ОД ТВОЕТО ПАТЕШЕСТВИЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ!
 
Драга,
отидени крај море, сами седнати на маса,
под полна месечина, муабети редиме,
смеата сама по себе тече,
романтика што нема грешка.
Љубов е љубов голема,
ете ја и свадбата 3 дни,
3дни невестата повеќе напијана,
3дни пијани сватови и сваќи,
3дни ора весели и музика на увце.
Љубоов е голема,
невестата 2 дена се трезни,
додека мажот си се слади од своето благо,
сватовите чекаат гости со редици,
да им ја честитаат комшиите радоста,
па и со внуци да се сторат.
Љубов е голема - додека невестата мие садови,
мажот и го треси тепхот со ластегарка,
па јадењето заедно го прават,
нели по заслуженото го делат.
Жени се синко по со време, за да
не те викаат стар ерген - народна!
 
ДК.
Го слушам Филипче - добивам нервен слом
Го слушам Заев - добив нагон за повраќање
Го слушнав Шилегов - пролив добив

Отворив форум кајганџиски, го читам Анон - смеа ме фати :pos::pos::pos:
 
Драа @коцка

Глеајте гу вечер месечину,сликајте гу, ке биде плава.
Еве ви нова тема у фото натпревари,плава месечина.Не сам победник за да даам нову тему, ама сам довољно кул за да ми текне нова тема.
Само Вита е покул од мене,она праи теме место мене.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom