Кајгано,
Славеле ние не славеле, се слагале или не со тогашната или сегашната власт, животот си врви!
Тоа што сме се родиле тука ни дало печат и со него ќе си одиме, се додека не застанеме пред Дедо Петрета. Да обвинуваме некого за тоа како ни е, мене ми изгледа малку пеерски и кукавички.
Затоа нека ти е за многу години празникот Македонијо. Ако ние не успеавме да те направиме лична и привлечна за овие генерации, потруди се и ти малку, роди нешто што ќе има, нозе, раце, срце, глава и ум во неа!