Дозволувате ли сеир на ваша сметка?

  • Креатор на темата Креатор на темата spooky
  • Време на започнување Време на започнување
Не баш, од една реченица право се навредувам
 
У принцип да. Зашто сакам да фаќам сеир, па и не се лутам. Нормално, кога има граница.
 
Па не ми е сеедно.... Мислам и од расположемие зависи.... Ако не сум расположена онака само ќе се насмевнам и ќе ги слушам што зборат али нема да обраќам многу пажња..... А ако сум расположена, не ми смета многу али ако може да се пројде без, тогаш супер :) Дозволувам се додека не почне да преоѓа во навреда, без разлика дали е само заебанција или не..... Нејкам да бидам намќор али.....
 
Кога сум расположен прифаќам сеир на моја сметка а некогаш и сам си правам. Ама кога не сум расположен знам и да избувнам и да чукам по сеирџијата.
 
охоооооо нема проблем за тоа он мене ја него и така иде тоа нема зошто да се лутиме сеа дури поинтересно е така :baeh:
 
Ооо, па и сама се реметам себе си за да смеам други...Секогаш; не ми пречи, но секако дозволувам само најблиските да учествуваат во тие зезанции, а други не, фала богу.
 
И јас исто како Медеа.Колку да насмеам други и да се развеселие дозволувам сеир на моја сметка и поблиските да ме реметат колку им душа сака.Се разбира и јас истото го правам:helou:
 
Сам свој реметџија. Да, често правам шеги на своја сметка, не се лутам и некој ако направи на моја. :) :pipi:
 
Најслатко ми е кога сама ќе се изреметам.Дозволувам да,но никој не успева така да ме насмее како самата:)

Дозволувам сеир само на луѓе што имаат таква умешност,има премногу досадни луѓе што немаат слух за сеир,но таквите брзо се откажуваат.
 
Штом праем ремет на други, морам да дозволим и на мене да ми се прае ремет малце.
 
ухуууууууу фаа богу дека дозволувам сеир на моја сметка, но се разбира со мера и граници. за се што ќе ги помине тие граници си кажувам дека е доста.
а најчесто си се реметам и сама себе.
 
правам,дозволувам да ми прават но до некој степен
 
Зависи како сум расположена. Ако расположението ми е на нула, знам да се налутам. А инаку да, дозволувам сеир на моја сметка.
 
Сеир мора да има....таков ти е животот...секој ден некој е на ред (без ред) да го ставиме во машината...
На своја сметка..зошто не..па понекогаш и сам си го започнувам сеирот...
 
Дозволувам нормално. Убаво е понекогаш да прифатиш сеир на своја сметка доколку е до определена граница. Се разбира, не од секого.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom