Доживотен затвор за жестокиот антимакедонец Папагеоргопулос

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Поранешниот градоначалник на Солун и жесток антимакедонец Василис Папагеоргопулос денеска доби доживотна казна затвор од солунскиот суд поради финансиска малверзација и проневерување на 17,9 милиони евра.

Тој кражбата на 17,9 милиони евра ја извршил заедно со уште двајца свои соработници од општината Солун, кои ја добија истата казна.

Според новиот закон во Грција, за кражба на толку големи суми може да се додели и доживотна казна затвор.

Папагеоргопулос неколку пати одбиваше да дојде во посета на Скопје, уште од времето кога градоначалник беше Ристо Пенов, со објаснување дека прво „Скопјаните“ ќе го сменат ставот околу прашањето за името, па дури потоа тој ќе ја посети земјава.

papag2e.jpg


http://www.kathimerini.gr/4dcgi/_w_articles_kathremote_1_27/02/2013_484743
.
 
Не го сфаќам НЗС-то помеѓу "антимакедонец" и "финансиска малверзација". Демек ако ги мразиш македонците ова ќе те снајде? Нека објасни некој.
 
Не го сфаќам НЗС-то помеѓу "антимакедонец" и "финансиска малверзација". Демек ако ги мразиш македонците ова ќе те снајде? Нека објасни некој.

Јок, само му се ситиш, онака убаво ти е на душичката, знаејќи на гнидата што ќе и прават во затвор.
 
Искрено хмммм............ Да

Во основа сите инфромации кои ги пласираат нашите медиуми поврзани со Грција се информации за ситење. Ама пак реално колку да ги почитувам сите нации, националности и вери, сепак некако убаво ти иди кога ќе прочиташ ваква информација :)
 
Во основа сите инфромации кои ги пласираат нашите медиуми поврзани со Грција се информации за ситење. Ама пак реално колку да ги почитувам сите нации, националности и вери, сепак некако убаво ти иди кога ќе прочиташ ваква информација :)
Што би рекле немаш ништо против со мојот став;)
 
Не знам колку пари човек да украде, доживотно бе?

Море само така на политичарите (y) Па после државата ќе биде како што треба и парите ќе одат таму кај што треба.
 
Ликувате на првичната пресуда на човек за кој, како за почеток, самата вест е нејасна, од една страна вели дека веќе е осуден на доживотен затвор, а од друга страна пишува дека доживотниот затвор е една од можните пресуди, што е повеќе од доволно за да се стават под знак прашалник точноста и веродостојноста на самата вест, односно на самата информација.

Но да претпоставиме дека веста, односно информацијата, е точна и веродостојна, да претпоставиме дека навистина типот го осудиле на доживотен затвор.

Во веста пишува дека солунскиот суд го осудил, што значи дека после ова ќе се жали пред Апелационен Суд, или пред Врховен Суд, а ако овие судови не го ослободат, тогаш ќе се жали пред Европскиот Суд за човекови права во Стразбур, па дури ако судот во Стразбур ги потврди и судската пресуда и затворската казна, дури тогаш типот навистина ќе заврши во затвор.

Но дури и да заврши во затвор, под претпоставка дека навистина ги проневерил тие 17.9 милиони евра, следуваат 2 доста интересни прашања:

1. Каде се парите ?
2. Колку од парите кои ги проневерил се од туристи од Македонија кои им ги полнат џебовите на гејците секоја година ?

Јас знам дека од мене типот нема собрано ниту 1 евро, бидејќи јас никогаш во животот не сум бил во Грција.

Но колку од вас ги фрлале парите во Грција, од кои добар дел гејците ги дале за секакви даноци, финансиски средства кои овој типов ги проневерил ?

Под претпоставка дека навистина ги проневерил тие финансиски средства, дури и да заврши во затвор, ако парите не бидат вратени, типот ќе им остави богато наследство на своите потомци, тој зад решетки, а тие полни ко брод.

Од тука следува прашањето:

Кој е вистинскиот губитник, кој навистина ликува во моментов и кој последен ќе се смее ?

Не заборавајте дека кој последен се смее, најслатко се смее.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom